Survivor Србија/Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата TGTBF
  • Време на започнување Време на започнување
Не е спојлер, вчера беше премиера :D

Инаку не сум фан на оваа продукција. Не ми е на ниво на преживување.
Игрите исто се сведуваат на прецизност главно наместо на сила, брзина, спретност.
99% се прецизност. Не знам дали сте приметиле, ама воопшто нема врска кој кога стигнал во финалето на полигонот, каде нешто треба да се гаѓа. Гаѓањето е најважно. Вчера за прв пат може во двете сезони што ги следев видов некој кој изгуби зашто не беше доволно брз (Иан кога наполни една кофа наместо 2 на полигонот кај реката). Инаку секогаш победникот се решава во гаѓањето.

Инаку, да, неспоредливи се со старите Survivor-и, таму јадеа сматоци и бубачки, for God's sake! Сега нема такви предизвици како тогаш. Не треба ни да ги споредувате со нив, ова е ко сосема друго шоу денес.
 
Еве ги и овие на пустиот остров:

1773066167057.png1773066463175.png

25. Среќко Јоветиќ, 26, село Азење, Смедеревска Паланска, Србија, актер / порано фудбалер, MMA борец
26. Ива Чурчиќ, 20, Белград, Србија, модел / студентка по право

Уште двајца Хрвати остануваат (поточно едниот е од Аустрејлија :P ). Штом ги објават и нив, ќе ги споделам.
 
Еве ги и овие на пустиот остров:

Прегледај го приврзокот 471799Прегледај го приврзокот 471801

25. Среќко Јоветиќ, 26, село Азење, Смедеревска Паланска, Србија, актер / порано фудбалер, MMA борец
26. Ива Чурчиќ, 20, Белград, Србија, модел / студентка по право

Уште двајца Хрвати остануваат (поточно едниот е од Аустрејлија :P ). Штом ги објават и нив, ќе ги споделам.
Тој хрватот од Аустрејлија им е ко класен раководител, ко чит код за големина на некоја видеоигра :D
 
Остај тоа, туку ништо не го разбирам што зборува. Акцентот му е аустрејлиско-хрватски. Ко овие нашиве ко ќе дојдат кај нас: „One large fries ќе ми дајш“. :pos:
 
Многу чудна елиминациона борба вечерва. Последните 2 натпреварувачи
Маја и Барбара
буквално цело време не знаев дали се стварно толку глупави или намерно се прават зашто сакаат да одат дома. Очај!
 
Многу изненадувања годинава. Им донесоа уште 3 ново-стари натпреварувачи, 1 во зеленото племе, 2 во жолтото. Тоа се натпреварувачи од претходните години кои испаднаа доста рано: Анастасија и Марин од лани и Марина од пред некоја година.
 
Анастасија и Марин има логичка причина бидејќи и двајцата поради повреда се откажаа против своја желба, додека Марина не ми прави толку логика, бидејќи беше фер изгласана, без да има повреда (освен што и фалеше Габриел).
 
Марин ако не се лажам беше болен нешто, немаше повреда. Може сум грешка, не знам. Сезоната кога била оваа Марина не ја гледав, за нејзе не знам.

Ама Анастасја ми е бонбонче! И лани ја обожавав, и сега. :цицки: Уште повеќе ќе навивам сега за зелените. Еве и поен им донесе.
 
Да, повреда=болест порамнив во случајов, алудирав на виша сила (против своја желба). Иначе доста бече мистично со Марин, само се кажаа здравствени причини и тоа беше тоа.

Марина ти е без влакна на јазикот, беше во клан со Давид и Денис, двајцата убедливо најјаки натпреварувачи во таа сезона и ја тераа цела сезона сами против сите. Добар натпреварувач е.
Автоматски споено мислење:

Од зелените Адријана не можам органски да ја поднесам, другите сите ми се океј подносливи. Тежок манипулатор и сплеткарош, буцка во позадина цело време.
 
Да, да, да. Она и Стефан!

А Немања ми е бр.1 лик - најпозитивен, најнасмеан, искрен од старт и цело време победува на полигони, а вака да го видиш - најслаб делува од сите. Многу јако бате, навивам за него за победа. Башка и најблиску е до нас, Ниш. :P
 
Не сум ве известил тука. Пред неколку дена, учесничката на Survivor Srbija 2008 Panama, Вања Радовиќ, ги стави сите епизоди од најпрвата Survivor Srbija, која се емитуваше на А1 пред 18 години. Искрено ептен се израдував и веднаш почнав да ги гледам иако знам како заврши (стигнат сум до 25та), неспоредливо се подобри и поинтересни за гледање од новите. Продукцијата е полоша и монтирањето, но учесниците и игрите се каде каде поинтересни. Буквално секоја епизода ми е или 9 или 10 интересна, а од кога почнаа со репетативни полигони најинтересната епизода ми е 6 од 10. И тој момент на сите групно да учествуваат во играта ми е многу подобар од 1 на 1 дуели да има цело време и поени да собираат преку гаѓање мети на крај. Тука имаш пливање, нуркање, сила, мозок, баланс, издржливост, тактика, во новиве имаш само прецизност. А и условите се каде каде побрутални, цели се подуени и изедени од бубачки, јадат се што најдат по плажа, а никој не се откажува, луѓето одбрани се во добар процент луѓе од социјално ранливи категории, градежни работници, келнери итн. Врска си нема со Survivor сега што оди, друго шоу тотално. Ако некој тргне да ја гледа и сака да коментираме, а му е глупо тука, нека ми пише пп, а и да не откриваме спојлери за тие што своевремено не ја гледале на А1.

Последно уредено:

Има и од други сезони епизоди ама веројатно поради авторски права морале да ги избришат повеќето епизоди.

Еве на овие канали има
 
Back
На врв Bottom