Ракомет - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување

Дали пратите ракомет?

  • Понекогаш

    Гласови: 146 33,0%
  • Да, обавезно

    Гласови: 277 62,7%
  • Неам Појма

    Гласови: 19 4,3%

  • Вкупно гласачи
    442
да се надеваме не за лалињата и не за гулашите, нека напрает мала пауза
 
Грците имаат направено добра екипа или Холанѓаниве слабо?
Комбинација од двете работи, Холанѓаните се паднати малку во форма но и Грците константно напредуваат последниве години.
 
Ќе биде тепачка за вајлд карти: Унгарија, Холандија, Австрија, Чешка, Швајцарија... Сите се во аут по баражите. И тоа за СП од кое се оди на Олимпијада.

Среќа што САД го освоија северноамеричкиот шампионат па ќе има 2 за Европа (многу веројатно), инаку американците имаа резервирано една.

Моја прогноза: Унгарија (100%) + Австрија (65%). Холандија (10%) и Швајцарија (5%) добиваа по еднаш WC на минатите 2 СП, што мислам дека ќе ги стави во неповолна позиција сега. Чешка (20%) мислам ќе извиси во однос на Австрија, макар што тука не е сигурно... Факторот Германија домаќин сигурно ќе игра улога. Во секој случај, Унгарија на сето она вложување нема шанси да ја остават надвор.

Сега клучно е да се избегнат WC екипите во ждрепката бидејќи разликата меѓу овие и останатите од 4 шешир е огромна.
 
На Унгарија сигурно ќе и дадат.
Србите на следното првенство ке направат изненадување ,еден плус е шо имет луѓе во федер....првата утакмица ги наместија турците и најмалку 6 топки добија на домашен паркет,а и вчера иако изгледаше навидум свирени над 12 пенали против ,сепак на крајот ко се кршеше утакм добија 3,4 поклони.....но сепак заслужено победија ,мое мислење подобри се од маџарите.
 

Од идната сезона тргнува регионалната лига по принципот 4+4+2, со тоа што првата година ќе има само некој турнирски систем, па од 2027/2028 да се почне посериозно.

Искрено, невозможно е да се коментира без да се знаат деталите.
Што е со македонското првенство? Продолжува по старо, приклучување само во плејоф или пренесување на бодови...
Што е со форматот на лигата? Идејата со групи не е многу ветувачка (дали е тоа компромисот за да останат домашните првенства?). Што е со излез во Европа од лигата? Не може да не се запримети на сликите од настанот дека Предраг Бошковиќ (црногорецот потпретседал на ЕХФ е седнат измеѓу претседателите на федерациите).
Каква би била медиумската покриеност? Дали можеби Арена ќе врши пренос на сите натпревари или секој клуб/федерација сам ќе си организира...

Се е ова пред се за машката лига. За женската лига, било каков формат е од корист споредено со моменталната состојба....
 
Каква би била медиумската покриеност? Дали можеби Арена ќе врши пренос на сите натпревари или секој клуб/федерација сам ќе си организира...

Се е ова пред се за машката лига. За женската лига, било каков формат е од корист споредено со моменталната состојба....
Арена ќе вршит пренос на сите натпревари.
 
Back
На врв Bottom