Mato Rogers vo brera nikogas ne davase signali deka ke bide takva klasa kako sto bese kaj nas. Ne pravete sporedbi ako Cvetkovic dal 9 gola kao “anonimus”
Врв на кариера на едниот му е Графичар, другиов има 50+ настапи за Динамо Киев, со редовно играње во европа се до 2024 година. (за нас искуството шо го има во европа е и те како важно).
Цветковиќ како играч освен добра завршница ништо нема друго, повеќе е како некој втор напаѓач отколку лево крило.
Родригез е доста брз, експлозивен и опасен 1в1 играч + игра на повеќе позиции.
Споредбата е реално смешна, не велам дека Португалецов сигурно ќе се погоди, има работи кој загрижуваат (последно играл во европа 2024 со Слован), додека последни 2 сезони се на се има 28 натпревари.
Најбитно е шо Аргентиенцот дал зелено светло за неговиот трансфер, негова одлука, негова одговорност.
Некогаш имам чувство како да ги мешаме РК со ФК, во смисла на реалните можности какви играчи можеме да донесеме.
Прошлото лето преговаравме со македонски играч шо играше надвор, неговиот коментар за потенцијално враќање во Вардар беше: "последна опција да е, не се враќам во македонска лига".
Затоа треба да имаме малку повеќе благодарност кога носиме играч од ваков калибар, со сите негови мани.