Ајде убаво размисли во однос на прашањето за креирањето на капиталот, преселувањето/раселувањето и висината/стапката на јавниот долг. Пример, нашинците, привремено или трајно, одат во другите држави, таму придонесуваат кон креирање на капитал, по кој се плаќа данок, од каде се црпат средства за подмирување на долговорите. Пример. Ние имаме се помалку и помалку население. Со тоа, генерално, имаш и се помалку и помалку работоспособно население кое може да креира капитал. И ова не е се, секако, администрацијата, државна или јавна, има голем апетит, со кои тектонски не може да се носи целокупниот буџет на оваа држава. Пензискиот фонд и социјалните трансфери се другите забоболки на нашето модерно политичко општество. Еден ден ќе дојде време за враќање на кредитите, прашање е кој ќе остане да ги враќа. И нормално, наменските кредити се реализирани и за други цели, крпење на буџетски дупки, ама претпоставувам дека ова не е проблем за третата држава по економски перформанс во Европа.
Имам и друг пример, ние пишуваме на кирилица, а тие на латиница.