Океј е, Фергусон е стварно број еден и засега тоа не е спорно, ама за Гвардиола како се пишува тука, мислиш типот на чиста среќа е еден од најтрофејните тренери во поново време.Оф муко мори. Фергусон зеде тим од пијаници, али буквално пијанчуги. 6 години му беа потребни да склопи тим.
Пеп дојде во Сити, буквално бунар без дно кога се работи за финансии. Наследи тим на Сити што беше шампион пред 2 сезони. Купи цела одбрана во едно лето. Дај Браво, не ми чини, купи одма Едерсон наредно лето. Дај Мармуш на 300.000 неделно, не ми чини, купи Семењо. Дај Матеуш Нунеш, не ми чини, дај 60 милиони наредното лето за Нико Гонзалес. И така во круг. 90 милиони за Гвардиол.
Единствениот пораз на Реал во Европски куп е од Абердин, на Фергусон. Единствената екипа што била шампион во Шкотска, а да не е Селтик или Ренџерс, Абердин на Фергусон. Али ајде, не му се погодиле помошниците.
Фергусон 6 сезони без титула бил оставен да го гради тимот, а сега некој тренер една сезона ако не донесе титула одма јаде клоци. Други времиња, помалку се трошело тогаш, немало толку пари во клубовите и тоа е тоа.
