Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Темава не е за мене и каков сум јас, туку за една ситуација која de facto се случи на Балканот и на која јас не можам да и најдам НЗС и одговор. Затоа и ја отворив. А ти и некои други погоре, како и секаде, гледам дека не знаеш не само да дебатираш, туку ни да пишуваш (башка со латиницава - смрт), затоа, чао од тука.jebiga, naiven si ednostavno, tuka nema pomosh.
zamisli da mislis deka peenje za zeni, alkohol, droga ili pari po avtomatizam znaci deka propagirash loshi raboti, axaxaxaxa, a deka peenje i prepevuvanje na romanticni pesni znaci deka propagirash ili si poln vistinski vrednosti.
posto gledam deka ova se preteski temi za tebe, poveli kazi mi, na sto se dolzi negovata neobicna popularnost?
Да, ама прашањето е зошто тоа нему му успеало, а не им успева на пејачи со долгогодишни музички кариери, албуми, спотови... Што има тој, а што никој друг нема?Дечкото нашол начин како да се пробие без песни, да заработи и во текот на кариерата ете почнува да создава песни.
Ама имавме и обратни ситуации. Еве пример од лани, ако не се лажам со таа Таировиќ мислам беше, што го откажа концертот кај нас зашто продала само 7 карти, а во Србија е мегапопуларна, ко што знам.Мене повеќе ми е феномен Македонија како стадиум на умот, отколку некој Јаков. Буквално сме спасот за секаков шут од естрадата, бекап карта, чамец за спасување од бродот што тоне. Колку многу музичари имаат скроз изгубено популарност, не вадат песни со години, не можат да наполнат ни дискотека во земјата од каде што доаѓаат, а тука Јане, Борис фул распродадени ги чекаат. Еве сега покажуваме дека не ни мора своја песна да има некој за тука да полни сали. Инстант се што е поврзано со Србија, Хрбатска и Босна кај нас процветува. Едно интервју на ДНК памтам кога беа живи, можно е и само Панчо да беше, кај Бајкерот и Кросфитерот на подкаст, се чудеше Панчо како одма се распродала сала за Пријовиќ и која е таа, бидејќи ниедна песна не и знае. Па ги пуштаа сите песните да преслушаат дал бар некаде одел некој рефрен, сите прв пат ја слушаа. Ова со случајот со кавер пејачот не е ништо поразлично, имам одено на кавер свирки и слушано коментар “ајде бе коа ќе почне со српско“, “ќе дојдеме, ама ќе има српско така?“. Некако сум на мислење дека се мразиме самите себеси премногу на музичко ниво (веројатно има огромен удел тоа што се мразиме од политички аспект), а сме фанатици на екс ју изведувачи и спремни сме да ги форсираме и дигаме до небо, а во исто време да ги омаловажуваме домашните изведувачи и да ги деградираме на секој можен начин.
Дали плаќа ројалтис за песниве што ги препепејува?
Добро си забележал ова со носталгија на стари песни и нивно враќање во живот. Првенствено оди преку правење модерни кавер песни како и песната Фрка што ја спомна чиј оригинал датира од пред 45 години. Тука исто би дополнил дека некој познат диџеј многу враќа во живот заборавени песни, од изгубени во времето ги враќа на ултра вирални. Знам песната Минеа - Рано кога ја дознав случајно и праќав по луѓе никој не ме ебаваше 2%, но во некое место за излегување/кафич некој диџеј ја имало вметнато во агенда и одеднаш песната втора младост доживеа, истите тие луѓе сега мене ми ја пееа/праќаа песната, бев видно збунет.А за непочитувањето на нашата музика се согласувам. Ете и во темата со македонските албуми гледаш и сам каква е ситуацијата - двајца без тројца сме. Ама не гледам како е тоа поврзано со успехот на Јозиновиќ. Мене прашањето што ми се мота низ глава е зошто тој, зошто не некој друг? Што има тој, што другите немаат? Ете, не мора од кај нас, од тука не ни знам дали има некој што ја наполнил освен Тоше. Ама во Србија има купишта пејачи од кои огромен дел најголем успех им е што наполниле дискотека.
Има еден феномен кај тик токерите кој не можам да го разберам - фасцинацијата со одредени песни од минатото кои не биле популарни ни во нивно време. Ја слушав Каролина на едно интервју, викаше дека неодамна и реактуелизирале и ја направиле популарна некоја песна која ја извадиле од нафталин, не се ни сеќавам која, што јас 2 пати во живот дали ја имам слушано. Немам тик ток, не ни знам што се случува таму, ама чудно е, во секој случај. Мислам дека така почнал и хајпот за Јаков - сигурно отпеал некоја песна која ја направиле вирална (ко што прочитав, Оливера на Ѓорѓе Балашевиќ, песна што јас не ја ни знам) и отпосле се тргнало низбрдо. Во секој случај, чудно е.
Пак ќе речам - не е муабетов за кај нас. Кај нас уште не настапувал, а Тик ток немам за да видам што се случува. Значи колку е популарен кај нас, не знам, ќе покаже времето.Добро си забележал ова со носталгија на стари песни и нивно враќање во живот. Првенствено оди преку правење модерни кавер песни како и песната Фрка што ја спомна чиј оригинал датира од пред 45 години. Тука исто би дополнил дека некој познат диџеј многу враќа во живот заборавени песни, од изгубени во времето ги враќа на ултра вирални. Знам песната Минеа - Рано кога ја дознав случајно и праќав по луѓе никој не ме ебаваше 2%, но во некое место за излегување/кафич некој диџеј ја имало вметнато во агенда и одеднаш песната втора младост доживеа, истите тие луѓе сега мене ми ја пееа/праќаа песната, бев видно збунет.
Патем јас сеуште мислам дека самиот факт што не е Македонец туку е од екс Ју државите, му дава на човекот плус поени на карта на ценење тука. Како во другите држави да има 1 шанса за кикс, тука да има милион, се да му е простено. За Таировиќ не знам, ама еднаш знам имаше едно фејк видео од пред да почне дека е празно во Јане, после откога почнало се гледаше дека игла нема каде да падне. Кој, како, зошто стварно не ми е јасно, уште немам запознаено човек што ми рекол “еј брат ќе одам на Таировиќ/да одиме на Таировиќ“, а не се присутните сите 14 годишни деца да речеш.
Трета работа што ми текна што може да влијае многу на популарност во тие години е ако артистот е убав кај девојчињата, па сепак сме нација што Касандра на плоштад ја пречекуваше, Пабло роул модел беше, сите беа шатирани ко него, Миа божица на убавината ко Афродита. Не ни мора песни да препејува, доволно е само фама да се крене по нешто и само масовно да се приклучуваме на возот. Може им е убаво детево на младите девојчиња.
Тоа е организирано преку здруженијата за заштита на авторски права, кај нас ЗАМП. Плаќаат тие во чии локали/сали се изведува музика, а авторите после добиваат пари од ЗАМП. До сега не сум слушнал некој пејач да плаќа авторски права за изведба на некоја песна. Такво нешто нема. Ако беше така, од Звезде грандови, Идоли, Икс фактори ќе се слупаа од пари правење.Дали плаќа ројалтис за песниве што ги препепејува?
Зависи како е регулирано, тука во Шведска пример и свирка да имаш во бар мислам дека се плаќаат ројалтиес.Пак ќе речам - не е муабетов за кај нас. Кај нас уште не настапувал, а Тик ток немам за да видам што се случува. Значи колку е популарен кај нас, не знам, ќе покаже времето.
Автоматски споено мислење:
Тоа е организирано преку здруженијата за заштита на авторски права, кај нас ЗАМП. Плаќаат тие во чии локали/сали се изведува музика, а авторите после добиваат пари од ЗАМП. До сега не сум слушнал некој пејач да плаќа авторски права за изведба на некоја песна. Такво нешто нема. Ако беше така, од Звезде грандови, Идоли, Икс фактори ќе се слупаа од пари правење.
Да издаде албум со кавери, тоа е друго.
Србите таа работа. Јас кога ќе ги видам на она Гранд, помали од мене 10 години, а како да се постари. Нашиве на исти години изгледаат далеку помладо.ГенЗ генетски мораат да бидат изуччувани, 21 година има а брчки околку очи. Никогаш други генерации олку брзо не старееле.
Е па не си во право. Еве, го прашав Chat GPT, и во Шведска е исто регулирано ко кај нас, како што кажав погоре - значи the venue, салата, или барот плаќа royalties, а не пејачот. Веројатно и никаде во светот пејачите не плаќаат:Зависи како е регулирано, тука во Шведска пример и свирка да имаш во бар мислам дека се плаќаат ројалтиес.
Е сеа да ја распродадеш Сава х2 и да не платиш ништо за тоа ми е е малцее....
