Не се труди да ме цитираш и „објаснуваш“ на оваа темаСакам да ти кажам дека тој што го фалиш дека донел мир и ќе исчистел многу зла крв, он ги има бап истите тие работи правено.
Прва контрадикција е што Дража го има без судење стрелано и господ знае каде му се наоѓа гробот а сите четници ги има амнестирано и ги има пресоблечено у партизани. Втора контрадикција истите партизани убиваат обични селани што кријат четници. Трета контрадикција, додека на четниците им дава втора шанса да се пресоблечат у партизани, усташите и домобраните не ги помилува туку ги убива на пат за Австрија. Со балистиве башка муабет што прво ги убива и ги гони у Албанија за после да ги насели пак на Косово.
На Голи Оток покрај пто иделе политички неистомисленици и тоа строго советски а не и амерички, иделе и луѓе што биле лажно клеветени. Никој никогаш не го процесуирал тоа. Башка што цело време партизаните какале за некаква народна правда и чистење на криминал бла бла а земи прочитај ги биографиите на Сава Ковачевиќ и Жарко Зрењанин да видиш какви достигнувања имале.
Ама сега ќе ми дојде кралот лав на џунглата и ќе ми каже дека се е ова српска и хрватска пропаганда...
Автоматски споено мислење:
И со горното и со долното мислење само што ја опиша југа од 45-та до 90та.
Контрадикторно малце за систем што го фалиш ама ок.
не ни читам што си напишал, (како шекерната да ја „слушам“ стално едни исти пет/шест реченици само по различен редослед кажани).... така да не си го губи времето џабе, ова што сум го цитирал е онака рефлексно колку да ги напишам овие редови....
.... сега ако почнам да пљукам по бившата држава ..
... ти како професионален хејтер на оваа тема.... ќе почнеш обратно да пишуваш

Автоматски споено мислење:
Џабе се трудиш .... тоа никако не им влегува во тоа меѓу ушите!Дража Михајловиќ е суден, исто како и Степинац на пример, макар што тоа не значи ништо кога пресудата се знае однапред.
Види, во годините пред создавање на државата имало толку покољ што никако тоа не можело да се среди. Или треба да ги амнестираш и да ги пресоблечеш, или да убиеш уште милион луѓе и да почнеш одново. Од перспектива на опстанокот на државата второто требало да се случи, и денес ќе зборувавме за Тито како за Сталин, додуша некои и сега така зборуваат за него. После војната колабораторите беа стрелани во сите држави, не само во комунистичките.
Секако дека многу невини луѓе завршија во затвори, никој не треба да го спори тоа.
Усташите и четниците не водеа многу војна, во главно колеа цивили и гледаа да се избегнат меѓусебно па кој ќе заколе повеќе. Тоа што го виде во 90-те, тоа е тоа. Да не се формираше таа држава бројот на жртви ќе беше поголем и војните немаа да престанат се до чистење цели територии.
браварот и само браварот и тоа е тоа ....
Си мислат дека браварот бил и бог и стап .... никако да разберат дека тоа бил систем менаџиран од куп луѓе, Браварот не работел сам, бил опкружен со луѓе од „доверба“ од кој секој си имал свои интереси, кој знае и колку го лажеле нарочито во последните години од неговиот живот а и тој колку бил способен за функцијата, но ете се уште им бил потребен на чело, прерано им било, се уште немале доволно сила да го срушат и направат тоа што следувало после неговата смрт.
Слично е и денес .... има премногу луѓе навлезено во партиите од чисто лукративни причини, и менуваат партии побрзо и од чорапите што ги менуваат.
Последно уредено:
