Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 45: @Menethil - Еколошките мерки треба да се финансирани/покриени исклучиво од луѓе со натпросечни примања.)

Еколошките мерки треба да се финансирани/покриени исклучиво од луѓе со натпросечни примања.


  • Вкупно гласачи
    24
Ако бил способен Перо, ќе го направел тоа веќе. Во едно општество секој пат ќе има луѓе што различно заработуваат од безброј причини.

Идеата е дека не треба едно малцинство одлепено од реалност да им поставува стандарди на останатите.
Во ред - ок е идејата, дискутабилен е примерот и начинот на кој треба да се помогне затоа и таквата реакција
Веројатно си свесен дека луѓето се држат до одредени навики и не сакаат сами на себе да си помогнат а не пак друг да им помогне.
Мислам дека целта е ок, ама начинот на спроведување за да се помогне е на штета на Перо во случајов
Секој е способен иначе, ако нема кој да го стави во тесно и да го извлече од комфорт зоната ќе си тера со старите навики

Навиките кај човекот се најтешки за да се победат
 
Многу дебилно и ретардирано размислување. На ниво на дајте им возачки на неписмените, без да полагаат. Загаден воздух си носи и мал милион ствари со него, го оптеретува здравствениот систем, не е проблем на богатите, туку на сите. Загаден воздух секако не е од старите коли, туку од ѓубре што палат и индустиријата што не е контролирана ко што треба. Овде кај мене во маало имаше што брцаа по контејнери, сега сите работат, се средија. Ова може да го прават и стоката што сеуште пали ѓубре за метали, ама не сакаат. Во денешно време за амалска работа имаме недостаток, ама чергарите не сакаат да работат и пак палат кабли и го трујат цело население. Нема оправање за таа стока освен да ги стрпаш во затвор. Старите коли и онака одат во заборав, не ни вреди да се дискутираат.
 
Не знам како го сврте муабетот накај циганите, не е тоа мислењето.

Апсолутно секоја еколошка мерка носи економски последици, и мојот став е дека тоа треба да го покријат тие кој имаат поише примања и се најоптеретени со тоа прашање.

На некој начин, put your money where your mouth is.
 
Не знам како го сврте муабетот накај циганите, не е тоа мислењето.

Апсолутно секоја еколошка мерка носи економски последици, и мојот став е дека тоа треба да го покријат тие кој имаат поише примања и се најоптеретени со тоа прашање.

На некој начин, put your money where your mouth is.
Епа проблемот со воздухот го прават они, како да не ги вклучам? И не, не се парите проблемот, проблем е немањето свест и неспроведувањето на законите. Дома сме биле сите без работа еден период, не палевме ѓубриња и не ја возевме колата на прегорено масло.
 
Епа проблемот со воздухот го прават они, како да не ги вклучам? И не, не се парите проблемот, проблем е немањето свест и неспроведувањето на законите. Дома сме биле сите без работа еден период, не палевме ѓубриња и не ја возевме колата на прегорено масло.
Апсолутно не е од нив само, и да го снема секој циган у државата проблемот ќе остане.

Како и да е, темата не е тоа. Воздухот е пример, меѓутоа се мисли на било која еколошка мерка. Толку од мене, се надевам е јасно.
 
На кратко - Екологија е тема за богатите.

Сметам дека екологијата како тема на муабет е доминирана од доста гласно малцинство кои немаат други проблеми во животот. Доаѓаме во ситуација каде тие политики потоа им го отежнуваат животот на останатите граѓани кој да бидеме реални имаат други поприоритетни егзистенцијални проблеми.

Моето решение е доста едноставно - еколошките проблеми да се решаваат врз база на примања. Пример, програмер зима 3000 евра плата и му смета загаденоста воздухот. Го инаш и Перо кој зима 500 евра плата, вози кола од 1999та и гори што знае и умее за да се загрее. Моменталните политики идат кон, забрани му кола испод еуро не знам кое, забрани да се грее со ѓубре, и Перо нека се снаоѓа после.

Моето решение е ова, тој со 3000 евра плата треба да му даде дел од своите примања во име на екологија на Перо, зашто да бидеме реални, него му смета тоа а не на Перо, и двајцата да си возат ново коли и да се греат на струја.

И тн, ова е само еден пример ама ги има милион. Значи екологијата место да биде на трошок на сиромашните, да биде покриена исклучиво според примања. Или тоа, или да си ја затнат муцката.
Формулирај го прашањето кое може да биде одговорено со

- Се согласувам
- Не се согласувам
- Воздржан
 
Формулирај го прашањето кое може да биде одговорено со

- Се согласувам
- Не се согласувам
- Воздржан
Еколошките мерки треба да се финансирани/покриени исклучиво од луѓе со надпросечни примања.
 
Дали треба програмерот да му плаќа и струја на Перо за да не се грее со горење пластика?
 
Апсолутно не се согласувам, иако парадоксално се согласувам!
Еколошките даноци/мерки, треба да бидат процентуални колку повеќе земаш, толку повеќе плаќаш!
Казна за брзо возење треба да биде процент од плата (годишна/месечна ватевр)!
Ама ние тука дискутираме за еколошки мерки.. бла-бла!
Против уставно е! Сите сме еднакви!
Освен и освен ако со закон не се воведе процентуално одданочување/казнување!

И тогаш ќе бидеме еднакви, ама нема да плаќаме исто! ;)

Во Холандија нема патарини, ама тежината на колата и моќноста се пресметуваат по табела за регистрација и користење патишта, па огин е за џипови што кај нас ги ораат улиците! Или дизели!

Не сум оф-топик, не! Ова се практични еколошки мерки!
Автоматски споено мислење:

Дали треба програмерот да му плаќа и струја на Перо за да не се грее со горење пластика?
А дали Станко програмерот неженет, без деца треба да плаќа повеќе за гратис за третото дете на Ајше, или четирите деца на Фехмије само затоа што ги запишале на школо?!

