Купувам - продавам

  • Креатор на темата Креатор на темата Попај
  • Време на започнување Време на започнување
Ај помош при купување плс-----

Пежо 206 , 1,4 бензинец 1998 година крај на бугарски таблици во Куманово ми го продава за 1900 евра.

Што мислите за ова??????? Се исплати ли???
 
Толку би те коштало и во бугарија, 2000 евра.. само тамо и плус давачки за увоз.. е сеа незнам какви се процедурите за префрлање на мк таблички и колку ке те кошта
 
Дечки сакам еден реален одговор од вас.
Продавам Југо, добро сочувано, цената ја пишав 1000 ама би се пазарел до 900евра. Дали вреди југото 900 евра?
Еве ви линк:
http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=683547

Ве молам дајте ваша оцена.:smir:
 
не ти купуе никој југо сеа за 900 евра.. да си ја продавал пред неколку месеци можда ке поминело...
 
Ајде нека паднат југовциве до 500 евра максимум време е
 
so e ova be so dupli pedalji avto skola da ne bilo?
Да било авто школа две години од 1991-1993, потоа е купено од татко ми и од тогаш ги немаме извадено командите, така јас се научив да возам. :))).
Значи сите мислите дека скапо го давам. Можда и треба да го намалам малку, ама не како армин што претера 500 евра ми го проценува.
Кажи ми Армин, за еве да речеме 800-900 евра која друга кола би ја купил, или би ја донел од странство и да ја префрлиш на наши табли со се регистрација, каква кола би донел, зборам здрава кола, без никаков квар у сообраќајка, со вграден плин или еве не мора со плин? Ама само да те потсетам дека само плинскиот систем неможеш да го најдеш и вградиш за помалку од 150 евра, тоа ти е најевтина варијанта освен некој ако ти го подари.
Еве ти направи пресметка, располагаш со 900 евра, каква кола ке купиш и од каде?
 
Абе не треба да гледаш така на работите.
Гледај вака.
Секој знае дека поефтино е да донесеш кола од странство и никој неке да купи скапа кола од тука зашто врти сучи секако дека ке најдеш поевтина у странство. Е сеа.. за 900 евра нема да најдеш , али никој не би дал 900 евра за југо знаејќи дека за уште 1000 евра ке вози 5 пати подобра кола. И макар да ги нема тие 1000 евра. југо нема да ти купи од пуста мука :)
 
Епа нека си одат пешки :pos2:
 
Абе дај кажите ми ве молам- бугарска кола во скопје од човек од скопје -дали може купопродажен договор во македонија да направиме и да си ја царинам???????????????????????????????
 
Абе не треба да гледаш така на работите.
Гледај вака.
Секој знае дека поефтино е да донесеш кола од странство и никој неке да купи скапа кола од тука зашто врти сучи секако дека ке најдеш поевтина у странство. Е сеа.. за 900 евра нема да најдеш , али никој не би дал 900 евра за југо знаејќи дека за уште 1000 евра ке вози 5 пати подобра кола. И макар да ги нема тие 1000 евра. југо нема да ти купи од пуста мука :)
Не ти држи муабетот.
Многу луѓе располагаат со толкава сума пари, ништо повеке ниту помалку, имаат највише 900 евра, и сакаатсо тие пари да купат кола.
Ако 1000 евра за тебе се малку како што кажуваш "ке си додадат уште 1000 еврички", за мене и за многу други тоа се многу пари односно дупло повеке од она што некој располага и е расположен да ги даде за кола.
Моето прашање е многу јасно.
Во случај да имате 900 евра и само 900 евра каква кола би купиле освен Југо или некоја друга Застава и од каде би ја купиле таа кола?
На Марс можда?
Или во спротивно би иделе пешки како што кажа Боки претходно?
Па тоа е најдобро, штрајкувај , не купувај југо за 900 евра, иди си пешки, што да ти кажам друго.
 
Можете за 900/1000 евра во странство да купите корса, пежо 106, фиеста, твинго + 500 евра преведување а сите се подобри од југото и тоа од 97/98 година.
Поздрав
 
Можете за 900/1000 евра во странство да купите корса, пежо 106, фиеста, твинго + 500 евра преведување а сите се подобри од југото и тоа од 97/98 година.
Поздрав
За таа цена точно дека ке купиш од странство подобра кола од југото, ама прашање е дали имаш да платиш уште 800 евра минимум не 500, за додатни трошоци како што се:

1) Патни, до Словенија и назад, 200 евра+ COL таблички 80 евра+ TUV документ 80 евра.
2) Гранична царина, 50 евра.
3) Т1 документ 50-60 евра.
4) Царина, 1% за кола со ЕУ потекло, 5% за кола со друго потекло.
5) Данок 18% од каталошката вредност на возилото.
6) Акциза 0% до вредност до 3000 евра.
7) Еколошка такса 50 евра.
8) Превод на документи 30 евра.
9) Хомологација 80 евра
10 регистрација 200 евра вкупно со вклучен трошок за издавање таблици.

И на крај кога ке видите колата што во странство сте ја платиле 800 евра, дури да ја донесете нема да биде помала од 1800 евра.

Е па сега споредете дали е реална цената на Југото што јас го продавам.
Јас го продавам 900 евра, со можност за договор.
А вие ми викате скапо сум ја давал од странство вака онака.
Ја ви кажувам дека од странство ако некој земе здрава кола, не е битно која марка, под услов да може да се регистрира тука трошоците нема да му бидат помали од 1300 евра.
Значи тоа е за 500 евра поскапо од моето Југо, кое е во добра возна состојба.
И за крај има многу луѓе на кои им треба превоз а немаат повеке од 1000 евра, а се брзаат да купат некој кола.
Што вие мислите дека тие ке купат, и кој им е нивниот избор освен да си купат некое добро сочувано југо или некаква застава?
Значи таа е мојата целна група.Ја не ни очекувам дека некој што има 1500-1600 евра да се заинтересира за југо.
Јас очекувам дека некој кој има максимум 1000 евра да е заинтересиран за мојата кола.

Поздрав:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom