Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Имаше и позитивни работи во таа држава. На пример ликови како Алибаба не смеа ни да писнат а не да дојдат на власт или да седат во парламент. Исто имаше и поголема безбедност на улиците. Имаше доста квалитетни проиводи како машини за перење,фрижидери,бојлери. Горење ,Раде Кончар, Ободин беа синоним за квалитет.
Купуваш еднаш за следните 30-40 години.
Па колку што знам Алибаба е нивни производ!
За безбедност пеки, си можел комотно кај сакаш да преноќиш, ништо не би ти фалело.
Производите општо во светот беа произведувани да траат!
 
Оф бе човек, пак почнуваш со истите работи, никако да се најдеме на средина за ова!

Ќе ми одговориш некогаш за писмото што те прашувам цело време..?
И како човек што се борел за македонски училишта станува дел од грчката пропаганда?

Многу е едноставно околу најкритичниот период
1.Тито се залага за обединета Македонија да стане дел од Југославија
2.Сталин на тоа се противи поради западните
3.Почнува расколот меѓу Тито и Сталин, една од главните причини се Егејска и Пиринска Македонија
4.Тито раскрстува со Сталин и ги отвара вратите на западната империја
5.Тито се договара со западните и ја крати подршката за Егејците, се губи војната и со тоа шансата за обединета Македонија

Кога Тито се договори со западните за да раскрсти со Сталин и кога прекина да дава воена подршка на Егејска Македонија?
Тоа е клучниот момент човек, како не разбираш :tapp:
 
Да ама ако на Алибаба му текнеше да си игра воен конфликт во тогашната држава ќе ги збришеа за 24 часа. Мислиш тогашните политичари ќе се замараа со колатерална штета или Хашки трибунали?
 
Каков трибунал? Има една изрека од тогаш: го изеде помрачина!
 
Оф бе човек, пак почнуваш со истите работи, никако да се најдеме на средина за ова!

Ќе ми одговориш некогаш за писмото што те прашувам цело време..?
И како човек што се борел за македонски училишта станува дел од грчката пропаганда?

Многу е едноставно околу најкритичниот период
1.Тито се залага за обединета Македонија да стане дел од Југославија
2.Сталин на тоа се противи поради западните
3.Почнува расколот меѓу Тито и Сталин, една од главните причини се Егејска и Пиринска Македонија
4.Тито раскрстува со Сталин и ги отвара вратите на западната империја
5.Тито се договара со западните и ја крати подршката за Егејците, се губи војната и со тоа шансата за обединета Македонија

Кога Тито се договори со западните за да раскрсти со Сталин и кога прекина да дава воена подршка на Егејска Македонија?
Тоа е клучниот момент човек, како не разбираш :tapp:
Ака сакаш да објасниш!
Со кои тоа исти работи почнувам?
За кое писмо, ќе мора да ме потсетиш и каде може да се најде/види тоа писмо?
Кој човек за кого збориш, кој е тој што се борел за македонски училишта ...ќе извиниш ама не читам мисли, мора да напишеш на кого се одесува и каде јас такво нешто сум напишал!

Што ти се овие 5 точки, што сака пистаелот да каже, или мислиш дека сме на квиз!
Само за првото, зошто Тито би се залагал за обединување на Македонија, од каде ти пајџат вакви идеи?
(извини ама тешко ми е да го следам токот на твоите мисли, измеша многу работи а не се подредени по значај или хронолошки па не би знаел каде е фокусот, гледам или само така ми изгледа ти смета Тито, ехЈУ и во ред би било ако аргументите се издржани ама последниве мои коментари беа повеќе за окупацијата на егејскиот и пиринскиот дел како и на бледскиот договор не видов реакција на тие уписи туку ми импутираш нешто а не гледам повод освен онаа што сум напишал дека има многу кои делат булгаристански ставови кои пак некои ги промовираат, стварно не си ми јасен на што всушност алудираш!)

Не знам кога се договорил, ако знаеш кажи и верувам имаш и некаков извор за тој договор, би било интересно да се прочита тој договор.

Клучен момент за што?

------------
Твојата реакција претпоставувам се однесува на ова:
има поприлично членови на форумов кој го делат твоето булгаристанско мислење...
и не гледам што е спорно, не одговара ли на вистината?
 
Спортот недостасува!
Тогаш на отварање на олимписки игри парадиравме со по над 150-на спортисти .... сега двајца едвај!
Кошарка, ракомет мажи жени, бокс, борење слободен стил, донекаде ватерполо, нижеа медали. Од север до југ сите иста радост.
Светски, европски првенства да не спомнувам.
За фудбал бевме просечни, атлетика и гимнастика, тапа, шах ...па имаше доста добри велемајстори но недоволни за руската школа..

Но тоа веќе го нема со исклучок на повремени блесоци.

Напишав пост без да политика спомнам.

п.с. кога спомнав ватерполо..... има ли некој клуб сега кај нас?
 
За фудбал бевме просечни,
Освен што бевме "просечно" рамноправни, (па дури и ги победувавме) репрезентациите на Германија, Шпанија, Италија....а денес губиме од Андора, Малта и остали...
И да, освен што Црвена Ѕвезда освојуваше Лига на шампиони и стана Светски клупски шампион....
Стварно просечни...
 
Просечни се однесуваше на .... добри но не доволни добри за константно во светскиот врв, победувавме силни репрезентации но ќе се заебевме со некои други просечни и ништо од висок пласман во првите четири . Рејтингот беше помеѓу 5 и 8 место што и не е така лошо.
Или ќе беше подобро наместо просечни да напишам така-така ... променливо. ко времето

Шпанија... имаше еден шок натпревар по кој не се пласиравме за светско првенство, се игреаше „дома“
Шпанците дадоа гол и после почна се само не фудбал, намерно шутираа далеку во трибините, паѓаа на терен и лежеа со минути, се расправаа со судиите, фаулираа, влечеа за дресови, што се не правеа само топката да не пројде центар, а и судија ептен им гледаше низ прсти а требаше бар 10 црвени картони да им подели.

Црвена Ѕвезда..... нејзина златна година со Дарко Панчев.
Дарко Панчев, втор Герт Милер (Германија) ..... два центерфолда кои топка не знаеја да водат но крајно ефикасни голгетери.Просто полудуваа во шестнаесетикот.
 
Последно уредено:
Рејтингот беше помеѓу 5 и 8 место што и не е така лошо.
Ова збориш за светско или за ранг листа на ФИФА ?
Хрватска го има постигнато истиов успех, дури и на светски првенства се поуспешни од Југославија.
 
Ок, така е, ама друга ми беше поентата.
Југославија, и како репрезентација, и клубски, најчесто беше мање/више, рамноправен противник на Германија, Шпанија, Италија...
Тогашните "наши" неретко елиминираа такви величини ко што денешните можат само да сањаат...

*ете, без политика
 
Напишав пост без да политика спомнам.
Браво!
Зошто мислиш дека некој што следи и го интересира политика(најстариот занает) би бил заинтересиран и за трчање(празноглави шупелки) по топката?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831
Ова збориш за светско или за ранг листа на ФИФА ?
Хрватска го има постигнато истиов успех, дури и на светски првенства се поуспешни од Југославија.
За пласманите на светски и европски првенства.

Хрватска ... тоа е друга тема ... но секоја им чест, го задржаа квалитетот.
Во споредба со нас, ние сме сега во ранг на тогашните републички лиги.
Автоматски споено мислење:

Браво!
Зошто мислиш дека некој што следи и го интересира политика(најстариот занает) би бил заинтересиран и за трчање(празноглави шупелки) по топката?
Па за фудбалерите го имам истото мислење, празноглави шупелки кои знаат само по топка да трчаат. Но тоа е високо профитабилен „шоу“ бизнис.

А за луѓе кои се само и само по политика и ништо друго .... отсуство на адреналин, тестерон и слаба потенција :D
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom