Сејф Сити (Safe City)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
После колку време стига казна за потенцијално поминување на црвено? искуства?
Во МаЌедонија само казните стигнуваат експресно, се' останато касни. Некои работи и со векови.
Оф топ, 2018 бев на одмор до 17 Јуни, кога стигнав си пуштив плата, па отворив маилови. Веќе имав казна од ујп за закаснето исплаќање на плата.
Ова ти го кажувам чисто да не се сомневаш во експедитивноста на системот!
 
Последно уредено:
И до колку се толерира сега, како се рачуна дека е предупредување, а како казна? :D
 
ја секој ден по една
вчера беше 59
се коцкам и со семафори, брзам да ги фатам и поминувам на жолто, на трепкање зелено не ни помислувам да застанам (секако зависи каде сум во моментот)
Размисли, коцкање е ако влезиш на ЧЕРВЕНО, брзо возење не е толку страшно...Дали си баждарел твојата километража на колата со ГПС апликација, може мобилен а има и уреди ефтини ?
Имам приметено задниве месец 2 месеци, само една опомена, а па исто возам...одам вчера на компресор, што ќе видам, предните гуми 1.7... ги допумпав на 2.1, пред се ради серво воланот и сервопумпата...фактички со помеки гуми напред може подобар старт имаш, ама потрошувачката е поголема...

Туку затоплу времето и се намножија МОТОРИТЕ големи...мислам дека нив мува не ги лазе за брзина, но тврдат луѓе дека им дошла казна бидејќи мотор во негова лента влегол со 60+ а мотор нема таблица...баш ме интересира дали ги фаќа Сејф сити моторите кога влагат нацрвено, етеденес гледЗм за десно одат на црвено и каде што НЕМА дополнителен семафор....
 
Кај дел од мотоциколите, особено оние возени од копиљаци, не гладам регистарски таблички...па како би биле фатени и регистрирани од „системот„?...
 
Кај дел од мотоциколите, особено оние возени од копиљаци, не гладам регистарски таблички...па како би биле фатени и регистрирани од „системот„?...
Мислам и големите мотори имаат таблица само позади, така да камера не го фаќа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom