Роман на годината

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Јас кога зборувам за шаблонот по кој ги прават селекцииве, вие не верувате.

Мислам дека треба да речеш, не изненадува место изненадува хехех. Дека повеќе пати се има случувано јас бев апсолутно сигурен дека двата детски ќе се во топ 10. Еве и сега на тепка од искуство од претходни години ќе се осмелам да кажам кои 5 ќе се финале: Венко или Челиковиќ од Три ќе е првиот. Кривата Дијана и Три Марии ќе се втор и трет роман во финале, Фобос и Владимир Илиевски последните два. Можно е една утка тука да имам, а може и така и да излезе во секој случај.
Редефинирање на правилата за тоа кој може да биде во жири и каква книга се бара дефинитивно си треба.
Може јас стихозбирка од 80 страници да напишам и да ја крстам роман во стихови и оп ајде ќе се натпреварувам за Роман на годината.
И тоа што поети одлучуваат за наградава е уште понелогично.
 
Може јас стихозбирка од 80 страници да напишам и да ја крстам роман во стихови и оп ајде ќе се натпреварувам за Роман на годината.
Пред неколку години во Србија за НИН-овата награда таков роман победи. До душа не е 80, туку преку 350 страници, ама во стихови е. Доста фален е, убави рецензии прочитав. Го има и на македонски, во превод на Арс Ламина.

Роман во стихови постоел многу одамна, од памтивек. Го знаеме еден Евгениј Онегин на Пушкин, на пример. Тоа и не е толку дискутабилно. Проблемот е што постмодернистичката поетика дозволува сешто кога се во прашање книжевните родови и видови и затоа не може да се постави јасна дефиниција за тоа што е роман без да се погазат постмодернистичките начела. Теоријата на книжевноста не е егзактна наука, затоа не може да има јасни оквири во дефинициите.
 
Да, ама едно е 350 страници во стихови, а друго е 80 страници во стихови. :D

Не сум сигурен колку критериуми има околу пријавата, мислам дека прифаќаат сѐ, само да е објавено во претходната година.

Уствари еве го единствениот “критериум”.
Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година.

Треба да се стави да не може да се пријави дело испод 50 000 карактери, па макар и од старт се исфрлиле 50% од објавените книги.
 
Треба да се стави да не може да се пријави дело испод 50 000 карактери, па макар и од старт се исфрлиле 50% од објавените книги.
Да, за големината се согласувам, тоа може да биде критериум. Технички, кратките романи повеќе би се рекло дека се новели, не романи. Ама има и такви дела во светската книжевност кои се и тоа како "големи". Еве први на кои ми текнува се Проклета авлија од Иво Андриќ, Странецот на Ками и Белата тврдина на Памук. Ако не сум грешка, сите се под 100-120 страници и веројатно по број на карактери - мали. Ама никој не може да ја оспори нивната големина. Затоа мислам дека колку и да е тоа критериум, сепак квалитетот на некое дело лежи некаде на друго место, не во обемот.
 
1. „Александар јава на запад“, Венко Андоновски, „Три“
2. „Необјавен фељтон“, Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“
3. „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“, Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“
4. „Фобос: деконструиран роман“, Соња Станковска, „Или – или“
5. „Три Марии: (роман -басма), Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис
6. „Повратник со две лица“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“

Не памтам некогаш да имало 6 романи во финале. Треба да проверам тоа. Освен Соња Станковска и Оливера Ќорвезироска, сите се поранешни финалисти. А мислам дека победникот ќе се бира баш меѓу нив две и Владимир Илиевски.
Автоматски споено мислење:

EDIT: Проверено, никогаш во историјата немало 6 во финале.
 
Последно уредено:
“Три Марии” ја купив вчера. Некако шкрта и таа во страници.
Да видиме дали го погодив победникот.
 
“Три Марии” ја купив вчера. Некако шкрта и таа во страници.
Да видиме дали го погодив победникот.
Го погоди. Јас прв го погодив. :P
 
Да, за прв пат во историјата на романескната литература кај нас, еден роман ги освои сите три значајни книжевни награди: „Роман на годината“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.
 
Како и скоро секоја година и оваа не изостануваат жалбите и поплаките за наградата „Роман на годината“:

1773512456628.png
1773512554615.png
1773512619135.png
1773512706882.png
1773512797422.png

1773512956982.png

1773513103547.png
1773513228129.png

И морам да го споделам интервјуто со Ѕвездан Георгиевски, еден од основачите на наградата и основачот на Фондацијата „Славко Јаневски“ која ја доделува истата:

Уживам во преписките на луѓево, си ги мерат егата до немајкаде... знам Челиковиќ беше најгласен ама сакам да знам кој е и овој другиов ама името е замаглено. Нејсе... сега ќе го споделам интервјуто со Ѕвездан во кое секако уживав, со исклучок на еден дел за кој што сега јавно ќе реагирам на фејсбук.
 
Како и скоро секоја година и оваа не изостануваат жалбите и поплаките за наградата „Роман на годината“:

Прегледај го приврзокот 472186
Прегледај го приврзокот 472187
Прегледај го приврзокот 472189
Прегледај го приврзокот 472190
Прегледај го приврзокот 472191

Прегледај го приврзокот 472192

Прегледај го приврзокот 472193
Прегледај го приврзокот 472194

И морам да го споделам интервјуто со Ѕвездан Георгиевски, еден од основачите на наградата и основачот на Фондацијата „Славко Јаневски“ која ја доделува истата:

Од кај ја најде само писателкава (втората критичарка) за која никој не слушнал и од дома не ја знаат дека пишува романи?
 
Од кај ја најде само писателкава (втората критичарка) за која никој не слушнал и од дома не ја знаат дека пишува романи?
За жал, во помала мерка истово може да се каже и за првиот што се огласи, Ивица Челиковиќ. Пробувам да му ги најдам романите на страната на Три, дека го вадат преку Паблишер тие, ги нема. :) и важно тој се жали, и вика секако публика имал, која публика жити се... тоа е, прост народ, силна држава.
 
Од кај ја најде само писателкава (втората критичарка) за која никој не слушнал и од дома не ја знаат дека пишува романи?
Од кај ти дозна која е? :pos:
 
Back
На врв Bottom