Врска немате сите тројца што пишувате, ни рап е стил на брзо рецитирање, ни пак е умрен жанр (напротив, е стил што уште е прилично иновативен и популарен).
Кога сме на тема, подкултурата на рок музиката, и нејзините фанови се едни од најпретенциозните и најелитистички суштества што сум ги запознал, барем во однос на фанови на други жанрови, во просек. Не помага и тоа што на таа претенциозност немаат и три чисти од музика.
Така да иако можам да речам дека сум слушал најмногу рок, нема попреценета музика од рокот (барем од тоа колку е воспевана од просечните фанови)
Тоа со умрен жанр нормално е субјективно мислење, темата е “Непопуларни музички мислења“, факти тука секако нема. Истото е вечна дилема кај луѓе што слушаат њу скул и олд скул. Али нема што да се лажеме, жанрот ако не е мртов, вештачки на апарати дише. Почни од македонски рап, и сам знаеш пред 15-20 години, речиси да немаше основец/средношколец кој не пратеше некое рап влијание. Кој снимаше демо поесни, кој фристајл лупаше, кој само облека фураше, графити артисти насекаде, сите од Комклин ги знаевме со име и презиме, рап групи насекаде, најголем дел ни официјална песна немаа, а беа подобри од се што се вади денес. Рап журки во парк на школка, во парк дискотекиве, зимскиве дискотеки во Центар, други градови, секаде било фул и крцало. Сега ништо од ова нема, има нова генерација која си снима жанр што пак ќе речам врска нема со рап, спонзори им се марки на патики, сокови, чипсови, снимаат прва глупост што ќе им текне на некој ултра моќен битен, за текстови си имаат и АИ да си помогнат, ако на ваква иновативност и популарност мислеше, тогаш не фала, подобро да е мртов. За светот нема ни да зборам, последно добро што сум слушнал е од Лоџик некои песни, другово е или тежок шит дрилови курци палци, или артисти што одбиваат да се пензионираат и вадат песни кои се едвај просек.
За рок исто така не мислам дека си во право, имаш мејнстрим рок, имаш рок за душа. Убавината е некогаш помалку луѓе да ја знаат песната и да не е популарна, така знаеш дека е вистинска. Поздрав и секое добро.