Serie A 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е подобар тренер?


  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето ќе се затвори: .
Јас мсилам дека кривицата кај Милан и Јувентус за сезонава е тоа што недоволно се засегнаа да гонат Бастони за глумата. Малку повише да плачеа по медиуми и да го свиреа Бастони друга приказна ќе беше.
 
Прегледај го приврзокот 478459

Општо веќе позицијата класичен напаѓач изчезнува. Ова е статистика за сезонава во сите поголеми лиги. Головите не се концентрираат кај еден играч и не се игра само за него.
Тоа може да го оправда моментот за најдобар стрелец и бројот на голови дадени од еден играч, ама не го менува фактот дека освен Интер со 89 гола, другиве едвај 60 гола дадоа сезонава, Милан ни толку, 53 и е срамота екипи што се борат за ЛШ да имаат толку катастрофална реализација.
 
Брат според ова како да го опишуваш шампионот на Италија, а не тимот што со 5 победи по ред на крајот едвај обезбеди пласман во ЛШ.

Инаку би рекол дека муабетот ти е на место... додека не ги прочитав имињата на Манчини и особено Кристанте :pos:

На овие двајца мајките да им ги прашаш, онака искрено, дали вашите деца се добри фудбалери, нема да може да кажат да, а камоли да кажат дека, пази бога ти, Манчини бил подобар дефанзивец од сите во Јувентус, освен, можеби (онака можеби) од Бремер не. Значи според тебе Манчини = Бремер :icon_lol:

За Кристанте стварно не знам дали гледаме ист фудбал или ме заебаваш.
31 годишен потпросек, ниту техника, ниту визија, а ниту особено нешто дефанзива. Цела кариера во Аталанта и Рома, буквално олицетворение на италијанските фудбалери, поради кои Италија 3 пати по ред не оди на светско.

Знам дека ве понесе еуфорија, знам дека ЛШ последен пат игравте пред 7 или 8 години и дека на крајот од денот Рома заврши пред Јувентус па може да ми ја пастирате табелата, ама многу брзо ќе се соочите со реалноста. Тоа ќе се случи кога ќе играте ЛШ и лига догодина, што е многу потешко од ЛЕ, па ќе видиме со велелепните Манчини и Кристанте до кај ќе одите.

И ако уште некој ми каже дека Јувентус го барал Зеки Челик ќе се убијам.
Како побогу тоа што Јувентус го бара е доказ дека е добар фудбалер?!
Кристанте не е КДБ или Модриќ, ама у најмала рака е исти левел како Локатели.

Не ми извртувај зборови, не реков дека Челик е wow играч, ама самото тоа што Јуве го бара не ја прави драстична разликата меѓу 2та клуба.

Играњето ЛШ има ОГРОМНО влијание за наредните чекори на Рома, приходите се дуплираат па и триплираат би рекол, со што Рома ќе биде ослободена во голема мера од ФФП стегите ради кои секое лето мораше да се продаваат играчи во вредност од X сума. Дополнително, клубот слави 100 години догодина, а стратешка цел на газдите од пред некоја година беше да се вмешаат во борба за скудето за 100 годишнината. Дополнително, поголем број квалитетни играчи би дошле да играат ЛШ.

Меѓу другото, факт е дека е потешка лигата, АМА и логистички ЛШ е полесно за играње и организација од ЛЕ. Грото порази на Рома сезонава доаѓаа после ЛЕ гостински утакмици во четврток, па во недела играње Серие А. Со ЛШ полесно се менаџира уморот, што несомнено влијае на перформансите. Полесен е сабота-вторник/среда-недела календар отколку недела-четврток-недела, посебно кога треба да играш во пичковац во северна/источна Европа.
 
Гатузо во Лацио.

Некои секогаш ќе најдат клуб за работа, на други ниту еден неуспех нема да им биде простен.
 
  • Хаха
Reactions: Mud
Гатузо во Лацио.

Некои секогаш ќе најдат клуб за работа, на други ниту еден неуспех нема да им биде простен.
Колку глупа реченица :icon_lol:
 
Гатузо во Лацио.

Некои секогаш ќе најдат клуб за работа, на други ниту еден неуспех нема да им биде простен.
Иде, не иде, наѓеш други клуб... - Синиша Михајловиќ.

Еден од најголемите проблеми во лигата е што ги рециклираат тренерите како да нема други луѓе. Едни исти, тренираат по 5-6 клубови иако е очигледно дека не ги бива. Спалети на пример е чиста превара од тренер, но после сите срамови некако дојде до Наполи во сезона кога сите умреа од смрт и ни крив ни должен освои титула, по што го доби Јувентус. Денес читам класика, го извадил Влаховиќ при водство и с'ибале мајката. Ова му е заштитен знак, да усере добиена утакмица со вадење играчи кои можат да ја затворат со еден потег.

Друг лик е Пиоли, кој сега изгледа како Фергусон во споредба со останатите во Милан, ама и тој е боранија со една добра сезона и сто изгубени дербиња. Алегри е срамота ако некој му даде да води клуб после ова, Сари е умрен одамна.

Од сите најјак ми беше Тудор, кој после неколку работни места успеа да се докопа и до премиер лига и таму да го покаже сиот тренерски капацитет.

Најдобра работа на светов е фудбалски тренер, можеш да бидеш сериски кретен и пак да добиваш работни места и кога ќе им им го усереш клубот и сезоната да ти платат милиони да си заминеш :pos:
 
У 4 сабајле пред Делишес, Барела на мобилен си пуштил песна затоа што го држи уште еуфоријата од Пјур додека Дармијан пијан јаде зденка - маслинка да се отрезни.
Иначе чекаат такси за да си идат дома.
Автоматски споено мислење:

ама брате она што го игра Милан не би го посакал ни на душман
Ме боли кур за Милан
:vozbud:

:toe:
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 478459

Општо веќе позицијата класичен напаѓач изчезнува. Ова е статистика за сезонава во сите поголеми лиги. Головите не се концентрираат кај еден играч и не се игра само за него.
Која селска лига е Австрија.... Нигеров од Риед у просек 2 гола по натпревар. Опасно некој ќе се изгори со овој што ќе го прецени дека е талент.
Автоматски споено мислење:

Иде, не иде, наѓеш други клуб... - Синиша Михајловиќ.

Еден од најголемите проблеми во лигата е што ги рециклираат тренерите како да нема други луѓе. Едни исти, тренираат по 5-6 клубови иако е очигледно дека не ги бива. Спалети на пример е чиста превара од тренер, но после сите срамови некако дојде до Наполи во сезона кога сите умреа од смрт и ни крив ни должен освои титула, по што го доби Јувентус. Денес читам класика, го извадил Влаховиќ при водство и с'ибале мајката. Ова му е заштитен знак, да усере добиена утакмица со вадење играчи кои можат да ја затворат со еден потег.

Друг лик е Пиоли, кој сега изгледа како Фергусон во споредба со останатите во Милан, ама и тој е боранија со една добра сезона и сто изгубени дербиња. Алегри е срамота ако некој му даде да води клуб после ова, Сари е умрен одамна.

Од сите најјак ми беше Тудор, кој после неколку работни места успеа да се докопа и до премиер лига и таму да го покаже сиот тренерски капацитет.

Најдобра работа на светов е фудбалски тренер, можеш да бидеш сериски кретен и пак да добиваш работни места и кога ќе им им го усереш клубот и сезоната да ти платат милиони да си заминеш :pos:
Каде е сега Иван Јуриќ ?
За еден клуб прашувам.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom