Потекнувам од комунистичко семејство, дедо ми и ден денес се декларира како комунист. Ми вика дека идеологијата не е нешто што се пере со вода.
Пораснал во средина каде дел од семејството му било стрелано затоа што пребегнало во партизани, некои од ние се одликувани како народни херои. Тоа е средината во која растел и се развивал, иако неговиот татко го пратиле на Голи Оток затоа што пијан пеел руски народни песни. Поминал низ многу суров период, како дете, со еден родител кој не можел да најде работа затоа што нејзиниот сопруг бил етикетирани како инфорбировец. Дури и како млад, дедо ми, не можел да најде работа во таа средина, етикетата останала, па дошол во Македонија. И покрај ова, има слика од Тито и имал висока политичка функција дури и во тој режим. Дури и во независноста имаше неколку функции со ограничена политичка моќ. Сакам да кажам, и во такви услови, се пробил. Денес е невозможна мисија во ова политизирано општество.
Ќе се сложам со членовите од погоре, една железничка до Бугарија ќе правиме цела деценија, и тоа со наменски кредит кој ќе го враќаме со децении, а каматните ќе ги враќаат нашите деца. Еден пат Кичево-Охрид правиме неколку децении. Кога го почнаа пред 12-13 години, а нема абер да биде завршен. Финки стои недовршен една деценија. Имаме децентрализација каде општината, сама по себе, не може да собере средства да си ја плати општинската администрација. Останатите проекти кои мора да ги сервисира, како елементарни услуги, се научна фантастика. Дотации и кредити. Тоа се проектите односно проблемите кои први ми паѓаат на ум.
Башка тоа што навистина многу средства се вложени во Македонија, првенствено да се пресушат мочуриштата, да се направи основа за овој град (Скопје), во истустријализаија, односно работни места, потоа и во ерата пост-земјостерот каде речиси целиот град бил во руини. Денес тоа да ни се случи, ќе ставиме крст на овој град. Инвестирано е и во помалите градови, најголемиот дел од нив имале индустриски погони, фабрики и/или рудници. Ова било на штета на селото, се забрзала миграцијата, земјоделството и сточарството, кои тука вирееле со векови, почнале да умираат. Не дека било најсјајно, имале и ретардирани работи, како национализацијата, меѓутоа општествениот стандард бил многу подобар од сите околни држави на Балканот, па и од горе именуваните.
Кина својот прогрес го направи во 90тите, а не кога беше класична комунистичка земја. Имаше таму една реформа од 1989 (на излет сум, не можам да пребарувам), која ние парцијално ја пресликавме - слободните индустриски зони. Така да споредбата не може да се прави низ денешна перспектива затоа што немаш призма, немаш што да споредуваш, тоа општествено уредување беше напуштено, и кај нас во 90тите, а процесите започнаа со законите при крајот на 80тите години. 35 години имаш капитализам, ако некаде заостануваме, вина треба да се бара и во овој систем.
Треба да се има во обзир и фактот дека комунизмот беше напуштен 1950, а во овој период цела Европа закрепнуваше од раните од втората светска војна. Цели држави беа уништени, цели градови беа срамнет со земја, плус, кај нас, имаше и феномени каде НДХ креираше геноцид и мораше да се најде начин да се ускладат сите народи и народности во една држава, со своите култури, под една капа, која има за цел да наметне нова културна револуција. Дури и Сталин бил скептичен за овој неприроден проект.
Немаме ништо, никаква индустрија, никаков план. Луѓето, пред се младите, имаат желба да ја напуштат оваа држава. Помалите градови се крајно запоставени. Пропаѓаат. Граѓаните не гледаат иднина во рамките на оваа наша татковина.
И да, Југославија умре со Кардељ, 1979, а не со Тито.
