Иран е теократија, односот кон понежниот пол е резултат на религија традиција и х фактори, секое општество има свој развоен пат па и во односите маж-жена, кога ќе биде тоа пречка за понатамошен развој самото општество ќе ги менва тие односи.
Носење на шамии го има и кај нас, посети некоја рурална средина и ќе се увериш, се разбира не мора ама носат.
Ајде мајката зарем во Иран нема опозиција која ја критикува власта (еве доказ дека имаш стереотип и не ќе да се доволни твоите инфо за да ти гледиштето биде ок, туку е производ на манипулација).
Дали односот кон жените им како резултат на теократија или друга идеологија, за мене не е важно од аспект на тоа дали апаратот е репресивен, туку последиците. Исто можеме за секоја земја да кажеме "да, они се репресивни али тоа е така кај нив пошто они се комунисти/либерали/теократи" или што и да е, али тоа не го оправдува третманот по мене, само го објаснува.
Разликата меѓу носење шамија во Македонија и Иран е дека, во Македонија ако сака жената може али ако не сака немора да носи. Во Иран, по новиот закон, ова се јавно достапни информации, ако не носи добива до 15 години казна затвор плус плаќање пенали -
https://news.un.org/en/story/2024/12/1158171 - да не навлагаме и во тоа како се користи смртна казна, како се третираат незадоволни граѓани во 2019та после протестот против поскапувањата на нафтата во Иран и тн. Моето мислење е производ на манипулација? Во ред, еве посочи ми информации кои не се манипулација, со предлог, да не се од Јутубери и се од легитимни извори што ќе ми покажат дека Иран има поинакво уредување од тоа што го опишувам.
Секако дека исправно го читам напишаното, затоа што:
-во случај на агесија врз една земја да се пишува за нивниот систем и култура е само за поткрепа на оние кои вршат агресија;
-кога од страна на агресорот се врши невиден терор се уништуваат училишта, факултети, болници и други објекти од јавен карактер да се пишува дека не си љубител на теократијата (не сум ни јас па што) затоа што имаш поинакви културни вредности е само во прилог на релативизирање на агресијата па дури и нејзино оправдување;
Никој не вели овде дека Иран има лоша култура или дека се демони. Долга историја има Иран, народот им има пројдено низ доста, гостопримливи луѓе се, стара цивилизација. Овде исто се сложувам, агресијата е неоправдана и контрапродуктивна, никој не ја релативизира (и за САД, и за Иран, и за другите чинители од регионот). Уништување на училишта, цивилна инфраструктура е воено злосторство, едноставно нема оправдување за истото.
Во исто време може да постојат две вистини: една е, има воена интервенција што е неоправдана и се вршат воени злосторства. Втора е, во мирнодопски услови, Иран како државно правен апарат е авторитарен и знае да биде доста суров кон звоите граѓани (вклучително жени). Тоа не значи дека тоа е оправдување на воена интервенција, ова се два посебни погледи за два посебни контексти (или мислења).
И се слагам, немора да се сосласуваме во се, коректно е да смениме мислења, макар и не се исти.
