Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 48: @Zlatikevichius - Бракот како институција треба да се укине)

Бракот како институција треба да се укине

  • Вкупно гласачи
    36
Никој не е против лекување болести, не извртувај. Разликата е што медицината служи за да ни го олесни животот на сите нас вакви какви што сме, а ти збориш за менување на самата суштина на човекот.
Како го сфаќаш тоа моето "менување на самата суштина на човекот"?
 
После аферава со Епштајн фајловите верувам дека одамна се поместени морално-етичките граници во науката со цел забрзан прогрес на човештвото.
Предходно сметав дека е теорија на заговор затоа што некои модерни научници тајно покажуваа симпатии кон Јозеф Менгеле.
 
Сакаш да не претвориш во нешто што повеќе не функционира на човечки начин. :vrtioci:
Сега ќе треба да те прашувам што подразбираш под функционирање на човечки начин. Тоа е веќе цепидлачење, а баш убаво напоменав во воведниот пост да пробаме без цепидлачење. :D

За тебе, најверојатно, функционирање на човечки начин е сегашново функционирање и тоа што за тебе е нормално во овој момент. Но, ако донесеме некој твој предок од антиката, некоја прапрапрабаба, гарант ќе рече: леле види го ова внучево каков мутант е. 30+ има, уште е живо, а сигурно ќе живее до 70+. Едно влакно нема на тело, плус отпорно е на сите чуми и зарази.

Поентата ми е дека ако ја погледнеме историјата, човекот постојано се менувал - и биолошки, и технолошки, и секако. Денес живееме двојно подолго од наши предци, преживуваме болести кои порано биле смртна казна буквално, користиме технологија која радикално го менува начинот на кој функционираме.

Ова јас што го зборам е сам продолжување на истата тенденција, односно забрзување на истата тенденција за подобрување на човештвото. И не гледам како ова би значело губење на човечноста.

Замисли да ѝ кажеш на таа прапрапрабаба ти од антиката дека има луѓе со пејсмејкери и пресадени органи, којзнае за каков нечовек ќе те смета, и тебе, а и сите останати. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Bill Murray Well Its Groundhog Day Again GIF
 
Тоа не е губење на човечноста, туку еволуција и постепено намалување на биолошките ограничувања и наследни слабости.
Зголемување на долговечност е обратнопропорционална со намалување на наследни слабости....потпретпоставка дека слабостите ние што ги гледаме како слабости се слабости.
 
Сега ќе треба да те прашувам што подразбираш под функционирање на човечки начин. Тоа е веќе цепидлачење, а баш убаво напоменав во воведниот пост да пробаме без цепидлачење. :D

За тебе, најверојатно, функционирање на човечки начин е сегашново функционирање и тоа што за тебе е нормално во овој момент. Но, ако донесеме некој твој предок од антиката, некоја прапрапрабаба, гарант ќе рече: леле види го ова внучево каков мутант е. 30+ има, уште е живо, а сигурно ќе живее до 70+. Едно влакно нема на тело, плус отпорно е на сите чуми и зарази.

Поентата ми е дека ако ја погледнеме историјата, човекот постојано се менувал - и биолошки, и технолошки, и секако. Денес живееме двојно подолго од наши предци, преживуваме болести кои порано биле смртна казна буквално, користиме технологија која радикално го менува начинот на кој функционираме.

Ова јас што го зборам е сам продолжување на истата тенденција, односно забрзување на истата тенденција за подобрување на човештвото. И не гледам како ова би значело губење на човечноста.

Замисли да ѝ кажеш на таа прапрапрабаба ти од антиката дека има луѓе со пејсмејкери и пресадени органи, којзнае за каков нечовек ќе те смета, и тебе, а и сите останати. :D
Абе јас и прабаба ми сме биолошки идентични, без разлика колку и да би била она шокирана со начинот на кој што јас денес живеам.

Не е цепидлачење да кажеш дека има разлика меѓу да живееш подолго, поздраво и поквалитетно и да престанеш да бидеш човек. :D
 
Технички гледано, не си биолошки идентична со прабаба ти. Генетски си слична, но не идентична, но ај да не цепидлачам. :D

Ако утре се апгрејднеме, тоа не значи дека магично престануваме да сме луѓе. Исто како што човекот денес не е помалку човек затоа што живее двојно подолго и далеку поздраво од своите предци.

Така да, не мислам дека моите ставови на темава имплицираат на тоа да престанеш да бидеш човек. Не знам од каде такво мислење, но океј.
 
Визионери уште од 1960ʼте

mnogu vreme duri i dava... poveketo od se sto predviduvaat ke bide ovoj vek.

sum za, ali mislam deka so singularity ke naebeme. ke ni se sluci termintor koga togas mada poveke ne ni zasluzuvame. valjda narednite generacii ke ne opravat.
 
Наредните генерации можат да бидат само робови на АИ, неш слично како у Матрикс!
Како вид не заслужуваме ни повеќе!

А песната е царска, оти предвидува работи како бебе од епрувета што е нечуено у тоа време. Плус беше главна тема у "Gentlmens Broncos" што исто е врв од филм, ама само под дејство на неш да го гледаш :D
 
Технички гледано, не си биолошки идентична со прабаба ти. Генетски си слична, но не идентична, но ај да не цепидлачам. :D

Ако утре се апгрејднеме, тоа не значи дека магично престануваме да сме луѓе. Исто како што човекот денес не е помалку човек затоа што живее двојно подолго и далеку поздраво од своите предци.

Така да, не мислам дека моите ставови на темава имплицираат на тоа да престанеш да бидеш човек. Не знам од каде такво мислење, но океј.
Како не сме исти? Исти сме затоа што ги имаме истите хормони, исто ни чука срцето, истите емоции ги имаме, истите рефлекси итн. Ако ме ставиш мене во антиката, моето тело ќе функционира исто како нивните.

Ти сакаш да го смениш генетскиот код и да направиш суперлуѓе. Ноу. Тоа не е етички.
Секоја поправка на еден ген може да предизвика хаос во десет други системи (плејотропија се вика тоа во медицината). Еден ген контролира повеќе функции, и ако поправиш еден ген може случајно да направиш многу поголема штета кај една индивидуа. И тоа е врв на ароганција и етички криминал.

Primum non nocere.
 
Back
На врв Bottom