Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Ти кога ќе имаш недвижнина за продавање, ќе ја продаваш на првата понуда или ќе бараш некој да ти обезбеди најдобра цена за тебе?
 
и агенциите допринесуваат во билдањето на цената,
но да бидеме реални само во последниве 5 год. имаме официјална (не фицијално х2) инфлација од 3-40%, додади на тоа "незадолжителна лихва" (поткуп на сите вклучени во издавање некаква дозволала), лакоми газди кои сакаат профит барем дупло од вложеното...
 
Прегледај го приврзокот 475237

Кога народот ќе прекине да продава станови преку агенции тогаш можеби и ќе се средат цените. Додека овие лешинарски гомна постојат во форма на агенти за недвижности, цените ќе идат само нагоре.
Премиум со софата и масата од бабата. Да не се фрли, ќе се најде.
 
Се заговараше пред икс години законска регулација на агенциите за недвижности. Меѓутоа, изгледа доста од нив врзани ко црева со фирмите изведувачи т.е. општините и погоре, така ништо не бидна од тоа. Со документација и регуларност во постапката мораа да одговараат као нотарите. А тие продаваа станови без никаква документација и испитан рејтинг на фирмата. Фирмата у стечај, тие им продаваат станови.

А нормално дека агенциите навиваат за што повисоки цени. Процент не е шала.
 
Ти кога ќе имаш недвижнина за продавање, ќе ја продаваш на првата понуда или ќе бараш некој да ти обезбеди најдобра цена за тебе?
Јас продавав недвижнина, не соработував со со никакви агенции, и продадов по таа цена која што ми беше на оглас.
 
Прегледај го приврзокот 475237

Кога народот ќе прекине да продава станови преку агенции тогаш можеби и ќе се средат цените. Додека овие лешинарски гомна постојат во форма на агенти за недвижности, цените ќе идат само нагоре.
Не знам дали е до агенциите ама последниве 3 месеци после јануарските празници, забележав дека цените на становите достигнаа највисок бум до сега. Пролистај низ овие фејсбук групи каде се бараат, се почесто гледам понуди од 150 илјади евра за 50 квадрати во Тафталиџе 2, Карпош 4, Козле. Еден дури нудеше малку над 2200 евра за Железара. :facepalm:
 
Последно уредено:
Агенциите за недвижности се гола вода кај нас. Не им јадете коските за џабе. Тие неколку кои се уствари на инвеститорите живеат од тоа, другите се како рибари, се надеваат дека ќе касне!
На запад пеки, ама таму батка и не можеш без агенција да продадеш!
Инаку процентчето на времето беше убаво, не знам сега како е?
Во Грција е 2-3%.
 
Инфлацијата те јаде и со купување недвижнина, ако немаш толку кеш, нормално. Кредитот што е. Земаш 50000, даваш 80-90000 за 20 години. Едино ако не го реинвестираш ама пак губиш. И не може да си сигурен дека од 1500е, во таа населба ќе се качи на над 3000е (за да имаш некој ќар кој ќе го вложиш во реновација, па затоа што имаш и годишни трошоци за осигурување, па трошоци за ратите, за проценка и репроценка, 50е за ова, 100е за она, нотари, мотари... па резервни фондови, чуда.
И дваес години станот нема да е твој.
И што ако денарот девалвира меѓувреме или ги качат номиналните као една мерка против инфлацијата?

Има една изрека: како и да се свртиш, задникот ти е позади
Математиката ти е точна за кредитот, ама истата математика вели дека за 20 години ќе му дадеш на некој газда 60 - 70 илјади евра за кирија, а на крајот ќе немаш ниту клуч, ниту имот. Вака барем по 20 години нотарот пак ќе ти земе пари, ама барем ќе имаш каде уживаш. Девалвацијата е ризик, ама со инфлацијава и парите под перница стануваат тоалетна хартија.

Ако имаш решено станбено прашање, и ако имаш пари нормално, планот е уште поедноставен: го земаш станот, ставаш кираџија и го оставаш него да се објаснува со инфлацијата и каматите на банката. Додека тој мисли дека плаќа за кров над глава, ти всушност го користиш како твој приватен фонд за отплата. :D
 
^Ова апсолутно.
Зависи со која цел купуваш.
Ако е со цел да се тргнеш од кирии, секако си у ќар, и, како што викаш, на крај си е твое.
Ако имаш имот и сакаш да инвестираш, зимаш имот го даваш под кирија и пак да речем 30-70% ти го плаќа некој друг а на тебе ти останува и по 30 години можеш да го шитнеш ко новоградба ко што тргнал пазарот.
Иако реплицирам на Асеко, чисто се надоврзувам, имот во секој случај си е win-win.
 
Целта ко што читам прво беше да се измами инфлацијата, а не за есенцијално станбено прашање и кирија. Сум живеел на 2-3 места и под кирија, знам колку е "прекрасен" таков живот.
Шта ќеш, долг живот, 3 системи сменети, многу нешта сум пробал.

А тоа со кредити е скоро па неможно. Ете, имам стан, имаат и моите синови по стан, значи засега обезбедени.
Сакам да земам уште еден оти сум имал неколку илјади евра заштедено (кои пак би отишле у дел од цена на гаража ама ај да занемариме "ситници"). Епа за 20 години треба дупло да го платам од сегашната цена со тоа што ќе биде стар веќе 20 години, за реновација и под услов да не се зголемат европските камати. А ЕЦБ веќе најави вчера зголемување.
Е сега, од банката ескивираат да ми кажат зашто со секоја рата ми наплаќаат плус 1700-3000 денари, а некој месец без плус доплата. Ова е зголемено, она е усогласено, еуроборот, тинтири минтири, а тоа им е кажано од горе така да ги правдаат овие исплати/уплати. За една година, без трошоци за трансакциска, водење сметка, винкулации, репроценки и други мижи асан трошоци, земаат плус 200-250 евра, во денари. За 20 години (ако не се 30), се ихахаха пари.
Али може да пробате, не е проблем.

Ама едно начисто. Дедото, таткото на жената, како се викаше, Авди, да не ви помага.

Него, бујрум, Влае на вода, кај Каскада. Цена и намена непознати, ме мрзеше да се пребацам преку река за да гледам табли и цени.

Vlae_1.jpg

Vlae2.jpg

Vlae3.jpg
 
Агенциите за недвижности се гола вода кај нас. Не им јадете коските за џабе. Тие неколку кои се уствари на инвеститорите живеат од тоа, другите се како рибари, се надеваат дека ќе касне!
На запад пеки, ама таму батка и не можеш без агенција да продадеш!
Инаку процентчето на времето беше убаво, не знам сега како е?
Во Грција е 2-3%.

Имав агенција и ја затворив, не може да се успее заради неколку агенции кои го држат пазарот т.е. се на инвеститори кои градат и сè е тоа поврзано, кажувам за купопродажба, имаше од закупи, али голема конкуренција и газдиве што издаваат бараат високи закупи и затоа и тоа одеше тешко, пример дуќан кој по локација, амортизација и сл. одговара за цена 100 евра месечно, газдата бара 250 евра, ем го советуваш џабе празен ќе ти седи, тој ти вика нека седи, секој воз има патници... И после што да правиш не можеш да му завршиш работа - издадеш, не се глупи луѓето (закупците), видов - не видов и баталив, точно е тоа како рибари се, ретко во Македонија да се најдат закуподавачи, продавачи кои не се алчни, кои се присебни и се сообразуваат со стандардот во државата, пак ќе кажам не може на 400 евра мининална плата да му бараш 250 евра кирија за стан... Луда работа, за жал...
 
Кириите се смешно ефтини кај нас. Па оди на запад било каде една плата ти иде за кирија и тоа на празен стан, ни мебел ни завеса ни ништо во него, не ко нас наместени со сите апарати мебели и слично.
 
Кириите се смешно ефтини кај нас. Па оди на запад било каде една плата ти иде за кирија и тоа на празен стан, ни мебел ни завеса ни ништо во него, не ко нас наместени со сите апарати мебели и слично.
Ако не ти одговара на запад оди на север, законски киријата треба да ти биде 1/3 од платата или помалку.

Тоа не значи дека ќе живееш во центар може во трубарево ќе треба ако ти е мала платата ама јбг таков е животот.
 
Целта ко што читам прво беше да се измами инфлацијата, а не за есенцијално станбено прашање и кирија. Сум живеел на 2-3 места и под кирија, знам колку е "прекрасен" таков живот.
Шта ќеш, долг живот, 3 системи сменети, многу нешта сум пробал.

А тоа со кредити е скоро па неможно. Ете, имам стан, имаат и моите синови по стан, значи засега обезбедени.
Сакам да земам уште еден оти сум имал неколку илјади евра заштедено (кои пак би отишле у дел од цена на гаража ама ај да занемариме "ситници"). Епа за 20 години треба дупло да го платам од сегашната цена со тоа што ќе биде стар веќе 20 години, за реновација и под услов да не се зголемат европските камати. А ЕЦБ веќе најави вчера зголемување.
Е сега, од банката ескивираат да ми кажат зашто со секоја рата ми наплаќаат плус 1700-3000 денари, а некој месец без плус доплата. Ова е зголемено, она е усогласено, еуроборот, тинтири минтири, а тоа им е кажано од горе така да ги правдаат овие исплати/уплати. За една година, без трошоци за трансакциска, водење сметка, винкулации, репроценки и други мижи асан трошоци, земаат плус 200-250 евра, во денари. За 20 години (ако не се 30), се ихахаха пари.
Али може да пробате, не е проблем.

Ама едно начисто. Дедото, таткото на жената, како се викаше, Авди, да не ви помага.

Него, бујрум, Влае на вода, кај Каскада. Цена и намена непознати, ме мрзеше да се пребацам преку река за да гледам табли и цени.

Прегледај го приврзокот 475330

Прегледај го приврзокот 475331

Прегледај го приврзокот 475332
Еве како ке изгледа кога ке биде готова зградата:
 
Еве како ке изгледа кога ке биде готова зградата:
Комарници обавезно на секој прозор, за лето покрај Вардар
 
Back
На врв Bottom