Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Те молам образложи како за три дена и два реда муабет, ќе процениш дали некој има "потенцијал" во финансискиот аспект?!
И пак се враќаме на тоа, дека сепак жените бараат "успешен" мислам ситуиран маж, и пре ќе прескокнат просек (медианот меѓу горните 20% и долните 20%) иако можда и самите тие се испод просек!
Автоматски споено мислење:

едит: тоа е исто како јас да кажам: ааа неее, она е медицинска сестра! Се знае колку и е максимумот!
Барем докторка да беше, по можност и специјалист :rolleyes:

Вака некако звучи обратно кога ќе го каже маж..

Ова е тоа со кое се сретнувам последниот период ептен многу, не сум во потрага по женски, туку паразитите од работа во канцеларија во нивни меѓусебни разговори го тупат со овие теми, а јас не им зборувам ништо.
Многу женски индивидуи се тежок просек па и испод просек, ама во ред е кога тие бараат ,, богати и ситуирани'' мажи со куќи, станови, викендици, коли и останато, ама не е во ред кога машките бараат од женско барем само малку ,, финансиска стабилност'' - во превод да имаат работа и приходи и да не трошат преголем процент на непотребни издатоци од примерот на правење вештачки усни и веѓи и пирсинг, мене ми е тоа одвратно нешто, мислат дека се поубави ама мене тоа воопшто не ми е убаво.
Лицемерие и хипокриза без граници и срам од таквите жени, секако дека има исклучоци ама многу ретки се тие исклучоци кај жените да бидеме реални.
Пред месец дена, самиот си научив посложена нова машина за перење алишта да си ја вклучувам, мајсторот кој ми намести цревата за вода прво ми советуваше кај кои мажени жени и домаќинки во соседството да се обратам за помош околу вклучување на машината, ама кога ме виде мајсторот како самиот ја укапирав машината и си ја научив машината за 2 минути, мајсторот само се насмевна и ме чукна по рамото.
После низ соседството и околината кажувал за мене. Ама гајле ми е.
Како беше она: тежок живот ја научува и прави жената да биде силна жена.
Е и обратната ситуација исто важи. И мажите се учат да бидат силни поради животот.

А оние женски индивидуи кои сметаат дека е во ред тие да бараат ,, богати и ситуирани'', а не е во ред и од нив барем малку нешто да се очекува, па нека им е со среќа во нивната потрага по ,, Елдорадо'' мажите.
 
Одамна перењето алишта во машина не е женска активност, туку е животна активност.

Иначе факт е дека ние жените трошиме поголем процент од нашите пари на глупости. За ноктите да си ги направам пример 1000 денари, косата нијнсирање 4000 денари, депилации 1500-2000 денари, да не зборам свадба ако имаш колку треба да даваш за шминка и за фризура. И тоа не се само пари, туку и време. Па на крај не се цени тоа :D

Не зборам сега за овие екстремните работи што ги спомна вештачки усни и трепки, иако замисли некој и за тоа троши пари.

Една третина од платата наместо за заштеда оди на разубавување.
 
Како да се цени. На мажите коса им се крева од тие женски глупости. И шо е најтрагично тоа го правите поради другите жени а не заради своите мажи.
 
Се согласувам дека е сосема нормално да се знае да се употребува машина за перење алишта, и останати апарати во домаќинството.
Јас и кошулите и панталоните си ги пеглам самиот.
Ама во средината каде живеам тоа не го така гледаат, ама мене ми е гајле како сакаат нека гледаат, јас си терам по свое како можам и знам.

Е да, за нокти, коса правење и фарбање, шминки и депилација на телото ми е сосема во ред и тоа го сакам и поддржувам секогаш, ама она со правење вештачки усни кои им изгледаат како усни на крави и свињи ми е одбивно, и вештачки веѓи, еј уништуваат преубави природни веѓи за вештачки глупости.
Уште пирсинг, па и тетоважи по целото тело, ајде на одредени делови од тело како раце и подлактица ајде таму тетоважи е ок.
Забеганост е тоа.

Ова со депилации како функционира?
Периодов на фејсбук ми излегуваат спонзорирани реклами за ласерска депилација, и пишува после 7-8 третмани и околу 90.000 денари, проблемот со влакната по телото се решавал доживотно и тоа важело и за жени и за мажи.
Дали е ова вистина?
Дали имате можеби искуства? Дали има штетни последици по кожата и телото?
 
Одамна перењето алишта во машина не е женска активност, туку е животна активност.

Иначе факт е дека ние жените трошиме поголем процент од нашите пари на глупости. За ноктите да си ги направам пример 1000 денари, косата нијнсирање 4000 денари, депилации 1500-2000 денари, да не зборам свадба ако имаш колку треба да даваш за шминка и за фризура. И тоа не се само пари, туку и време. Па на крај не се цени тоа :D

Не зборам сега за овие екстремните работи што ги спомна вештачки усни и трепки, иако замисли некој и за тоа троши пари.

Една третина од платата наместо за заштеда оди на разубавување.
Да прашам само за другарче нешто..?

Ако он дава 1/3 или повеќе плата за кирија или хипотека, тогаш му фали "визија"!?
А ако женска му дава 1/3на плата на шминкице/парфеми, тогаш тоа е океј?

Или ја грешка разбрав нешто?
 
Сами бевме на кафе.Јас 32, таа 25.Само што јас не работам и не дојдов со кола.Сами бевме на кафе.Неколку пати се имаме видено.Пред тоа имаме искочено на журка, таму и се запознавме.Почнавме да се допишуваме, но нејзе од време на време ја снемуваше.Се договоривме за следно видување, откако ја испратив дома, секако.Ја частев и тоа што го пиеше.Но, некако наеднаш се смени целата кога и кажав дека поработувам приватно и привремено.И ме праша зошто не возам.И кажав причини, но не би ги споделил тука јавно.
Јас секаков филм можам да си направам, но многу ја чекам.Ја нема неколку дена од како искочивме.Бар, да пишеше не сакам да искочам, не ми пишувај...
Манипулатор испаднала,направила проценка дека не и одговараш во моментот а во иднина може ќе ти се јави пак ако те чува како резервна гума.Дистанцирај се и ти,не пишувај не ја следи ако и значиш ќе се врати ако не посакај и многу среќа во животот.
 
Како да се цени. На мажите коса им се крева од тие женски глупости. И шо е најтрагично тоа го правите поради другите жени а не заради своите мажи.
Јас ноктите и косата си ги правам заради мене, да бидам средена, да личам на човек. Кога ќе се погледнам во огледало, се чувствувам средено, а не запуштено.
Ова со депилации како функционира?
Периодов на фејсбук ми излегуваат спонзорирани реклами за ласерска депилација, и пишува после 7-8 третмани и околу 90.000 денари, проблемот со влакната по телото се решавал доживотно и тоа важело и за жени и за мажи.
Дали е ова вистина?
Дали имате можеби искуства? Дали има штетни последици по кожата и телото?
Доживотно е релативна работа, затоа што реално се работи за трајна редукција од околу 90%, а не за магично исчезнување на секое влакно засекогаш. По тие 7-8 третмани ќе бидеш мирен, но телото е жив организам и хормоните можат да активираат нови фоликули, па еднаш годишно сепак ќе ти треба по некој третман за одржување. Што се однесува до безбедноста, медицинските ласери продираат само неколку милиметри до коренот и не влијаат на внатрешните органи, па најголем ризик се само изгореници. Сумата е голема, но ако пресметаш колку пари и време се трошат на класични депилации во рок од десет години, инвестицијата се исплаќа.
 
Манипулатор испаднала,направила проценка дека не и одговараш во моментот а во иднина може ќе ти се јави пак ако те чува како резервна гума.Дистанцирај се и ти,не пишувај не ја следи ако и значиш ќе се врати ако не посакај и многу среќа во животот.

Јас би додал: ако во иднина таа го побара повторно, тој не треба веднаш да се залетува и да заборави на тоа што бил оставен на резервна клупа.
Ќе му се јави таа во иднина само ако тој исплива на површината од општеството, да не се лажеме.
 
Да прашам само за другарче нешто..?

Ако он дава 1/3 или повеќе плата за кирија или хипотека, тогаш му фали "визија"!?
А ако женска му дава 1/3на плата на шминкице/парфеми, тогаш тоа е океј?

Или ја грешка разбрав нешто?
Добро ти е прашањето и скроз на место.

Ако на некоја девојка и е решено животното прашање, зошто да не троши пари на што сака? Но, ако не и е решено, а сепак троши неразумно тогаш да, и таа е дел од тој просечен мајндсет за кој зборувам. И не е проблем ни да плаќа кирија и да троши пари за овие работи, ако дома она си пресметала дека може да си го дозволи тоа без да се чувствува загрозено финансиски.

Поентата е во приоритетите. Еве ти личен пример, минатото лето имав толку многу свадби, што ако за секоја одев на професионална шминка и фризура, ќе ми требаше не 1/3 од платата, туку две мои плати само за тоа. Па така, морав да се задоволам со моите просечни вештини во шминкање и правење фризури. Јбг, некогаш имаш и побитни цели за тие пари.

Тоа ми е муабетот, да знаеш кога да пресечеш и да се откажеш од моментален луксуз за нешто што ти е поважно на долг рок.

Ако ти даваш 1/3 плата за кирија затоа што мораш, тоа е реалност. Но, ако остатокот го трошиш без план, само за да ти помине денот и да се усреќиш со моментални задоволства, тогаш си во истиот кош со таа што троши на шминки без да мисли за утре.
 
Јас ноктите и косата си ги правам заради мене, да бидам средена, да личам на човек. Кога ќе се погледнам во огледало, се чувствувам средено, а не запуштено.

Доживотно е релативна работа, затоа што реално се работи за трајна редукција од околу 90%, а не за магично исчезнување на секое влакно засекогаш. По тие 7-8 третмани ќе бидеш мирен, но телото е жив организам и хормоните можат да активираат нови фоликули, па еднаш годишно сепак ќе ти треба по некој третман за одржување. Што се однесува до безбедноста, медицинските ласери продираат само неколку милиметри до коренот и не влијаат на внатрешните органи, па најголем ризик се само изгореници. Сумата е голема, но ако пресметаш колку пари и време се трошат на класични депилации во рок од десет години, инвестицијата се исплаќа.

Плус во класични депилации има и болка од восокот и третманите, и понекогаш и црвенило во кожата, посебно кај мене бидејќи сум со бел тен на кожата.
И мени ми изгледа како исплатливо, само да нема изгореници на кожата, бел тен имам.
Благодарам за одговорот.
 
Имаш опции во денешно време и сам да си правиш дома ласерски третман. Phillips Lumea разгледај на интернет. Не е истиот ласер како по климиките, туку користи IPL - интензивна пулсирачка светлина и го успива коренот на влакната. Повремено се прават третмани на определен временски период, за да се одржува тој процес. Е сега мислам дека за машки влакна ќе треба повеќе трпение и може некој третман плус за да се постигне саканиот ефект.
 
Плус во класични депилации има и болка од восокот и третманите, и понекогаш и црвенило во кожата, посебно кај мене бидејќи сум со бел тен на кожата.
И мени ми изгледа како исплатливо, само да нема изгореници на кожата, бел тен имам.
Благодарам за одговорот.
... не решаваш ,,проблем за влакнатост" со еден третман, навлегувањето на ласерот е до 5мм во кожата, секоја индивидуа е посебна приказна за себе и не можеш да се базираш на туѓи искуства како тоа ќе делува кај тебе, влакното е природна работа на телото и вакво остранување има ризик во делување на меланинот како на кожата така и на фоликулот на влакното.

download.jpeg

...што ако ќе се остранат влакната и уништат тие нивни фоликули и имаш промена на меланиниот што ја дава бојата на твојата кожа, што ако се јави на тоа место точкасти промени?
...меланинот се произведува од меланоцити во базалниот слој на епидермисот, а меланинот (еумеланин или феомеланин) е присутен во стеблото и коренот на влакното. Ласерско отстранување на влакна го таргетира стеблото на влакното богато со меланин и коренот во внатрешноста на фоликулот, енергијата на ласер се апсорбира од овој пигмент, создавајќи топлина што ја уништува способноста на фоликулот на влакното да произведува нова коса (селективна фототермолиза) и велиме третманот ефикасно го уништува фоликулот во анагената (фаза на раст), специфично оштетувајќи ја конфигурацијата на влакното и матичните клетки на фоликулот лоцирани длабоко во дермисот, НО што со меланинот на епидермисот и како телото и кожата ќе го прифати тоа? широка тема, ова онака блиц.

...сите имаат влакна поздраво од остранување со брич нема и не ти треба жена која ќе сака помазен маж од неа самата, од мирно седење да си ја искомплицираш кожата не знам дали се исплаќа, остави ги тие комерцијални приказни за ласери за епилација, тоа е мое мислење.
 
сите имаат влакна поздраво од остранување со брич нема
Не е точно. Бричот води до хроничен фоликулитис и микротрауми на кожата. Баш е инвазивен. Најприродно е со шеќерна паста.
 
Моментално не работам.Не значи дека нема да работам цел живот.Имам и добра струка.Но, сега така се погодени коцките да не работам и да не возам.Возам, ама не сакав со кола да и дојдам.(за да видам каква е кога немаш ништо)Искрено и го видов правото лице.

Знам и возам.
Зошто ја тестираше со презентирање како целосно зависно детиште? Еквивантентот на тоа е таа да те тестира со муабет за бивање курва, и да се чуди зошто не сакаш со нејзе.
 
Еее ти па што си чуден. Таквите жени највеќе мажи вртат.
 
Back
На врв Bottom