Не се сложувам, иако индиректно може да се постави поента на дадената тема. Пред се, загадувачи се домаќинствата, но и дел од фабриките односно индустријата. Индустријата поточно крупниот капитал е во рацете на тие, богатите, односно при социјалната раслоеност на населението, високата класа, која може да плаќа дополнителни даноци или пенали за штетата која ја причинува кон јавното добро. Од овој аспект, да.
Од аспект на просечниот човек, кој не спаѓа во таа класа, односно спаѓа во некоја (под)класа на средната и ниската класа, треба да подлежи на друга регулатива, едноставно да се забрани огревното дрво. Дрвото е ресурс, кое си има свој животен век. Дури и да се замени тоа дрво, со 10 нови, ефектот ќе се види за 10-15-20 години од тие 10 нови дрвца. Благодарение на тие шумски пространства на оваа планета има живот, а притоа тука е и животинскиот свет каде на дел овие пространства им се природните средини. Кога им се нарушуваат, храна бараат во населените места и настанува јавна паника.
Ние потфрливме за гасификацијата како проблем, која можеше да го опфати главниот град, а беше топ тема при едни од последните локални избори за избор на градоначалник на главниот град. Алтернативата е соларната енергија, а ние имаме сончеви денови во изобилие и секако струјата. Дури и ретко кој се грее чисто на дрва/палети, се бута се, од пластика со смет, со што дополнително се загадува воздухот.
Прашањата кои не интересираат сите нас не можат да подлежат под чисто поединечни политики, со цел полесно решавање на овој горчлив проблем. Ако се стави ваква форма на додатоци од интерес, еколошкото прашање ќе се батали, ќе се изгуби интересот кај народот, а пред се ова е уставно загарантирано право (право на здрава животна средина), а не привилегија која треба да ја уживаме или која треба да биде во интерес на грст граѓани.
Тука не е само воздухот, сметот, кој е горчлив проблем во главниот град веќе скоро една година. Срамно е да се доставуваат сметки за услуга која граѓаните навремено не ја добиваат. Или нека направат редуцирање на сметките, со оглед на фактот и дека нивните трошоци се намалени, како гориво и амортизација.
Загадувањето на реките и водните пространства е проблемот кој секогаш се протнува измеѓу. Секоја година, во некоја река, има помор на риби затоа што на некој му тенкало да истура хемикалии. Парична казна и толку. Кривична одговорност и да нема. Дури и коритата на одредени реки се користат како депонии, тука се депонира отпат, што резултира и со загадување на речното подрачје и кукање кога ќе настане поплава. Ред солзи, ред мрсули, држава е крива, државата мора да надомести штета! Кај нас два пати беше чистено коритото на реката, џабе. Сељандуријата е научена кесата да се фрли или во река или покрај река. Па и шутот. Не смета, не загадува, цигла било. А цигла, а камен, исто било! Океј, во двор ќе го истурам, исто е, а цигла, а бекатон!
Решението е во казните. Ова е универзално право кога ни припаѓа на сите нам. Притоа и сме стока од народ. Оставаме отпад зад себе, така беше засрана Матка, пример. Само казни.