Како бе не е точно, не било еднаш туку со години ја малтретирал.
Цела зграда претпоставиле дека ја тепа, во лифт кога ја истепал сигурно очевидци имало, по скали на болница кога ја турнал и тоа било претпоставка ?
В комши кај мене сопругот ја кршеше од ќотек сопругата, лепенки бевме со куќите, пријавивме во полиција, од тераса ја фрли, братот негов да не беше мртва ќе беше досега, пред децата ја тепаше, ногата му ја скрши и таа на болница рече дека сама по скали падна, зошто полицијата не дојде записник да направи и да не сослуша ние комшиите дали сме виделе нешто ?
Од страв го криеше, на крајот избега преку ноќ, и го пријави, полицијата само забрана за доближување му додели, среќа за неа се прежени и ја остави на раат.
Друг случај, овој пат во улица кај мојот сопруг мажот беше тепан од страна на жената и мајката нејзина, пријавено во полиција, иди полицијата и од надвор вика дали е се во ред, овие му рекоја да, и си заминаа.
Како на цртан филм, ни да проверат, ни да излези некој за записник ништо.
И се ова се случува пред деца мали, какви деца ќе израснат тие од тие дисфункционални семејства ?