Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Во ваков стан би можел и на рингла да се грееш!
А разладува и лето или само за греење е?
За одржавање, можеби ќе треба само да провериш одвреме-навреме барометарот дали е во нормална граница (да не губи вода..), и се друго на сервис оставаш!
Толку!
Ќе треба со вода да допунувам ако е испод? Или сервис тогаш? На колку време треба сервис, годишно треба да се проверува пред сезона? Се чисти нешто, ова она? Сега кај што рентам е на гас, секоја зима требаше да допунувам вода во едно бојлерче бидејќи паѓаше едно мерило, поради што ќе го поплавев станот еднаш.
Уште една битна работа, подното е пасивно и инертно греење што значи нема гасење никако!
Да, ова го рекоа и претходните сопственици. Имам некои материјали, но се губи на превод и плус кога појма немам од овие работи… шпанско село.
 
А разладува и лето или само за греење е?

Ќе треба со вода да допунувам ако е испод? Или сервис тогаш? На колку време треба сервис, годишно треба да се проверува пред сезона? Се чисти нешто, ова она? Сега кај што рентам е на гас, секоја зима требаше да допунувам вода во едно бојлерче бидејќи паѓаше едно мерило, поради што ќе го поплавев станот еднаш.

Да, ова го рекоа и претходните сопственици. Имам некои материјали, но се губи на превод и плус кога појма немам од овие работи… шпанско село.
Епа тоа е тоа што си го правел и до сега, без разлика гас или ТП.

Е сега не знам на Запад како е, ама бидејќи ренташ, најдобро би било сопственикот (или агенцијата) еднаш-двапати да го викнеш ако видиш дека паѓа или не е у ред!
Не би требало твоја обврска да е тоа...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Епа тоа е тоа што си го правел и до сега, без разлика гас или ТП.

Е сега не знам на Запад како е, ама бидејќи ренташ, најдобро би било сопственикот (или агенцијата) еднаш-двапати да го викнеш ако видиш дека паѓа или не е у ред!
Не би требало твоја обврска да е тоа...
Рентавме тој со гас, сега овој со тп систем е наш, па одговорноста за одржување ќе е моја. Џпт вели дека лади и преку лето со тоа што го вади топлиот воздух надвор, наспроти зима внесувајќи го внатре, ама не знам колку тоа прави разлика ако не ме перка ладен воздух. Друг проблем е што топли насекаде рамномерно преку подот, а јас сакам да спијам во ладна соба што не се грее во зима, бидејќи освен што е навика, е и поздраво. Почнуваат да ми фалат радијаторите поради мануелна контрола од тоа што читам до сега.
 
Ништо тогаш... ќе си го најдеш разводникот (една кутија во долниот дел на ѕидот од која се двојат сите црева за сите соби за подното..). Се надевам обележано е кој вентил за кој круг е.. и ќе го затвориш кругот за спалната.
Не би требало да е проблем.
На таква изолација, и онака нема да излади премногу спалната, па би требало во ред да ти е.

Е сега за ладењето.. се што е врвно и идеално кај подното за греење, е сосем обратно за ладење!
Нема борба против физиката!
Тоа е..
 
Како функционираат топлотни пумпи и греењето во ваков стан објаснето како на 5 годишен, и кои се моите обврски како нов сопственик кон нив? @PticaSelica @Vanlok

Прегледај го приврзокот 473551
Kaко што кажа Птицата.

Плус:

Како функционира (како да имате 5 години)

Топлинската пумпа е како магичен фрижидер што работи обратно: зема топол воздух или топлина однадвор (дури и ако е ладно) и го преместува внатре за да го направи станот удобен.
Подно греење: Подот е големо топло ќебе што ги прави вашите прсти среќни кога одите.
Топлинска пумпа: Замислете магична кутија што вшмукува топлина однадвор (дури и од ладен воздух) и ја дува во вашиот дом - како пријателски змеј што позајмува топлина и ја внесува внатре.

Што треба да направите вие, како нов сопственик (едноставни правила):

Дозволете им на возрасните да проверат: Обучено лице (техничар) нека се грижи за магичната кутија околу еднаш годишно.
Држете ги работите чисти: Не ставајте играчки, кутии или мебел над отворите за вентилација или надворешната единица - им треба простор за дишење.
Не боцкајте и не го поправајте сами: Ако нешто се скрши, повикајте возрасен кој знае како да ги поправи овие работи.
Кажете му на некого ако не е во ред: Ако слушате чудни звуци, мирисате чудни работи, гледате барички или престане да се загрева, кажете му на управителот на зградата или на техничар.
Зачувајте ги документите: Зачувајте ги сервисните белешки и прирачниците - тие се како книга со приказни за машината.

Вашиот пријател, Чет
Автоматски споено мислење:

Треба да има разделник за по соби, ќе ги прашаш техничарите да исклучат поединачна соба. Ако нема... :-/
Автоматски споено мислење:

Џпт вели дека лади и преку лето
Подно греење е топ работа, ама подно ладење... Не баш.
 
Дали банката дава поволен курс ако сакам да купам евра од истата?
 
Дали банката дава поволен курс ако сакам да купам евра од истата?
Не ,ако ти е поголема сума на пари појди во некоја менувачница па може да добиеш некој денар повеќе односно помалку
 
Барав нешто на Google msps и гледам им се застарени сликиве Google Street на локацииве во Македонија.
Знае некој дали во брзо време ќе фотографираат во Македонија или пак на колку години од прилика се прави ново ажурирање/фотографирање на некој град?
 
минатата година снимаа гугл кога ќе ги пуштат новите мапи кој да знае одеше и по медиумите инфо инаку во моментов и хере снимаат

туку кога сум тука ај да каже некој која суб даска е прифатлива за основни потреби на почетник, јас ја меркам оваа ама не сум одлучил примам предлози а ако има некој искуство со конкретно што да се одбегнува би било ок совет
1776514554389.jpeg
 
Не знам кај да пишам. Итно, најитно ми треба (имате триесетина минути) некој ресторан за да го поминеме денов, надвор од Скопје, кај што пече сонце и има убава природа. :D
 
Не знам кај да пишам. Итно, најитно ми треба (имате триесетина минути) некој ресторан за да го поминеме денов, надвор од Скопје, кај што пече сонце и има убава природа. :D

На колкав радиус "надвор"? :D
Визијана (ако најдеш место) - Мој фаворит у однос храна, цени, амбиент
Етно Село
Парк Гиновци
Амбиент Пишица

Ако сакаш само надвор од центарот на Скопје
Златно Буре
Вила Весница (*храна по протокол, ако пребираш како мене може и не е идеално место :D)
Потковица

Дали ќе те пече сонце, зависи каде ќе те седнат :D
 
Радиусот може да го опфати и Велес, Штип. Idk, Македонија не е голема.

Сакам да одам во Гостивар на Вруток, ама изгледа за некоја друга прилика тоа. Повеќе време ми треба за таму. :D
 
Радиусот може да го опфати и Велес, Штип. Idk, Македонија не е голема.

Сакам да одам во Гостивар на Вруток, ама изгледа за некоја друга прилика тоа. Повеќе време ми треба за таму. :D
Ако си за Штип:

- Нецко 2
- Штипска куќа
(Прават и добри пастрамајлии)
 
Радиусот може да го опфати и Велес, Штип. Idk, Македонија не е голема.

Сакам да одам во Гостивар на Вруток, ама изгледа за некоја друга прилика тоа. Повеќе време ми треба за таму. :D

Велес
- Брод Банини - во делот околу езерото ми е омилено место ако приоритет ми е храната. Сонце многу нема да видиш, малце тиња околу езерото, ама за мој вкус најдобра храна.
- Романтик - отмено, професионална услуга, добра храна, поскапо во споредба со бродот. Генерално не сум имал лошо искуство таму.
- Бела Вода - место со многу потенцијал, но треба некој да им го разработи локалот. Најлоша услуга, најлоша храна. Спротивно од искуството со Романтик што го имам. Во однос на "природа" можат најдобро да котираат, ама за другиот дел треба да поработат многу.
- Глориус - на средина би ги ставил. Добар избор на храна, солидна кујна. Не знам дали е отворен летниот дел или се уште се горе, кај што ако не си до прозор и нема да ти е интересно.
- Сопот - беше многу подобро едно време. Менито и изборот на храна е намален у споредба со порано. Малце "фенси" ми се станати и не се за "шарска со помфрит" гости :D

Штип треба и јас да го истражувам :D

Вруток имам седено во Бурими неколку пати. Со цени доста нагоре отидоа знам, поскапи од просечна скопска кафана, што обично не е случај за кафана надвор од Скопје.
Не јадам риба за да им го оценам специјалитетот, со другото месо ме немаат импресионирано. Ама лебот им е фантазија! И ја слушаш рекичката како тече покрај маса, го имаш звукот на природата таму :D
*не работат со резервации

Кај и да решите да го поминете денот, убав провод!
 
Back
На врв Bottom