Можеби Станко би имал нешто и против "бесплатните" учебници кои ги сер@т (со извинение) денешниве деца, а ние генерација со Станко сами си ги купувавме!
 
Јас мислам тотално обратно и би направил систем со поени, на пример работиш печалиш во индустрија рудник кој загадува - ти се зголемуваат одбитоците данокот наредните x години. Пушиш цигари ? Плаќаш 1% поголем данок од другите, те фаќаат како фрлаш ѓубре 2% поголем данок итн. И обратно купува електрична кола имаш даночни олеснувања, инсталираш фотоволтаици за струја пак помал данок

Нешто налик од типот на Кинескиот социјален кредитен систем
 
А дали Станко програмерот неженет, без деца треба да плаќа повеќе за гратис за третото дете на Ајше, или четирите деца на Фехмије само затоа што ги запишале на школо?!

Можеби Станко би имал нешто и против "бесплатните" учебници кои ги сер@т (со извинение) денешниве деца, а ние генерација со Станко сами си ги купувавме!
А дали децата на Ајше и Фехмије и учебниците се тема на дискусија?
 
А дали децата на Ајше и Фехмије и учебниците се тема на дискусија?
Од повисока гледна точка, да!

Ама не и за партиските пацови на кои им требаат гласовите на Ајше и Фехмије :cautious:
 
А Перо да се згне малце и да заработи нешто повеќе од тие 500 евра, не ја бива така?
Или мислиш дека Перо не може да се снајде за подобро?
Може, може - така му се чини на Перо

Има луѓе кои работат по две работи додека се прилагодат на економската ситуација, може Перо да го направи истото :toe:

Еве и на Перо да му се помогне на некој начин, тој ќе ги преебе парите и пак ќе кука дека не може друга кола да си купи..

Перо е навикнат да си праи што сака и да се снаоѓа за да не мора да менува, така да навиките на Перо треба да се сменат не обратно
Значи треба Перо да робува цел живот за да можат да се воспостават некои еколошки норми?Не е полесна варјанта на Перо да му се зголемат примањата па да има достоинствен живот па да не мора да вози кола од 1999 и да се грее на отпад?
 
Не се сложувам, иако индиректно може да се постави поента на дадената тема. Пред се, загадувачи се домаќинствата, но и дел од фабриките односно индустријата. Индустријата поточно крупниот капитал е во рацете на тие, богатите, односно при социјалната раслоеност на населението, високата класа, која може да плаќа дополнителни даноци или пенали за штетата која ја причинува кон јавното добро. Од овој аспект, да.

Од аспект на просечниот човек, кој не спаѓа во таа класа, односно спаѓа во некоја (под)класа на средната и ниската класа, треба да подлежи на друга регулатива, едноставно да се забрани огревното дрво. Дрвото е ресурс, кое си има свој животен век. Дури и да се замени тоа дрво, со 10 нови, ефектот ќе се види за 10-15-20 години од тие 10 нови дрвца. Благодарение на тие шумски пространства на оваа планета има живот, а притоа тука е и животинскиот свет каде на дел овие пространства им се природните средини. Кога им се нарушуваат, храна бараат во населените места и настанува јавна паника.

Ние потфрливме за гасификацијата како проблем, која можеше да го опфати главниот град, а беше топ тема при едни од последните локални избори за избор на градоначалник на главниот град. Алтернативата е соларната енергија, а ние имаме сончеви денови во изобилие и секако струјата. Дури и ретко кој се грее чисто на дрва/палети, се бута се, од пластика со смет, со што дополнително се загадува воздухот.

Прашањата кои не интересираат сите нас не можат да подлежат под чисто поединечни политики, со цел полесно решавање на овој горчлив проблем. Ако се стави ваква форма на додатоци од интерес, еколошкото прашање ќе се батали, ќе се изгуби интересот кај народот, а пред се ова е уставно загарантирано право (право на здрава животна средина), а не привилегија која треба да ја уживаме или која треба да биде во интерес на грст граѓани.

Тука не е само воздухот, сметот, кој е горчлив проблем во главниот град веќе скоро една година. Срамно е да се доставуваат сметки за услуга која граѓаните навремено не ја добиваат. Или нека направат редуцирање на сметките, со оглед на фактот и дека нивните трошоци се намалени, како гориво и амортизација.

Загадувањето на реките и водните пространства е проблемот кој секогаш се протнува измеѓу. Секоја година, во некоја река, има помор на риби затоа што на некој му тенкало да истура хемикалии. Парична казна и толку. Кривична одговорност и да нема. Дури и коритата на одредени реки се користат како депонии, тука се депонира отпат, што резултира и со загадување на речното подрачје и кукање кога ќе настане поплава. Ред солзи, ред мрсули, држава е крива, државата мора да надомести штета! Кај нас два пати беше чистено коритото на реката, џабе. Сељандуријата е научена кесата да се фрли или во река или покрај река. Па и шутот. Не смета, не загадува, цигла било. А цигла, а камен, исто било! Океј, во двор ќе го истурам, исто е, а цигла, а бекатон!

Решението е во казните. Ова е универзално право кога ни припаѓа на сите нам. Притоа и сме стока од народ. Оставаме отпад зад себе, така беше засрана Матка, пример. Само казни.
 
Значи треба Перо да робува цел живот за да можат да се воспостават некои еколошки норми?Не е полесна варјанта на Перо да му се зголемат примањата па да има достоинствен живот па да не мора да вози кола од 1999 и да се грее на отпад?
Па и тоа има улога и јас сум за, ама ако чека Перо само на тоа - ќе дочека..
 
Back
На врв Bottom