Проект Скопје на вода?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nepoznatiotttt
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Скопје треба да добие проект „Скопје на вода“ по примерот на „Белград на вода“?

  • Да, Скопје конечно треба да добие модерен проект покрај Вардар

    Гласови: 4 9,1%
  • Да, но само ако не стане ново „Скопје 2014“

    Гласови: 0 0,0%
  • Не, подобро е да се средат други проблеми во градот

    Гласови: 20 45,5%
  • Не, вакви мегапроекти најчесто служат за профит на малкумина

    Гласови: 25 56,8%
  • Немам став

    Гласови: 3 6,8%

  • Вкупно гласачи
    44
Член од
31 јули 2023
Мислења
41
Поени од реакции
23
Во последно време во јавноста се појавуваат информации и шпекулации за можен проект „Скопје на вода“, сличен на проектот „Белград на вода“. Иако засега нема официјална потврда или конкретен план од институциите, идејата предизвикува голем интерес и различни реакции кај граѓаните.
Ваквите проекти вообичаено опфаќаат уредување на речни брегови, изградба на станбени и деловни објекти, паркови и нови јавни простори. Затоа се поставуваат многу прашања: дали ваков проект би бил корисен за развојот на Скопје, какво би било неговото влијание врз урбанизмот, економијата и животната средина, и дали градот е подготвен за таква трансформација.
Во оваа тема може да дискутираме за можностите, предностите и потенцијалните ризици од еден ваков проект.
Автоматски споено мислење:

Апсолутно непотребен проект што ќе допринесе дополнително гушење на градот.
Таков сличен проект имаше во времето на Грујо за Маџир Маало, да биде населба со висококатници, дел деловни и дел стамбени со пропратни содржини. Ама не оживеа тој проект( од денешна гледна точка)за жал, кога ќе се види какви печурки грдосии изникнаа, а таму можеше да биде репрезентативен дел на градот. Веројатно за таков проект требаше некој арап или нов субрата рој којшто го немаа.

Иако сум за Скопје да расте во висина а не во ширина со зградичиња во разни бои и форми кај што ќе им текне. Сепак и да се изгради еден таков проект ,нема да престанат градбите на печурките на секое едно слободно место. Затоа мора да се размислуба за други алтернативи и забрана за било какви градби во иднина и изградба на нова општина/град во внатрешноста на Скопје...исто идеја на визионерот од Будимпешта.
 
Каква вода?
Газирана од 0.5л.

Не знам кога последен пат си бил Ск. Коце кога беше градоначалник во склоп на Ск 2014 најави и направи градска плажа на кеј на Вардар кај одбојкарските игралишта пред градски парк и до мостот за накај полигонот под Кале. Со настрешници, лежалки, шанкови и кафич.
Шанковите и кафичот беа непрофитабилни ги урнаа и ги дигнаа настрешниците за лежалките.

Сега пред некој месец пак ја вратија идејата за плажа и вчера видов дека пак ги завариле настрешниците.

Првично мислев на горенаведениве глупости . А ова со двеве нови населби после Палас е нешто ново.
 
Во последно време во јавноста се појавуваат информации и шпекулации за можен проект „Скопје на вода“, сличен на проектот „Белград на вода“. Иако засега нема официјална потврда или конкретен план од институциите, идејата предизвикува голем интерес и различни реакции кај граѓаните.
Ваквите проекти вообичаено опфаќаат уредување на речни брегови, изградба на станбени и деловни објекти, паркови и нови јавни простори. Затоа се поставуваат многу прашања: дали ваков проект би бил корисен за развојот на Скопје, какво би било неговото влијание врз урбанизмот, економијата и животната средина, и дали градот е подготвен за таква трансформација.
Во оваа тема може да дискутираме за можностите, предностите и потенцијалните ризици од еден ваков проект.
Автоматски споено мислење:

„Скопје на вода„ е намера од некои моќни чичиња, како рече Хевтов во една негова „анализа„ од пред пар години, така што во делот кај вливот од Лепенец во Вардар, значи нас. Карпош, би се градел потполно нов дел од населбата, „испириран„ од „Белград на вода„.

„Белград....„ е потполно промашен урбанизам и архитектура и не сум зачуден, дотолку повеќе што се работи за политичка-бизнис спрега, а не одлука од струката, па иста такава промашеност ќе биде и со „Скопје....„, оти сеќавањето на „Шкупими 2014„ се‘ уште е свежо.

Ќар ќе има урбаната мафија и се‘ што е политични врзано со неа, а зијанот ќе биде за најширокото граѓанство во Шкупи.
 
Па овие две наслеби од Лепенец до Палас со што раја мислш дека ќе бидат населени ?

Можам само да нагаѓам која сорта луѓе ќе биде вселена, а полесно е да се погоди ако однапред знам кој ќе биде инвеститорот, т.е. инвеститорите.

Но како и да биде, тој проект како реализација нема да биде урбанистичко-архитектонски квалитетен, од причина која веќе ја посочив.

„Белград...„ пред да почне да биде реализиран, архитектите од Белград не дадоа позитивно мислење за тој проект, па откако истиот речиси целосно е реализиран, лесно се доаѓа до увид во сите грешки и неквалитетни изведби на „инстант„ подготвениот проект „Белград на вода„.

Не знам зашто „Скопје на вода„ би бил поквалитетно решение од „Шкупи 2014„.

(Уште) едно такво урбанистичко-архитектонско промашување веќе се наѕира на некогашниот паркинг спроти зградата од ССМ.
 
Последно уредено:
Газирана од 0.5л.

Не знам кога последен пат си бил Ск. Коце кога беше градоначалник во склоп на Ск 2014 најави и направи градска плажа на кеј на Вардар кај одбојкарските игралишта пред градски парк и до мостот за накај полигонот под Кале. Со настрешници, лежалки, шанкови и кафич.
Шанковите и кафичот беа непрофитабилни ги урнаа и ги дигнаа настрешниците за лежалките.

Сега пред некој месец пак ја вратија идејата за плажа и вчера видов дека пак ги завариле настрешниците.

Првично мислев на горенаведениве глупости . А ова со двеве нови населби после Палас е нешто ново.
Една бара и 16 зградурини околу неа, ѓубре на сите страни, фекалии... можам да замислам.
 
Не знам дали има тема Схопје 2014, па тука ќе пишам...јасно дека се потрошија многу пари, но мислам дека идеата не беше лоша, туку скапата ,фушерска реализација и корупција...инаку не држат тези дека споменикот е кич, а со години туристички агенции од Србија организираа патувања за Скопје за посета на споменикот...еве во познат часопис баш од нашиот споменик е сликата во темата ....

1773457454040.jpeg
 
Каква вода?
Вода од машина за перење :)
Газирана од 0.5л.

Не знам кога последен пат си бил Ск. Коце кога беше градоначалник во склоп на Ск 2014 најави и направи градска плажа на кеј на Вардар кај одбојкарските игралишта пред градски парк и до мостот за накај полигонот под Кале. Со настрешници, лежалки, шанкови и кафич.
Шанковите и кафичот беа непрофитабилни ги урнаа и ги дигнаа настрешниците за лежалките.

Сега пред некој месец пак ја вратија идејата за плажа и вчера видов дека пак ги завариле настрешниците.

Првично мислев на горенаведениве глупости . А ова со двеве нови населби после Палас е нешто ново.
Доста луѓе (најчесто се или полуписмена раја или партиски зомбиња) го величаат Коце Трајановски како успешен градоначалник а "забораваат" дека имаше мал милион промашени проекти: од палмите у Вардар, галиите, плажа на кеј ... па и не го викаа Коце Коцка за џабе :) (колку што се сеќавам си играше со плоштадот едно 100 пати).
 
Не знам дали има тема Схопје 2014, па тука ќе пишам...јасно дека се потрошија многу пари, но мислам дека идеата не беше лоша, туку скапата ,фушерска реализација и корупција...инаку не држат тези дека споменикот е кич, а со години туристички агенции од Србија организираа патувања за Скопје за посета на споменикот...еве во познат часопис баш од нашиот споменик е сликата во темата ....

Прегледај го приврзокот 472135
Ми се чини дека за „Скопје 2014„ има(ше) засебна тема.

Наведениот проект е само „добра намера со катастрофална реализација„, која е очигледна од квалитетот и запуштеноста на дел од објектите од тој проект.

Самиот проект беше „октроиран„ од власта, струката не беше прашувана за ништо (што е типично за своеглави властодржци...), па оттаму у вкупната промашеност на проектот, кој се сведе на допотпишување „анекс на анекс на анекс“ на почените проекти, што само по себе „асоцира„ и на неквалитетни проекти и на елегантно изведена корупција и лоповлук на јавни пари.

Кривците, „...како и до сега...„, нема да ги видиме дека „ќе си лежат„.
 
Како не им текне еднаш да ископираат нешто од архитектурата од Париз,Амстердам,Виена само од Београду чекаат и копираат,плус колку грди згради никнаа во Скопјево посебно последните 8-9 години уште скопјенце на води фали.....

Фали проект што ќе го смени ликот и вајбот на градов,нешто што изгледа европски,фасади со европски лик ама не од гипс пластика и стиропор и купишта споменици.
 
Тоа е затоа што кај нас бизнис / политичката елита се 90% проста полуписмена багра :) многу високи очекувања имаш од такви луѓе. Сакаш ликови ко Орце, Коце, Заев да размислуваат за еститика ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom