Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Не се непроменливи разлики, само треба воља за вистински мир. Зошто на Иран му е толку тешко да прифати да ја запре целата нуклеарна програма освен во научни и медицински цели, и да се снабдуваат со ураниум за централата од странство? Зошто му е тешко да прекине со поддршка и финансирање на хезболах и остали срања? Зошто му е тешко да го отвори заливот за слободна пловидба? Тоа е битното што од нив се бара. Во замена добиваат мир и без никакви санкции да тргуваат со светот. Мене ми звучи сосема разумно и во интерес на сите.
Не беше ли Иран потписник на договорот за неширење на нуклеарно оружје и под инспекција на меѓународната агенција за атомска енергија, а некој друг, на пример Израел не само што не е потписник и не подложи на инспекции него и не крие дека поседува нуклеарки. И со други зборови не прифаќа Иран некакви услови наменети само за него, надвор од меѓународното право и меѓународни договори.
Инаку постигнат договор за примирје од две недели преку прифаќање на иранските услови. Очигледно САД не биле сериозни ( не дека им е првпат) , им требало само привремено примирје за да можат во меѓувреме да го надополнат својот арсенал и да довлечкаат дополнителни сили , да се подготват за второ полувреме од воената операција. Е сега кој го крши примирјето преку наметнување на блокада на иранските пристаништа и заплена-пиратирање на ирански бродови во меѓународни води? Условите:
Добивме предлог од 10 точки од Иран и веруваме дека тоа е функционална основа за преговори. Речиси сите точки од претходните несогласувања веќе се договорени меѓу САД и Иран, но двонеделниот период ќе овозможи договорот да се финализира и склучи“, рече Трамп.
Предлогот за прекин на огнот од 10 точки на Иран вклучува следново:
– Гаранција дека Иран нема повторно да биде нападнат
– Траен крај на војната, а не само привремен прекин на огнот
– Прекин на израелските напади во Либан
– Укинување на сите санкции на САД против Иран
– Прекин на сите регионални конфликти насочени против сојузниците на Иран
– Повторно отворање на Ормускиот теснец за поморски сообраќај
– Наметнување патарина од 2 милиони долари по брод што поминува низ Ормускиот теснец
– Иран ќе ги дели приходите од патарината со Оман
– Иран ќе воспостави правила за безбеден премин низ Ормускиот теснец
– Иран ќе ги користи приходите од Ормускиот теснец за реконструкција, а не за репарации.
Автоматски споено мислење:

Верувам дека и оние 2 милиони ќе се откажат да ги наплатат доколку им исплатат оштета заради бомбардирањето, се разбира тоа нема да се случи
 
 
Не се непроменливи разлики, само треба воља за вистински мир. Зошто на Иран му е толку тешко да прифати да ја запре целата нуклеарна програма освен во научни и медицински цели, и да се снабдуваат со ураниум за централата од странство? Зошто му е тешко да прекине со поддршка и финансирање на хезболах и остали срања? Зошто му е тешко да го отвори заливот за слободна пловидба? Тоа е битното што од нив се бара. Во замена добиваат мир и без никакви санкции да тргуваат со светот. Мене ми звучи сосема разумно и во интерес на сите.

„Зошто на Иран му е толку тешко да прифати да ја запре целата нуклеарна програма освен во научни и медицински цели да прифати никогаш да не бидат независни и безбедни од САД/Израел, и да се снабдуваат со ураниум за централата од странство да бидат зависни од странци (по можност САД/вазалите)? Зошто му е тешко да прекине со поддршка и финансирање на хезболах и остали срања им е тешко да престанат да имаат сојузници и побрзо да изгубат? Зошто му е тешко да го отвори заливот за слободна пловидба да ја користат најсилната карта која ја имаат против силеџиите кои ги напаѓаат и убиваат надвор од меѓународните права? Тоа е битното што од нив се бара. Во замена добиваат мир и без никакви санкции да тргуваат со светот добиваат уништување на државата во релативно блиско време. Мене ми звучи сосема разумно и во интерес на сите сосема неразумно и во интерес на Израел.


Еве го променив твојот став за да ја отсликува реалноста.
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Преговарачите на Епштајн колаицијта отпатува за Исламабад.
Трамп повторно се заканува ако Иран не ги прифати условите на САД - со ваков пристап договор сигурно нема да има.


Од друга страна од Иран има изјави дека не се планира испраќање на делегација во преговарачка мисија барем не додека САД врши блокада.
Е сега или САД ќе мора да ја отповика блокадата, барем додека траат преговорите, или Иран да се откаже од таквото барање.



Бидејќи примирјето завршува на 22 Април преговорите на кои инсистира САД треба да се во тек или завршат до тој датум а изгледите за постигнување на некаков договор се никакви заради големите барања и од едната и од другата страна, а во пресметката немаше победен/поразен, изгледи од повторна ескалација се многу изгледни.
Ако во таа ескалација некако се успее да вклучат и соседни земји на Иран како Азербејџан или Турција ете ни услови за претквалификации за ново светско првенство!
 
Тука само Турција ако го голтне апчето! Азербејџан е засега сигурен сојузник на султанот. Кај тој таму и тие!
Прашање за миљон, што ако Иранските Азери не се сложат со играта? А веројатноста да не се сложат е скоро па 99%
 
Турција додека Ердо е жив ќе се обидува да избегнува судир потоа ќе видиме кого ќе инсталираат.
Проблемот е што ако им успее да ја внесат Турција во игра целта им е да ја ја искористат против Русија, Иран е само предигра.
Азербејџан е целосно под контрола на западнта империја, само значајното азерско население во Иран е до некаде пречка ако им успее да ги конфронтираат Персијците и иранските Азери би можело да има добро војување со милиони.
 
Венс ја чека Иранската делегација која изгледа нема ни намера да пристигне на преговори во Исламабад

1.jpg
 

Колку војска собраа Американците во регионот, има некои јавно достапни информации?
 
Колку војска собраа Американците во регионот, има некои јавно достапни информации?
Поарно прашај колку црни вреќи порачале, ќе одговара на отприлика 10% од војниците. :D
 
Значи, подготовката за вонредна регрутација ќе биде кај и да е. Нема преговори, Иран одбива да капитулира, Трамп цело време е taco демек, а уствари спремаат терен за големиот театар.
 
Значи, подготовката за вонредна регрутација ќе биде кај и да е. Нема преговори, Иран одбива да капитулира, Трамп цело време е taco демек, а уствари спремаат терен за големиот театар.
Аха ќе ме најде Мицкуре да ме регрутира за трета светска... Нека му ја мислат тие што не се спремаа на време...
 
Венс ја чека Иранската делегација која изгледа нема ни намера да пристигне на преговори во Исламабад

Иииии!...

Колку „трава„ има наоколу, а ликов решил да си легне....:confused:
 
Back
На врв Bottom