Можете за 900/1000 евра во странство да купите корса, пежо 106, фиеста, твинго + 500 евра преведување а сите се подобри од југото и тоа од 97/98 година.
Поздрав
За таа цена точно дека ке купиш од странство подобра кола од југото, ама прашање е дали имаш да платиш уште 800 евра минимум не 500, за додатни трошоци како што се:
1) Патни, до Словенија и назад, 200 евра+ COL таблички 80 евра+ TUV документ 80 евра.
2) Гранична царина, 50 евра.
3) Т1 документ 50-60 евра.
4) Царина, 1% за кола со ЕУ потекло, 5% за кола со друго потекло.
5) Данок 18% од каталошката вредност на возилото.
6) Акциза 0% до вредност до 3000 евра.
7) Еколошка такса 50 евра.
8) Превод на документи 30 евра.
9) Хомологација 80 евра
10 регистрација 200 евра вкупно со вклучен трошок за издавање таблици.
И на крај кога ке видите колата што во странство сте ја платиле 800 евра, дури да ја донесете нема да биде помала од 1800 евра.
Е па сега споредете дали е реална цената на Југото што јас го продавам.
Јас го продавам 900 евра, со можност за договор.
А вие ми викате скапо сум ја давал од странство вака онака.
Ја ви кажувам дека од странство ако некој земе здрава кола, не е битно која марка, под услов да може да се регистрира тука трошоците нема да му бидат помали од 1300 евра.
Значи тоа е за 500 евра поскапо од моето Југо, кое е во добра возна состојба.
И за крај има многу луѓе на кои им треба превоз а немаат повеке од 1000 евра, а се брзаат да купат некој кола.
Што вие мислите дека тие ке купат, и кој им е нивниот избор освен да си купат некое добро сочувано југо или некаква застава?
Значи таа е мојата целна група.Ја не ни очекувам дека некој што има 1500-1600 евра да се заинтересира за југо.
Јас очекувам дека некој кој има максимум 1000 евра да е заинтересиран за мојата кола.
Поздрав:smir: