KSC #362 - Bijelo Dugme

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
17.699
Поени од реакции
44.344
Локација
Скопје
Остануваме на Југа! Пресудно за да ја отворам оваа тема беше не само тоа што никогаш сме немале тема за веројатно најпознатиот и најпопуларниот бенд од поранешна Југославија, туку и тоа што ни една песна на „Копчињата“ никогаш не победила на Kajgana Song Contest. Е па, ајде да го смениме тоа!

1773661545616.png

Бијело дугме е популарен рок бенд од Сараево, Босна и Херцеговина, од времето кога таа сè уште била дел од Југославија. Бендот постоел меѓу 1974 и 1989 година. За него се смета дека бил најпопуларен бенд кој воопшто постоел во Југославија и еден од највлијателните состави на Југословенската рок сцена.

Бијело дугме е основен од Горан Бреговиќ којшто е роден во Сараево. Тој го минал поголемиот дел од своето детство во музичко училиште, учејќи да свири виолина, но од таму бил избркан заради недостаток на талент. Набрзо потоа, неговата мајка му купила гитара, и подоцна таа инвестиција се исплатила кога е формирано Бијело Дугме. Горан Бреговиќ честопати признал дека негова главна мотивација за формирање на бендот била бидејќи "девојките повеќе ги сакале музичарите". Бреговиќ е композитор на бендот и ги има напишано најголемиот број на текстови, иако некои од најпопуларните текстови на Бијело Дугме се напишани од други автори, на пример: Ima neka tajna veza, Glavni junak jedne knjige, Šta bi dao da si na mom mjestu и Pristao sam biću sve što hoće се напишани од Душко Трифуновиќ, Da sam pekar и Selma од Владо Дијак, Лоше вино од Арсен Дедиќ итн.

По собирањето на првата постава на бендот, Бијело Дугме под име Јутро го потпишува договорот за издавање на сингл со компанијата Радио Крушевац. Првиот сингл е наречен Kad bi' bio bijelo dugme. По издавањето на синглот, менаџерот на бендот го убедува Бреговиќ да го промени името во Бијело Дугме.

Набрзо по промената на името, Горан Бреговиќ и легендарниот музички продуцент и ловец на таленти Никола Борота Радован биле во можност да го снимат и издадат првиот хит сингл под знакот на Југотон. Синглот ги содржел песната "Top" со "Ove cu noći naći blues" на Б страната. Песните се снимани во "Studio one" на државното Радио Сараево и се првите стерео записи направени со mono recording опрема. Одговорен за овие иновации повторно е Никола Борота Радован со помош од тонмајсторот Антун Марковиќ.

Студиски албуми (со зелено се албумите на Бебек, црвено на Тифа, сино на Исламовиќ):
  1. Kad bi' bio bijelo dugme - 1974
  2. Šta bi dao da si na mom mjestu - 1975
  3. Eto! Baš hoću! - 1976
  4. Bitanga i princeza - 1979
  5. Doživjeti stotu - 1980
  6. Uspavanka za Radmilu M. - 1983
  7. Bijelo dugme - 1984
  8. Pljuni i zapjevaj moja Jugoslavijo - 1986
  9. Ćiribiribela - 1988
Албуми во живо:
  1. Koncert kod Hajdučke česme - 1977
  2. 5. april '81 - 1981
  3. Mramor, kamen i željezo - 1987
  4. Turneja 2005 - Sarajevo, Zagreb, Beograd - 2005
Компилации и синглови:
  1. Iz sve snage - 1975
  2. Ipe Ivandić i Bijelo Dugme - 1976
  3. Svi marš na ples! - 1981
  4. Singl ploče (1974-1975) - 1982
  5. Singl ploče (1976-1980) - 1982
  6. A milicija trenira strogocu! (i druge pjesme za djecu) - 1983
  7. Sanjao sam noćas da te nemam (Velike rock balade) - 1984
  8. Rock & Roll - 1988
  9. Nakon svih ovih godina - 1990
  10. Ima neka tajna veza - 1994

Сите некогашни членови на Бијело Дугме:

Горан Бреговиќ
Жељко Бебек
Младен Војичиќ - Тифа
Ален Исламовиќ

Зоран Реџиќ
Јадранко Станковиќ
Љубиша Рачиќ
Санин Кариќ
Ипе Ивандиќ
Ѓиѓи Јанкелиќ
Милиќ Вукашиновиќ
Владо Правдиќ
Лазар Ристовски

1773661492771.png

Бујрум, предложувајте, јас ќе играм на крај со нешто од тоа што ќе остане.
 
Заборавив да спомнам: соработките и песните на Бреговиќ надвор од Дугме, како и соло песните на Бебек, Тифа и Исламовиќ, а исто така и песните на Ехо 61, Кодекс, Тешка индустрија, Ватрени пољубац и Дивље јагоде (особено внимавајте на ова, зашто има настапи на кои Дугме изведуваат песни од Дивље јагоде во времето на Тифа и Исламовиќ) - не се дозволени. Значи само оригиналните песни на Бијело Дугме.
 
Една и од мене:

Трака од албумот кој е снимен во студио од тогашна РТС.

Патем кажано, во едно скорешно интервју на наша приватна ТВ, Бебек вели дека токму тој е основач на „Дугмето„, повикувајќи го Горан (Брега) да биде дел од неговата/Бебековата музичка група...
 
Трет од последни 4 натпревари јас учествувам со истава песна.

Периодов ептен ми е на рипит, ме будат носталгии од пред 10-12 години. Обратни улоги, јас заминував во Скопје на факултет, а сегашната сопруга тогашна девојка студирањето го продолжи од родниот град. (Заедно од средно ихаа :D )

Музиката е на Бреговиќ а песната е напишана од босански поет со име Владимир Диздар а Бебек ја испеал.
Автоматски споено мислење:

Една и од мене:

Трака од албумот кој е снимен во студио од тогашна РТС.

Патем кажано, во едно скорешно интервју на наша приватна ТВ, Бебек вели дека токму тој е основач на „Дугмето„, повикувајќи го Горан (Брега) да биде дел од неговата/Бебековата музичка група...
Горан Бреговиќ отсекогаш бил лидерот и автор на песни а Бебек освен што имал одличен глас за неговите песни бил и многу популарен меѓу фановите. Проблемот настанал кога Бебек сакал да има поголемо влијание во бендот затоа настанал конфликт и разделба помеѓу него и Брега.
 
Последно уредено:
@Zlatikevichius , бев убедена дека денешната тема ќе биде во знак на Оскарот, па очекував оскаровска музика :icon_mrgr:

Имам повеќе омилени, па првично ќе одам со оваа, со можност да се премислам:icon_mrgr:

Според мене оваа е во топ 5 нивни песни , иначе Дугме без Бебек не ми е тоа тоа . Не дека нема по некоја добра песна и со Тифа и со Ален , ама Бебек е Бебек .

Горан Бреговиќ отсекогаш бил лидерот и автор на песни а Бебек освен што имал одличен глас за неговите песни бил и многу популарен меѓу фановите. Проблемот настанал кога Бебек сакал да има поголемо влијание во бендот затоа настанал конфликт и разделба помеѓу него и Брега.
Постои една анегдота за Бреговиќ кога му понудил на Исламовиќ да биде третиот пејач на бендот, наводно рекол: „доста ми е од алкохоличари и проблематични“, а за Ален се знае дека водел здрав живот, не пиел, немал пороци и сл.

Инаку, малкумина знаат дека пред Ален да станел пејач на бендот, се разгледувала и друга опција - Дадо Топиќ.
Автоматски споено мислење:

@Zlatikevichius , бев убедена дека денешната тема ќе биде во знак на Оскарот, па очекував оскаровска музика :icon_mrgr:
Сме имале таква тема. Дугме сме го немале.
 
Според мене оваа е во топ 5 нивни песни , иначе Дугме без Бебек не ми е тоа тоа . Не дека нема по некоја добра песна и со Тифа и со Ален , ама Бебек е Бебек .

Точно!

Без Бебек како вокал, „Дугмето„ е само остаток од самото себе...

Бебек беше вокал кој беше најблизок до вокалите од тогаш познатите рок-блуз-џез групи (почеток и средина од ‘70-тите...) и се вклопуваше во тој музички манир.
Автоматски споено мислење:

Горан Бреговиќ отсекогаш бил лидерот и автор на песни а Бебек освен што имал одличен глас за неговите песни бил и многу популарен меѓу фановите. Проблемот настанал кога Бебек сакал да има поголемо влијание во бендот затоа настанал конфликт и разделба помеѓу него и Брега.

Муабети има...како што има и муабет дека Бебек излегол од групата затоа што Брега почнал да се занимава со политика и национализам, наместо со музика...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom