Те молам образложи како за три дена и два реда муабет, ќе процениш дали некој има "потенцијал" во финансискиот аспект?!
И пак се враќаме на тоа, дека сепак жените бараат "успешен" мислам ситуиран маж, и пре ќе прескокнат просек (медианот меѓу горните 20% и долните 20%) иако можда и самите тие се испод просек!
Автоматски споено мислење:
едит: тоа е исто како јас да кажам: ааа неее, она е медицинска сестра! Се знае колку и е максимумот!
Барем докторка да беше, по можност и специјалист
Вака некако звучи обратно кога ќе го каже маж..
Ова е тоа со кое се сретнувам последниот период ептен многу, не сум во потрага по женски, туку паразитите од работа во канцеларија во нивни меѓусебни разговори го тупат со овие теми, а јас не им зборувам ништо.
Многу женски индивидуи се тежок просек па и испод просек, ама во ред е кога тие бараат ,, богати и ситуирани'' мажи со куќи, станови, викендици, коли и останато, ама не е во ред кога машките бараат од женско барем само малку ,, финансиска стабилност'' - во превод да имаат работа и приходи и да не трошат преголем процент на непотребни издатоци од примерот на правење вештачки усни и веѓи и пирсинг, мене ми е тоа одвратно нешто, мислат дека се поубави ама мене тоа воопшто не ми е убаво.
Лицемерие и хипокриза без граници и срам од таквите жени, секако дека има исклучоци ама многу ретки се тие исклучоци кај жените да бидеме реални.
Пред месец дена, самиот си научив посложена нова машина за перење алишта да си ја вклучувам, мајсторот кој ми намести цревата за вода прво ми советуваше кај кои мажени жени и домаќинки во соседството да се обратам за помош околу вклучување на машината, ама кога ме виде мајсторот како самиот ја укапирав машината и си ја научив машината за 2 минути, мајсторот само се насмевна и ме чукна по рамото.
После низ соседството и околината кажувал за мене. Ама гајле ми е.
Како беше она: тежок живот ја научува и прави жената да биде силна жена.
Е и обратната ситуација исто важи. И мажите се учат да бидат силни поради животот.
А оние женски индивидуи кои сметаат дека е во ред тие да бараат ,, богати и ситуирани'', а не е во ред и од нив барем малку нешто да се очекува, па нека им е со среќа во нивната потрага по ,, Елдорадо'' мажите.


