KSC #364 - Македонската музика низ светот

  • Креатор на темата Креатор на темата Darklady
  • Време на започнување Време на започнување
Јас би ги забранил српскиве артисти, особено од времето на Ју (па и цела бивша Ју). Практично иста земја бевме :)
+1

Дури, така може да влезат првите победници на Макфест: Хелена Благне - Кога те нема, Кичо Слабинац - Не враќај се, не буди ме, Зорица Конџа - А Бог да знае, Поп дизајн - Дајте ги рацете, и многу други. Па дури и Љупка Димитровска - Ѕвона ѕвонат.
 
Мислам убаво е да се постираат македонски песни, испеани/препеани...
А не циго-џез аранжмани што целосно ја касапат музиката, па макар и најубаво пеела пејачката!

А таква "уметност", има на Телма "Џез за 2% од вас" кај што утнале у втора децимала да ја стават двојката... :rolleyes:
 

:bravobe:
И баба ми може да ја пее оваа песна во Богота... да ги видам во Прилеп... :pos:

 
Без разлика дали одобрат изведувачот да може да е од другите екс ју земји или не, оваа песна не е на македонски јазик така да мислам дека не влага во категоријата која се бара на темата. “Тема каде изведувачи од НЕмакедонско говорно подрачје пеат наши македонски песни.“. Значи мора и на мекедонски да е песната, не е доволно да е само за Македонија, ако добрo ја сфатив @Darklady секако.
 
Целта ми беше македонската музика и артистите од надвор кои ја почитуваат македонската песна. Замислата ми беше дека ќе се запознаме со артисти кои не ни се баш познати, а кои сепак изведуваат македонски песни. За жал кога е во прашање македонската музика, интересот е секогаш помал. Жално е што секогаш туѓото го цениме повеќе од своето.

 
Back
На врв Bottom