Ако после толку време ти стига мејл и при тоа линкот не работи, да провериш од кој мејл ти е испратен линкот и каде всушност те води линкот? Да не е scam.
...не е, денес се разјасни све.
Јас колку што знам се уште не се во функција камерите во Охрид, барем не беа пред десетина дена, а и ако стига, стига за нецела минута порака. Кој знае што ти стигнало тебе.
...точно, не се во функција камерите во Охрид, ама ,,прекршокот" направен во недела 17.05 ми дојде смс вчера на 25.05 за тој прекршок, може се мислеле како да се одлучат дали има или нема прекршо, друго нема!
@bijons Виделе скопски таблици Охриганине и цап казна.
Сеедно системот СејфСити е безврска од причина што не важи за сите. Важи само за возачи на моторни возила, камиони, комби, пикапи итн..., ама за моторџии со скутери без таблици и кациги па и мотори со поголема кубикажа не важи, ниту за пешаци, ниту за велосипедисти и тротинети. А сите овие прават сообраќајни прекршоци. А за оние со помаранџести таблици и другите што се на листа на исклучоци нејќам ни да зборам.
...не се толку лоши Охриѓаните за разлика од другите, системот Сејф Сити може е со врска, не е без врска, ама не селектира, роботска работа - машина, треба да процени ситуација дали воопшто шоферот имал можност да избегне прекршок поради друг возач во сообраќајот кој свесно врши прекршок, а не двајцата во ист кош и не знам дали воопшто некој човечки мозок проценува дека неизбежен бил прекршокот конкретно на раскрсница со семафори поради други несоодветни фактори, пример семафорот нема дигитален бројач на колку секунди ќе помине, зелено, кога ќе се пали жолто и црвено, па тоа е различно наштелувано не е универзално за секоја раскрсница.
Да не ти е истечена регистрацијата а не си приметила?
И да актуелни се скамерски пораки.
СМС от од МВР стига без број односно именуван како специјален контакт MVR-SC
Види дали е тоа или некој скамерски број +61.... оти многу имаше перидов. Стигна кај мајками, сопругата кои не ни возат.
...окркав една казна за изминат рок на возачка дозвола кога се враќав од аеродром во 03ч после полноќ, се расправав со сообраќаецот дека денот важи да ме пушти, тој никако не попушташе до полноќ ти важела ми вика свршувајќи во гаќи од среќа, дури ми кажа полно име и презиме и реон каде работел би му било мило да се жалам, до толку забегани има, наместо да ти помогне на пат жена се враќа сама во ниедно време од европски конгрес, тој те дотолчува цел среќен што направил,
...аман не ми спомнувај, а не дека не сум педантна, ама не сум знаела дека биометриските новите документи само возачката останува со ист датум, а јас мислев сите документи продолжени временски, отварање очи секаде, те ебаваат од сите страни!