Се надевам дека виде некој аир од нив!
Зошто во многу фирми тогаш дадените акции беа безвредни.
Во многу фирми се вршеше притисок за без пари или смешни суми акционерите ги отстапат своите акции на директорите под директна закана ако тоа не го направат ќе бидат избркани од работа.
Најконтраверзен беше законот за менаџерско преземање на фирмите , закон за легално присвојување на фирмите... и начинот како и на колку беа проценувани дека вредат .... се сведуваше на ... еве ти ја фирмата ( „проценета“ на смешно мала сума) а ти ќе ја отплаќаш од добивката ... јбг, може на тој начин мене микрософт да ми го дадат па ќе го отплатам за некоја година...
Обид на преоѓање од договорна економија кон пазарна....
кој ни под точка разно не им одговараше на националистите кои се изродија тогаш
Нарочито на словенците кои ја изгубија привелегијата да целиот увоз/извоз оди само преку нивни фирми.
Како што пишав во постот погоре, СФРЈ од договорната економија почна да се оддалечува уште на почетокот на осумдесетите.
Вториот твој став дека не им одговарало на националистите ти е делумно точен, тие со привилегии избраа да ги бранат потегнувајќи го националното прашање.
Словенците , е сега која ти е логиката? Ако Словенија извезувала 60% од македонското земјоделско производство(земено на тепка, не сум проверувал), со делење на републиките ќе спадне на 30% од прва. Со која побуда тие би навивале за поделба?
Тие настојуваа на конфедерација, не на растурање на СФРЈ. На други не им одговараше тоа, не се словенците за отстрел така на утома!
Се надевам дека виде некој аир од нив!
Зошто во многу фирми тогаш дадените акции беа безвредни.
Во многу фирми се вршеше притисок за без пари или смешни суми акционерите ги отстапат своите акции на директорите под директна закана ако тоа не го направат ќе бидат избркани од работа.
Најконтраверзен беше законот за менаџерско преземање на фирмите , закон за легално присвојување на фирмите... и начинот како и на колку беа проценувани дека вредат .... се сведуваше на ... еве ти ја фирмата ( „проценета“ на смешно мала сума) а ти ќе ја отплаќаш од добивката ... јбг, може на тој начин мене микрософт да ми го дадат па ќе го отплатам за некоја година...
Тоа се случи после во ФИРОМот, тогаш имавме вистински акции.
Му ги продадов на колегата кој сакаше да стане сопственик на фирмата. Може да се каже дека не биле џабе
Словенците , е сега која ти е логиката? Ако Словенија извезувала 60% од македонското земјоделско производство(земено на тепка, не сум проверувал), со делење на републиките ќе спадне на 30% од прва. Со која побуда тие би навивале за поделба?
Тие настојуваа на конфедерација, не на растурање на СФРЈ. На други не им одговараше тоа, не се словенците за отстрел така на утома!
Логиката е дека ја изгубија привилегијата да само тие односно нивни фирми бидат извозници кога веќе стана можно да секоја фирма тоа сама го прави, па и штотуку отворените приватни фирми, губеа многу голем дел од колачот, не напишав за навивање за поделба туку дека пазарниот систем баш и не им одговараше.
Точно заедно со хрватите го дадоа тој предлог, но кога после толку години по сите настани ќе се погледне тој предлог ... се добива заклучок дека бил блеф, тие со хрватска веќе биле решени за одвојување, знаеја дека глупакот Милошевиќ и оној црногорскиот му лижач на дупе нема тоа да го прифатат убедени во својата надмоќ, му го лупнаа на маса, Милошевиќ одби и следеше што следеше.... ова вака упростено и накратко за тоа.
Подобјасни малку за увозот преку Словенија, оти како е „јавно познато„, увозот во “нашата земјата„ се одвива со „амин„ од точно одредени (партиски) ликови, за „соодветна„ сума од рушвет...
знам!
знам и дека колку толку само тие ни помагаат да нешто извеземе, бариерите се големи...
пробаа и нешто со бугаристанците ама испадна дека се тешки преваранти и лопови
..... само него го нема ......
т.е. браварот е уште „жив“ .....
Подобјасни малку за увозот преку Словенија, оти како е „јавно познато„, увозот во “нашата земјата„ се одвива со „амин„ од точно одредени (партиски) ликови, за „соодветна„ сума од рушвет...
Се увезува тоа што мора да се увезува па и тоа што баш не мора....
а тоа што фактурно увозот мора да пројде бар низ две три партиски подобни фирми е друга работа и приказна
За извозот тоа тешко, зошто премногу би се надѕидала цената па никој надвор нема да ти купи.... и онака имаме прескапо производство

Свртиш во фирма од Словенија за помош понекогаш, не мора да е увоз или извоз, луѓето се љубезни, ќе ти помогнат и што е најважно комуникацијата не оди на англиски туку на српско-хрватски.
Има разлика, чувствуваш дека со свои разговараш. Јас имам осет дека сега стоиме подобро со нив, отколку кога бевме членови на едно семејство.
Издаја било што една паравојска (која што има повеќе право да се нарече официјална војска) не се приклучила на страната на друга пара војска .
Какви глупости за перење мозок на проста раја.
Ова е ко бугарите у ВСВ да ги суделе балистите затоа што направиле издаја место на Германија и Бугарија да и бидат послушници на Италија и Албанија.
За нашава дискусија најважно е дека расчистивме дека судење имало и дека му било дадено да се објасни. Постојат и видео записи и стенограми. Не знам дали го изгледа видеото до крај, неколку минути е. Покрај тие политички заебанции си има и реални работи, ликвидирање цивили, предавање партизани на Германците кои се потоа стрелани... тоа е јасна соработка со окупатор.
Победниците ги судат поразените, не знам што те буни тука. Да беше обратно, што мислиш дека ќе им се случеше на комунистите, букети цвеќе ќе им носеа? Истата судница ќе беше, со обратни улоги.
Многу ревизионизам има денес, но пак ќе ти речам, погледни што правеа следбениците на овие ликови во 90-те и ќе ти биде јасно што правеле нивните дедовци и за што се работи тука.
Постојат податоци дека во еден од киднапираните авиони бил и писателот Иво Андриќ Жарко Лаушевиќ, Миша Јанке
tvm.mk
Сведочење за киднапирани авиони на ЈАТ кои некогаш биле тајна за јавноста
Жарко Лаушевиќ, Миша Јанкетиќ, Марко Николиќ, а спрема некои извори, неколку децении пред нив, дури и Иво Андриќ, биле жртви на киднапирања во воздух кои им се случиле на авионите на ЈАТ во средината на минатиот век.
Приказните за овие киднапирања за време на СФРЈ се чувани како тајна поради што за нив постојат малку податоци или едноставно за нив воопшто не се знае. Затоа, воздухопловниот инженер во пензија, Чедомир Круниќ, со години истражувал и сега за 24sata.rs открива дека точно се знае барем за осум вакви киднапирања.
Најпознато и најголемо, спрема неговите зборови, е киднапирањето на јатовиот боинг 727 во кој биле великаните на југословенското актерство Марко Николиќ, Жарко Лаушевиќ, Миша Јанкетиќ, комплетниот фудбалски тим на Будуќност и хероите од Втората светска војна Божо Лазаревиќ и Милан Шијан…
“По влегувањето на 97 патници на тогашниот аеродром во Титоград, на 26 септември 1981 година авионот беше киднапиран. За време на летот беа тројца вооружени киднапери кои имале соучесници меѓу патниците. По слетувањето во Атина, авионот се упатил кон Израел каде наишле на отпор. Промената на планот ги присилила да слетаат на Кипар каде еден од патниците предизвикал пожар во авионот и настанала општа паника, што ја искористиле патниците и екипажот да се ослободат. Херојот кој авионот го вратил безбедно авионот во Белград бил Љубомир Зекавина”, раскажува овој воздухопловен инженер. По 33 години од киднапирањето на авионот, еден од киднаперите, Боривоје Јелиќ, се сретнал со актерот Марко Николиќ и од него побарал простување, а сето тоа го забележала камерата на емисијата “Досие”.
Многу податоци се дотолку прикриени од очите на јавноста што обичните луѓе не можат да продрат подлабоко, а како што вели Круниќ, забележани се уште пет киднапирања.
“Авионот 553, кој летал на релација Љубљана-Белград, киднапиран е на 17 октомври 1951 година. По полетувањето е пренасочен кон Цирих, каде капетанот Милан Бјелановиќ побарал азил. Тој во летачката книга напишал “заминување во прогон”. Истиот ден капетанот Миливоје Арсенијевиќ управувал со авион на релација Загреб-Белград, но и тој го пренасочил авионот кон Цирих од исти причини”, раскажува Круниќ.
Најмногу киднапирања и принудни слетувања биле кон Бари, Италија, а причина за тоа била близината.
“За време на пилотирањето на Здравко Пудар, кој летал на релација Сараево-Белград, еден од капетаните, кој бил на видна функција, ја превземал контролата над авионот и слетал во Бари. Пилотот Пудар потоа успешно го вратил авионот и патниците во Белград. Потоа на 27 јуни 1952 година, група на киднапери го навела капетанот на принудно слетување во Бари. Постојат податоци дека на тој лет бил Иво Андриќ, но и други тогашни академици”, објаснува Круниќ.
Од останатите познати киднапирања е летот Тиват-Белград, за кој не се знае кога точно се случило, но се знае дека е пренасочен кон Анкона. На истата релација во 1957 и 1959 година два авиони се пренасочени кон Бари, Италија.
.... како и да е не биле класични терористички киднапирање туку целта била поединечни пребегувања, најчесто вршени од самите пилоти
--------------------------------------------------------
Гинисов рекорд за прежувување на рушење авион има една стјуардеса на ЈАТ преживеала пад на авион од 10 000 метри ...
Очекуваш да сите бидеме исти (црни и бели) и на ист начин гледаме кон работите, забораваш дека секој има сопствен развоен пат, не сите пијат вода од ист извор.
Ако сакаш да полемизираш без лични гледања на работите би ти предложил да полемизираш со ВИ нејзе и се рамно.
Игнорантност, не знам како ти гледаш на тоа ама за мене игнорантност е кога некој ќе ги помине сите граници или едноставно немам што од него да научам го турам во корпа со цревна содржина, ...очекуваш да барам друг израз некаква блага форма за глуп и што ако најдам дали тоа значи дека тој не е глуп дека станал помалку глуп!
Ирелевантно е дали имало замена, она што е важно е која и каква политика се водела и кој бил одговорен за истата.
Ска пласира небулози и преку тоа мисли да ја негира пполитиката која се водела, тоа не се прави така, ама кога се напојуваш од романизирана историја или шарлатани како Лучичи, Ефтовци и слични, толку ќе да е.
Инсистираш на Ченто, ај биди фин па објави ги документите од обвинението судењето па да сите видиме за што станува збор вака повторување само ченто Ченто никаде не води. И кога сме веќе кај тоа кој е одговорен односно нарачател за негова политичка ликвидација властите во СДкопје или Белград?!
Терате инает затоа што не ги знаете работите и само на оскудно информирање да не реча пропаганда не ви преостанува ништо друго но да терате инает.
Ако имаш здраво општествено ткиво, надворешни служби можат да ти прават сопки, ама да те растурат без твоја согласност тешко.
Великосрпството придонесе за контра реакција од Хрватска, Словенија беше неутрална до пред крај, кога почна да игра своја игра.
Прочитајте ги состаноците на претседателството на државата во последните 3-4 години пред растурањето, ќе ви стане јасно кој на кај влечел.
Ако имаш приказна и добро ја пласираш на пазарот тие што работат за потребите на како ги викаш надворешни служби самите ќе речат дека не работат за нив туку дека самите одлучиле нешто да напраат а најголем дел
Словенија неутрална , да кога би се заебавале, особено екипата околу Јанез Јанша тие се посебно независни една независност чудо едно.
Е ако ги прочита или погледне состаноците (или има и една документарна каде е пренесена последната седница на врховната команда каде и дефинитивно е ставен крај) на тогашното претседателство мислиш ќе му стане јасно?
Треба да се гледа првенствено контекстот ако не му е познат нема ништо да рзбере.
Да резимираме; граѓанска војна кај Елините се случила намерно, изрежирано, за потребата од решавање на „македонското прашање во Беломорска Македонија„.
Интересно...само што не можам да се сетам на ниту еден домашен добро упатен исторчар, кој ваква „теза„ изнел барем на рамниште од „теорија на завера„.
Кој ама што, какво изрежирано или намерно па сите знаат дека во политиката се се случува случајно а најслучајно се војните тие се наслучајната работа во светот.
Е па домашните историчари се фино средени тие се лјубезни и не се занимаваат со теории на заговор.
Нашите домашни историчари се на ниво на М-АНУС, не знам што очекуваш од нив цело М-АНУС застана зад насилната смена на името и историчарите (со исклучок) не беа засегнати од теории на заговор.
на прашањето од темава ќе одговорам дека на повеќето не им недостасува југославија како поим туку им недостасуваат привилегиите кои ги добиваа како поединци: стан од предузеќе, одмор преку синдикат, бесплатно здравство, вработување на државно, урамноловка работел не работел исто плата на први, успешните не може да отскокнуваат по било која основа од просекот...
Значи ехЈУ стана поим!
А под тој поим ако веќе го дефинираш е стан од предузеќе (ова значи нема бездомници или луѓе што живеат под мостови и по контењери), одмор преку синдикат (глупост тешка каде ли само ги собирате ваквите нешта), бесплатно здравство (денес мислена именка), си го испиштил образование а другото што си го навел никогаш не бил вредносен систем туку измислица неоснована.
Не беше тоа перестројка.
Не се смени нешто значајно, ама социјализам тешко дека ќе можеше да се нарече. Идејата беше транзиција кон еден вид капитализам, со приватизирање на општествената сопственост. Ама не како што ја спроведоа после, него секој да добие акции од фирмата во која работи.
Малку и ме чуди зошто го буткаш муабетот накај Перестројката и Горбачов. Колку и да ни беше сличен почетокот на општественото уредување, покасно до толку се разидувавме што мислам дека нема место за споредба.
Тие се енергетски најбогаттата земја на светот, Југославија не беше ни блиску до таква ситуација.
Ете затоа го замолив да изнесе некаква дефиниција за во случајот Комунизам.
За да не влегуваме во недоразбирања од незнаење или толкување на нештата според потребите.
Па не баш, и понатаму според нормативниот акт имаше три типа на сопственост (лична, приватна и општествена - државната е за друга тема) повеќе би налкикувало на онаа што денес го гледаме во Кина каде приватната сопственост не е ограничена ама ај да не го тупиме до толку.
Очекуваш да сите бидеме исти (црни и бели) и на ист начин гледаме кон работите, забораваш дека секој има сопствен развоен пат, не сите пијат вода од ист извор.
Ако сакаш да полемизираш без лични гледања на работите би ти предложил да полемизираш со ВИ нејзе и се рамно.
Игнорантност, не знам како ти гледаш на тоа ама за мене игнорантност е кога некој ќе ги помине сите граници или едноставно немам што од него да научам го турам во корпа со цревна содржина, ...очекуваш да барам друг израз некаква блага форма за глуп и што ако најдам дали тоа значи дека тој не е глуп дека станал помалку глуп!
Историчарот Миксенс Томас во францускиот часопис Хиторама, тврди дека Јосип Броз загинал 1941 година на Дрвар. Во автомобил заедно со група политички комесари, од заседа бил ликвидиран вистинскиот Јосип Броз. Инаку за потекло на прекарот Тито постои теза дека е скратеница од Тајна Интернационална Терористичка Организација, која после атентатот на кралот Александар во 1921 година била забранета од тогашните власти во Кралството СХС. Една од теориите оди толку далеку, што го поврзува Јосип Броз со Винстон Черчил, тврдејќи дека Маршалот бил негов син. Постојат илјадници теориина заговор, но не постои ниту една што доживеа вечна трајност.
Најконтраверзен беше законот за менаџерско преземање на фирмите , закон за легално присвојување на фирмите... и начинот како и на колку беа проценувани дека вредат .... се сведуваше на ... еве ти ја фирмата ( „проценета“ на смешно мала сума) а ти ќе ја отплаќаш од добивката ... јбг, може на тој начин мене микрософт да ми го дадат па ќе го отплатам за некоја година...
Многу си невоспитан
Што мислиш зошто на форумов има тема со наслов како ви недостасува ли Југославија која патем не постои од 21 Мај 1992г и формално, а нема тема за приватизацијата која јас нагалено ја викам МИЛЕНИУМСКИ ГРАБЕЖ?
Или што е уште поважно зошто истата станува толку активна секогаш кога ескалираат проблемите дали со Бугаристан или Грекистан или Шчиперија и сите “револтирани“ и нереволтирани чекаат прилика да се “искажат“.
Што мислиш на чие барање и под чие будно око е спреведен милениумскиот грабеж односно кој бараше таков модел на приватизација/грабеж и овде не мислам на Јане Миљоски или БЦ или Кирчета тику на оние што стоеја зад нив и инсистираа на таквиот “модел“, кои би биле тие имаш некакво мислење?

Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.