KSC #362 - Ex-Yu: После распадот

  • Креатор на темата Креатор на темата AceCaleb
  • Време на започнување Време на започнување
Aј пошто многу (неоправдан) хејт доби Халид, ќе одам со нешто “пософистицирано“ и ќе ја променам пријавата.

Eве ти препорака ако пак сакаш да идеш со некој Халид :
 
@AceCaleb требаше да ја направиш пооргинална темава вака на пример : песна од после распад на Југа, изведена од Југо изведувачи т.е. бендови, пејачи , артисти што имае кариера и во Југа. И строго на рок да ограничиш без Халиди и Есми а и без бендови, пејачи и артисти формирани после 91ва.
Ако бе ете ќе има за понатака темите идеи, оваа така поопширна нека е. Има многу варијанти за понатака.
 
Aј пошто многу (неоправдан) хејт доби Халид, ќе одам со нешто “пософистицирано“ и ќе ја променам пријавата.

Пффф аматер :rolleyes:

Ја после Хладно пиво идам со:
:ojeaa:
 


Песната е објавена во 1999 година, се работи за врвен пејач и извонреден текст.
Во насловот на песната Прозор крај џардина - има збор Џардин е италијанизам, зборот ,, џардин '' има значење на култивирана градска градина, парк или уреден простор за одмор во приморските места во Хрватска.

Инаку Горан Каран има настапувано во Скопје на градскиот стадион на 08 Септември 2012 година на одбележувањето на 21 годишнина од независноста, имаше и други пејачи од поранешна Југославија тогаш присутни во Скопје пред преполн стадион во Скопје.
 
Има некои песни кои возат поинаку од другите, каде што деперсонализацијата и дереализацијата се случува и без тетра хидрото: Blue Jeans Blues од ZZ Top, Hypnotised од Simple Minds, Planet Caravan од Sabbath, Riders of the Storm од Doors... Меѓу нив и оваа. Најверојатно неговата најуабава песна и најверојатно најубавата во ју сферата пост распадот.

 
@Смртта
Друже извини што не видов навреме, јебига на цепидлачење делува али официјално распадот е запишан на 27ми Април 1992ра, песнава е од 1991ва година. Имаш време да ја смениш, бидејќи рокот за предлози го ставам до Петок 13ти Март во 17:00, т.е. денеска. Важи за сите што немаат предложено песна.
 
^ @Sussaro Браво за песната, ретко добра песна и игра на зборови водена од чисти сентименти. Патем може знаеш, но за сите оние кои не знаат, името Змај од Ночаја освен што е улица во Белград како што и ни укажува текстот, тоа е и надимак на војводата Стојан Чупиќ (по него го носи улицата името), кој го имал надимакот “Змај од Ночај“, змеј по неговите брзи потези и размислувања, Ночај поради селото во Војводина, каде што бил посвоен и израснал.
 
Back
На врв Bottom