Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 36: @Ska Maniac - Советскиот и кинескиот комунизам беа подобри од југословенскиот социјализам)

Дали се согласуваш со прашањето на Ska Maniac од насловот на темава?

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Воздржан. Сите три економски системи се фалични и неодржливи. Две од тие три држави погинуваат заедно со системите затоа што не се трансформираат, кинеската комунистичка партија сфаќа дека мора да смени нешто и затоа Кина преживува. Да споредуваш кој од нив 3 е подобар, е како да споредуваш од која терминална болест е подобро да се умре.

Дека самоуправувањето има генерирано генерации на brain dead луѓе, кои што и нивните деца ги имаат воспитано во brain dead култура е точно. Ама тоа е општествен (и медицински) проблем во поранешна Југославија, нема врска со системот.
 
Ова прашање порано коа го поставувале луѓе од УДБА, доста луѓе што го одговориле наивно завршувале на превоспитање :D

Воздржан. Сите три економски системи се фалични и неодржливи. Две од тие три држави погинуваат заедно со системите затоа што не се трансформираат, кинеската комунистичка партија сфаќа дека мора да смени нешто и затоа Кина преживува. Да споредуваш кој од нив 3 е подобар, е како да споредуваш од која терминална болест е подобро да се умре.

Дека самоуправувањето има генерирано генерации на brain dead луѓе, кои што и нивните деца ги имаат воспитано во brain dead култура е точно. Ама тоа е општествен (и медицински) проблем во поранешна Југославија, нема врска со системот.
Не се они brain dead, ние сме brain dead. Сето она што го имаме во државава, училишта, спортски сали, болници, железнички и автобуски, се е од времето нивно и од времето на Тито. Ние ништо немаме направено ниту изградено во овие 35 години независност. Исто толку постоела и Југославија.
 
Најдобрите училишта во Скопје не се изградени во нивно време, најголемите и најдобрите спортски сали не се. Од болници, би преферирал приватни. Железнички, ја почнале и никогаш недовршиле. Автобуските нешто слично, и во Скопје и во државава. Таа што половично личи на нешто, не е од нивно време.

За патишта да не зборам. Индустријата што ја граделе - секаде е со канцер до нејзе. Охис, Југохром, секој рудник што го изградиле е со депонија за токсичен отпад на отворено, веднаш до него. Менталитет на ѓупци, на ниво на Индија, уфилманост како да се 10та генерација аристократија.
 
југословенскиот социјализам бил најмалце репресивен, имало рокендрол, се носело фармерки, имало јака индустрија, итн. Проблемот со системот е повише корупцијата. Превработеност и ниска продуктивност, исто така крадење. Ова е проблем кој едино кинезите го заобиколиле воведувајќи приватен сектор и адаптирање на нивниот систем да се отвори кон предузимаштво паралелно со државното.

Советскиот сојуз го направил тоа но неуспешно пошто им дозволил на некои моќници да ги крадат фирмите како у времето на Црвенко, успат му дал слобода на говор на народот, и тоа било погрешниот чекор на Горбачов. Промашени реформи кои дошле премногу касно.
 
Советскиот и кинескиот комунизам беа подобри од југословенскиот социјализам од аспект на модерното време и каде се сега тие држави во однос на нашиве.
Не биле од две причини: прво економиски (животен стандард), а второ политички (авторитарен и тоталитарен систем)

Југословенскиот социјализам, за разлика од другите два системи, имал делумно пазарна економија со примеси на централно планирање. Заради тоа, производствено бил во многу подобра положба. Сме немале класични комунистички "планери" што одредувале колку пенкала во една година ќе се произведат, имало поголеми пазарни слободи, и со тоа и увоз, извоз, солиден пристап до стоки и услуги. Политички имало прогон, али споредено со СССР и Кина, со многу помал интензитет.

Советски Сојуз - низ цело свое постоење нема никаква пазарна економија, целосно централно планирање на тоа што и колку ќе се произведе, без никакви механизми за управување на капитал и котирање на пазар. Како резултат на тоа, често маркетите им биле полу-празни, со само неколку избори на производи, никакво движење на технолошка индустрија напред (освен на поле вселена и безбедност). Дури и денес, кога Русија е пазарна економија, на сите ресурси и луѓе што ги има, БДПто за жал и е помало од Италија, пошто државата се управува во некои сегменти како Советски Сојуз.

Кинескиот комунизам до рани 80ти е бетер од Советски Сојуз, никакво сериозно производство, основно превозно средство до децении им е точак, милиони умираат од глад под Мао ради непромислени одлуки (во great leap forward, умираат меѓу 15 и 40 милиони луѓе од глад). Кинескиот комунизам поставува темели кога го копира моделот на Ли Кван Ју од Сингаур - пазарна економија (отворен за инвеститори од надвор што сакаат евтина работна сила) и авторитарен јавен систем, слободен од корупција (што им е модел на кој што фунцкионираат до ден денес). Тогаш почнува Кина да расте и е тоа што го знаеме денес.

До ден денес, по глава на жител, Русија и Кина имаат незначително поголемо БДП по глава на жител од може Македонија и Босна, али се поназад од Хрватска и Словенија. На светско ниво, каснат како нас. Каде имаат предност е тоа што се нуклеарни сили, и имаат суверенитет кој ниту една земја овде го нема, али тоа е помалку врзано со комунизам, повеќе со избор на безбедност и пристап до нуклеарки.
 
Најдобрите училишта во Скопје не се изградени во нивно време, најголемите и најдобрите спортски сали не се. Од болници, би преферирал приватни. Железнички, ја почнале и никогаш недовршиле. Автобуските нешто слично, и во Скопје и во државава. Таа што половично личи на нешто, не е од нивно време.

За патишта да не зборам. Индустријата што ја граделе - секаде е со канцер до нејзе. Охис, Југохром, секој рудник што го изградиле е со депонија за токсичен отпад на отворено, веднаш до него. Менталитет на ѓупци, на ниво на Индија, уфилманост како да се 10та генерација аристократија.
Па не може општеството да се потпира на лекување во приватни клини и образување на сопствените деца во приватни училишта. Обичниот плебс не може да си го дозволи тоа. Јас ти зборам за училишта еве како Корчагин, Орце Николов, или небитно основни и средни државни училишта во другите градови. Факултетот УКИМ кој што е столб на образованието. Замисли уште не сме успеале да ги искречиме ѕидовите од времето на Тито. Анатомија учевме на лешеви од земјотресот. За амфитеатрите и тоалетите на Медицински факултет па да не зборам. Ние не може ниту да го одржиме тоа што ние оставено во некаков аманет.

Збориме за 50-60 тите години, нормално дека менталитетот тогаш и менталитетот сега се разликува. Такви индустрии имало во тоа време и во другите европски градови. Ние само требаше да го измодернизираме сето тоа како што го направија другите европски градови. Да направиме нешто ново и еколошки подобро. Ни тоа не успеавме. Повеќето од гигантите денес се или затворени или работат со намален капацитет. Ниту пак имаме изградено некаков енергетски комплекс.

Ајде еве Борис Трајковски и Јане Сандански се изградени во наше време, ама споредбено со Југославија тоа не е успешен резултат. Значи дека ние имаме капацитет да го направиме тоа, ама очигледно дека погрешно го користиме.

Јас не сум југоносталгичар, родена сум во независна држава, но реалноста и фактите се тие.
 
Па кога веќе има изградени основни и средни училишта, а бројот на луѓе во државата се намалува, сигурно нема да градиме нови, па тоа да биде мерка за успешност на општество. Сите основни и средни училишта во поголемите општини се реновирани од корен. И тоа не не прави ниту поуспешни, ниту помалку успешни. УКиМ и во Југославија и сега била и е вечерна школа. Јас целосно би го ваучеризирал и приватизирал високото образование, ама тоа е друга тема.

Тешка индустрија имало секаде, точно. И хемиска индустрија. И многу поризична. И сепак, апсолутно нигде тие не оставиле токсични бомби на отворено. Тие гиганти и треба да останат затворени. Плус да потрошиме околу милијарда до 2 милијарди да ги исчистиме последиците од нив. Отворање на охиси и југохроми субвенционирани од државата нема да донесе никаква економска иднина.

За енергетика - ТЕЦ е намален во удел на производство од над 75% годишно, до под 50% годишно само со дозволување на приватници да влезат во приказната. И тоа е одличен пример зошто државата треба да одјебе од економија.
 
Различен тип на развој водат двете држави. Југославија почнува од генерално рурално општество да ги развива земјиве со масовна индустријализација и урбанизација, така да и ради тоа повеќе сали, школи, булевари и тн се изградени во тоа време. Македонија денес веќе ја има таа основна инфраструктура и само треба да ја одржува онаа од минатото и надоградува, да додава каде што треба.

Има места како Прага на пример или Хај Стрит во Оксфорд, 300 години, скоро ништо да не е изградено. Едноставно одржуваат тоа што е направено добро, и фокусот на промената е во управување со луѓе и капитал - како создаваат вредност. Кај нас тоа е една од работите што фали. Зградите не се институцијата него луѓето. И најдобра сала да имаме, или најстаклена влада, или незнам најнај бизнис центар, ако истиот не создава вредност, нема луѓе што знаат како да ја управуваат институцијата и комерцијализираат, и да е лебди во воздух објектот, бадијала е.
 
Потекнувам од комунистичко семејство, дедо ми и ден денес се декларира како комунист. Ми вика дека идеологијата не е нешто што се пере со вода.

Пораснал во средина каде дел од семејството му било стрелано затоа што пребегнало во партизани, некои од ние се одликувани како народни херои. Тоа е средината во која растел и се развивал, иако неговиот татко го пратиле на Голи Оток затоа што пијан пеел руски народни песни. Поминал низ многу суров период, како дете, со еден родител кој не можел да најде работа затоа што нејзиниот сопруг бил етикетирани како инфорбировец. Дури и како млад, дедо ми, не можел да најде работа во таа средина, етикетата останала, па дошол во Македонија. И покрај ова, има слика од Тито и имал висока политичка функција дури и во тој режим. Дури и во независноста имаше неколку функции со ограничена политичка моќ. Сакам да кажам, и во такви услови, се пробил. Денес е невозможна мисија во ова политизирано општество.

Ќе се сложам со членовите од погоре, една железничка до Бугарија ќе правиме цела деценија, и тоа со наменски кредит кој ќе го враќаме со децении, а каматните ќе ги враќаат нашите деца. Еден пат Кичево-Охрид правиме неколку децении. Кога го почнаа пред 12-13 години, а нема абер да биде завршен. Финки стои недовршен една деценија. Имаме децентрализација каде општината, сама по себе, не може да собере средства да си ја плати општинската администрација. Останатите проекти кои мора да ги сервисира, како елементарни услуги, се научна фантастика. Дотации и кредити. Тоа се проектите односно проблемите кои први ми паѓаат на ум.

Башка тоа што навистина многу средства се вложени во Македонија, првенствено да се пресушат мочуриштата, да се направи основа за овој град (Скопје), во истустријализаија, односно работни места, потоа и во ерата пост-земјостерот каде речиси целиот град бил во руини. Денес тоа да ни се случи, ќе ставиме крст на овој град. Инвестирано е и во помалите градови, најголемиот дел од нив имале индустриски погони, фабрики и/или рудници. Ова било на штета на селото, се забрзала миграцијата, земјоделството и сточарството, кои тука вирееле со векови, почнале да умираат. Не дека било најсјајно, имале и ретардирани работи, како национализацијата, меѓутоа општествениот стандард бил многу подобар од сите околни држави на Балканот, па и од горе именуваните.

Кина својот прогрес го направи во 90тите, а не кога беше класична комунистичка земја. Имаше таму една реформа од 1989 (на излет сум, не можам да пребарувам), која ние парцијално ја пресликавме - слободните индустриски зони. Така да споредбата не може да се прави низ денешна перспектива затоа што немаш призма, немаш што да споредуваш, тоа општествено уредување беше напуштено, и кај нас во 90тите, а процесите започнаа со законите при крајот на 80тите години. 35 години имаш капитализам, ако некаде заостануваме, вина треба да се бара и во овој систем.

Треба да се има во обзир и фактот дека комунизмот беше напуштен 1950, а во овој период цела Европа закрепнуваше од раните од втората светска војна. Цели држави беа уништени, цели градови беа срамнет со земја, плус, кај нас, имаше и феномени каде НДХ креираше геноцид и мораше да се најде начин да се ускладат сите народи и народности во една држава, со своите култури, под една капа, која има за цел да наметне нова културна револуција. Дури и Сталин бил скептичен за овој неприроден проект.

Немаме ништо, никаква индустрија, никаков план. Луѓето, пред се младите, имаат желба да ја напуштат оваа држава. Помалите градови се крајно запоставени. Пропаѓаат. Граѓаните не гледаат иднина во рамките на оваа наша татковина.

И да, Југославија умре со Кардељ, 1979, а не со Тито. :)
 
Па кога веќе има изградени основни и средни училишта, а бројот на луѓе во државата се намалува, сигурно нема да градиме нови, па тоа да биде мерка за успешност на општество. Сите основни и средни училишта во поголемите општини се реновирани од корен. И тоа не не прави ниту поуспешни, ниту помалку успешни. УКиМ и во Југославија и сега била и е вечерна школа. Јас целосно би го ваучеризирал и приватизирал високото образование, ама тоа е друга тема.

Тешка индустрија имало секаде, точно. И хемиска индустрија. И многу поризична. И сепак, апсолутно нигде тие не оставиле токсични бомби на отворено. Тие гиганти и треба да останат затворени. Плус да потрошиме околу милијарда до 2 милијарди да ги исчистиме последиците од нив. Отворање на охиси и југохроми субвенционирани од државата нема да донесе никаква економска иднина.

За енергетика - ТЕЦ е намален во удел на производство од над 75% годишно, до под 50% годишно само со дозволување на приватници да влезат во приказната. И тоа е одличен пример зошто државата треба да одјебе од економија.
Океј де, нека не се гради, ама да се реконструира и реновира може. Не, не се секаде изреновирани училиштата. Може овие поголемите училишта да, ама во помалите градови на периферијата сеуште има училишта со влага, искршени клупи, ужасни тоалети, срушен кров и слично.

За УКИМ тоа што си го пишал сега ме навреди и мене и сите ние што имаме завршено таму. Да си ја искинеме дипломата слободно.

За делот со токсичните бомби се согласува 1000%, но пак ќе кажам наместо да се затвораат таквите капациетети, во 21-ви век зарем не постојат некои методи со кои може да изградиме нешто еколошки подобро, или барем да ги трансформираме истите?

Ако државата одјебе од енергетика, е дури тогаш ќе пуштаме светилки само на евтина струја која кој знае и дали ќе ја има.

Еве последно и актуелно беа и болниците во Кочани. Ужас до ужас. Повеќето болници ни се такви за жал. И не само болниците и за пожарникарите збореа, во какви услови работат и со какви капацитети располагаат, возила од 80-тите, а тие поновите сите се донирани користени возила. Да не зборам за армијата и полицијата кои немаат ни униформи, ни чизми.

Да не беше Груевски, немаше ни тоа што е реконструирано и реновирано да го имаме. Тој беше единствениот период кога државата покажа дека може да реконструира училишта, да изгради нови сали како Јане Сандански и да купи нова медицинска опрема за болниците. Пред тоа и после тоа, имаме само стагнација.

@Harry the dog епа тоа го зборам. Еве барем да се одржува.
Автоматски споено мислење:

Немаме ништо, никаква индустрија, никаков план. Луѓето, пред се младите, имаат желба да ја напуштат оваа држава. Помалите градови се крајно запоставени. Пропаѓаат. Граѓаните не гледаат иднина во рамките на оваа наша татковина.
Порано имало некаква визија, сега ни тоа го немаме.
 
Последно уредено:
Најдобрите училишта во Скопје не се изградени во нивно време, најголемите и најдобрите спортски сали не се. Од болници, би преферирал приватни. Железнички, ја почнале и никогаш недовршиле. Автобуските нешто слично, и во Скопје и во државава. Таа што половично личи на нешто, не е од нивно време.

За патишта да не зборам. Индустријата што ја граделе - секаде е со канцер до нејзе. Охис, Југохром, секој рудник што го изградиле е со депонија за токсичен отпад на отворено, веднаш до него. Менталитет на ѓупци, на ниво на Индија, уфилманост како да се 10та генерација аристократија.
... најдобри објекти сега? може нешто по надворешен изглед, ништо не по пропис изградено, поарно сега архитектонски факултет да го затворат, нема статистика, нема надзор, нема стандарди во градењето, Југославија имаше критериуми „по ЈУС“ (Југословенски универзален стандард) што означува квалитет, прецизност, стандардизација изработени според строги технички норми, во преносна смисла означува нешто сигурно, квалитетно и проверливо.

...денес нема никаков стандард ни во исхрана, хранителен производ од исто место на производство сериски има различен квалитет, обувки со различни броеви од различни производители за иста големина на стапало, облека за исто тело со различни величини, ништо квалитетно, рециклирано и употребено на несоодветно место, лековите (вакцините) сигурни клинички проверени, денес бизнис во медицина и бизнис со здравјето на човекот, допрва секојдневно ненајдено умираат луѓе на најдобра возраст, онкологија се полни со пациенти со ненајдени појавен инвазивен канцер, автоимуни болести во последните три години колку сакаш, аутизам, хомосексуалност, педофилија, наркоманија, коцкарници и оболожувалници на секој чекор, неквалитетна вода за пиење, ГМО храна све штетно прскано, непроверено, џубре и самоволие и неисгурност за сопствен живот. тоа го немаше во Југославија, една слика на чело на училница со Маршал на цела Југославија, цврста рака која води, а не денес сите неспосбни дркаџии да се менуваат на власт, премиери, претседатели, функционери, советници, експерти, МАНУ, сите со фабричка грешка фалични луѓе!

... тогаш постоеше „Голи Оток“, една власт, еден Маршал, еден збор, една дисциплина, една војска, а не македонските дркаџии како Љ.Георгиевски, Б,Црвенковски и низа починати да не ги именувам, како и новите наследници циркузанти дебилни луѓе од семка од Муртино и предци предавници како З.Заев, В.Филипче, Д.Димитров, Д.Ковачевски, судство со бисерите како Кацарска и Русковска и другата багра кои се уште се вртат како политичари, неспособни продадени души на македонска кауза, етничките албанци не ги спомнувам, нивното ДНК се уште го има овчарството и занаетчии и ништо друго, со сила интелектуалци не ги бива, па имале десет платени дипломи и титули до Доктор на науки, во душата се овчари и нецивилизирани, на жалост такви ќе останат најмалу уште 100 години!

...да ги немаше хидроцентралите и болниците од тоа време изградени, државата не ќе имаше ни струја, ни храна ни здравство, ќе беше една голема штала, во кал и макадам улици!

П.С.
дали вооопшто вие кои пишувате сте слушнале или знаете што значи по „ ЈУС“ за да било што коментирате? :toe:
 
Порано имало некаква визија, сега ни тоа го немаме.
Ти реков дека ќе дојдеш на моето! Ти реков?

Мене ми е глупаво да споредувам СССР и Југославија каде во едниот систем, океј, режим, поради системските одлуки и решенија, милиони луѓе умреле од глад. Систем каде ти треба специјална дозвола да прошеташ зад Железната завеса. Дури имаш и инуштување на слободниот интелектуален дух, како Вавилов на пример, а тука се и писателите, уметниците и спортистите.

Другиот систем, со културната револуција на Мао, се посра на целокупната милениумска култура. Газиш врз планина убиени невини луѓе само за да постигнеш извесна цел. Исто, глад и репресија. Ама важно се продава убавата слика за комунизмот. Или си со нас или со против нас. И тука имаш граѓанска војна за превласт, после втората светска војна, уништени градови, јапонците правеле масакри, плус тестирале и хемиско оружје над нив.

Сите имале своевиден непријател, како главна алка на пропагандната машинерија, и така се направила индоктринација кај народот, со попатна репресија.

И тука имало извесна репресија, ама не била евидентна до тој степен. Шишков не е дел од истата (ова не е за тебе).
 
(една железничка до Бугарија ќе правиме цела деценија, и тоа со наменски кредит кој ќе го враќаме со децении, а каматните ќе ги враќаат нашите деца.)
***
... градењето во екс ЈУ било паметно организирано „Радна акција“ се потепувале младината да одат да работа, денешнава младина ги мрзи да купат леб за родителите, а не да работат тешки работи на пруга и тоа безпари, имало желба, имало дисциплина, имало солидарност имало многу човечки вредности и љубов што денес тоа го нема, денес брат и сестра ќе се потепат за едно дрво во дворот на која страна на имовина пораснало, родители не ги гледаат, нема совест, емпатија, бунтовници без причина, трула младина, нема правда нема мир!

во сопствениот двор не се чисти ѓубре, а не да се натера на омладинска акција безпари за градење на пруга од Македонија до Бугарија, прво тие што треба да организираат треба да се такви деца на вредни родители, ама изгледа сите потекнуваат од комуњари и најчесто нивните наследници се со фабрички грешки во однесување и размислување, ќе натераш дете на комуњар да работи хуманитарно, ма јок, тој се храни овде на НЕТ да ти напише бијонс е таква и ваква како најголем успех во денот!

... денес има појава, желба и намера и како сакате кажете, да исчезне, да се руши, све што е остаток од екс ЈУ, ма колку тоа да е непотребно, не само во објекти, туку паркови, национални богаства да се уништат изгорат...

... денес капитализмот применува кинески комунизам, го анализира и се труди да го примени, а не дека ќе исчезне комунизмот, контрола на човекот во секоја сфера и негова зависност, послушност, едноумие како што беше во комунизмот, капитализмот веќе го применува преку дигиталната технологија да луѓето потполно зависат од централата, впрочем сетете се на вметнатата антиковид вакцина во вашето рамо, ниту знаете од каде, што ви се стави едноставно „наредба“ слепа послушност без размислување, тоа е комунизам!

П.С.
и тоа што моите коментари воопшто не се читат, па и не се коментираат поинаквото мислење е последица на наследниците на комуњари да во недела наместо да се работи, ете Велигден доаѓа, се седи на НЕТ, без веза, гледајќи соговорникот дали има две или три точки!
поздрав, продолжете! :smirce:
 
Последно уредено:
И да, Југославија умре со Кардељ, 1979, а не со Тито. :)
Со ова би се согласил, ама ебате системот што зависи од генијалноста на еден човек да пазарните реформи ги препакува во самоуправувачки целофан и да лаже ретарди. :)
Океј де, нека не се гради, ама да се реконструира и реновира може. Не, не се секаде изреновирани училиштата. Може овие поголемите училишта да, ама во помалите градови на периферијата сеуште има училишта со влага, искршени клупи, ужасни тоалети, срушен кров и слично.

За УКИМ тоа што си го пишал сега ме навреди и мене и сите ние што имаме завршено таму. Да си ја искинеме дипломата слободно.

За делот со токсичните бомби се согласува 1000%, но пак ќе кажам наместо да се затвораат таквите капациетети, во 21-ви век зарем не постојат некои методи со кои може да изградиме нешто еколошки подобро, или барем да ги трансформираме истите?

Ако државата одјебе од енергетика, е дури тогаш ќе пуштаме светилки само на евтина струја која кој знае и дали ќе ја има.

Еве последно и актуелно беа и болниците во Кочани. Ужас до ужас. Повеќето болници ни се такви за жал. И не само болниците и за пожарникарите збореа, во какви услови работат и со какви капацитети располагаат, возила од 80-тите, а тие поновите сите се донирани користени возила. Да не зборам за армијата и полицијата кои немаат ни униформи, ни чизми.

Да не беше Груевски, немаше ни тоа што е реконструирано и реновирано да го имаме. Тој беше единствениот период кога државата покажа дека може да реконструира училишта, да изгради нови сали како Јане Сандански и да купи нова медицинска опрема за болниците. Пред тоа и после тоа, имаме само стагнација.

@Harry the dog епа тоа го зборам. Еве барем да се одржува.
Автоматски споено мислење:

Порано имало некаква визија, сега ни тоа го немаме.
Има де, како што во Југославија имало. Цело класови учеле во училници по шупи, надвор од главната зграда, и дежурниот ученик имал обврска да го ложи ќумбето.

Не знам зошто те навреди, УКиМ никогаш не важел за престижен универзитет. Ниту пак некогаш продуцирал наука.

Апсолутно треба да ги трансформираме во чисти зони, и економијата да ја пренасочиме кон енергетика, сервиси и наука. Не кон индустрија, копање руди и минирање планини. Од трудоинтензивните сектори, само земјоделие треба да ни е интерес.

Ќе ја има. Откако се дозволи конкуренција во приватниот сектор, најголем дел од фабриките станаа енергетски независни. Кои со солари, кои со ветерници, кои со мали хидроцентрали, кои со комбинација од се тоа. Пазарот ќе си го направи своето. Државата треба да се фокусира само на големите хидроцентрали (затоа што водата е национален ресурс), и стратешката инфраструктура (гасоводи и продуктоводи). За се друго, пазарот ќе си го направи своето.

И не знам зошто споредбата е со денес? Темата е Југославија vs СССР vs Кина, не Македонија во СФРЈ vs Македонија денес?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom