Очигледно додека ме немаше на форумов нешто сум пропуштил затоа што си многу просветлена. Започнуваш да навлегуваш фронтално во аргументирани дебати, со доста емоции, додека претходно се инаетеше исклучиво во фудбал. Можеби можеме и да си парираме, тоа ќе го оставиме на тестот на времето.
Неверството може да доведе до депресија, а таа до самоубиство. Сега има причинско-последична врска, но нема намера. Дури и да има, да речеме дека особата има историјат на обиди за самоубиства, и сакаш на тој начин да се ослободиш од неа, невозможно е да се докаже. Ова е форма на правната фикција, но правно дефинитивно не е наведување на самоубиство. Не можеш да ги знаеш чекорите на другата личност. Не правиш ништо противправно со изневерувањето. Може да има само морална тежина, грижа на совест, ништо повеќе.
Макар и да имаш правен интерес, да речеме дека си единствен наследник, не се докажува. Нема ни да биде премет на докажување, но во случај и да дојде до нешто такво, оди па докажи ја планската намера. Ако не се самоубил/а, можеби ќе го променил/а тестаментот. Така?
Во случај да е точна хипотезата, тогаш можеби и ебачот/чката односно швалерот/ката ќе треба да одговараат за евентуално соизвршителство!
Моралното прашање е дали треба да биде криминализирано помагањето при самоубиство? Најспецифична форма е евтаназијата. Дали правото на живот треба да биде правно неограничено? А, ова, наведување на самоубиство, многу е слабо правно дефинирано. Оставена е преширока опфатност за толкување. Ова е мојот став и за отвореното прашање на другата тема. Останатите кривични дела за кои се товари, да, полесно се докажливи, ова малку потешко.
Интересна тема, само Влатко требало да го цитира и самиот член од КЗ, да ве натера малку и да размислувате, а не само да се инаетите.