Проблемот е оти вие претерувате, гледате со емоции, а не објективно.
Мене меѓу Милан и Интер буквално ми дрема стапот кој ќе земе титула. Опциите ми се да читам курчење од дарко уфо или лаконски реченици со фалење од Кастиел. Па сега ти види
Фактите од последните недели се овие:
1.) Интер целосно го украде мечот со Јувентус со буквално фрапантна судиска одлука. Глума која заслужуваше втор жолт за Бастони, заврши со втор жолт за Калулу. Наместо 10 наспроти 11, Интер играше со 11 наспроти 10.
2.) Пенал за Интер за раката против Милан, немаше. Ако сакаш скрши се од земјата, покажи други ситуации каде била свирана ваква рака, сепак факт е дека таа игра со рака не го зголемуваше волуменот на телото на Ричи и не се казнува.
3.) Денес фаул над Дамфрис за голот на Аталанта немаше. Немаше никаков контакт со нозете, со раката едвај благо го допре на грбот, а овој виде не виде, очигледно и флагрантно се фрли на земјата. Судијата во живо виде одлично, а потоа од ВАР нема ниту што да интервенираат, затоа што за таков благ контакт не може да се смета ниту мала грешка, камоли очигледна.
4.) Пенал за Интер имаше и многупати го свиреле ова. Иако контактот беше благ, сепак тенденција е кога некој ќе ја промаши топката и ќе го закачи играчот да се свири. Ваков пенал имаат свирено за Јуве против Интер пред едно 4-5 години и во повеќе други наврати.
Проблемот е што глумите жртва и плачете барајќи работи кои не ви следуваат (како пенал против Милан и поништување на голот на Аталанта).