Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Не бранам шеријат, барам принцип. Вие ги напаѓате вашите браќа православни христијани.

Ги бомбардираа ли вашите православни браќа 1999година? Ете во Србија немаше шеријат.

И како може да се крстите во црква а навивате за истата сила што го уништува православието на Балканот и во Украина?

Русија е единствента што во Сирија ги спаси православните од тој радикален ислам, кој Американците го создадоа во Ирак и Либија.

Не знам кој за што навива и брани. Гледајте подалеку од CNN.
 
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Прегледај го приврзокот 471106

Да...а храна и понатаму ќе увезуваме.
Бабето заборајло на оваа ситница...
 
Види Владе, еве и со Ванлок како што гледаш не се согласувам за многу работи, ама не пробува со овие финти да ми изрелативизирува некои работи како на пример да ме праша -е добро ај што е за тебе демократија. И тоа е основата на здрава дискусија дури и кога не се согласуваш со соговорникот. Затоа и сакам да разговарам со него повеќе отколку со тебе, а не дека се согласуваме.

Ок дали во САД имаш повеќепартиски систем? Дали можеш да основаш партија? Дали имаш слобода на глас? Дали може да се критикува моменталната власт? Дали претседателите се доживотни? Од збирот на овие одговори може да заклучиш дека не е режим. Од друга страна Ердоган испоуапси десетици илјади неистомисленици, професори, испозатвори скоро се од медимуми што се против него, не можеш да збориш против него, нема слобода на печат, има апла наместени политички процеси и судења (ајде сега како првооделенче прашај ме-Од кај знаеш, да не беше таму?) итн, итн... Не е Турција на ниво на Северна Кореа, ама далеку е од демократска. Тоа е исто како да ме прашаш е добро тој со 2 дедовци и една баба црнци а другата баба белкиња, црнец ли е или белец? И ако ти кажам црнец, ама неее едната баба му е бела. Ти кажав, ако сакаш да релативизираме на ниво на паднати од Марс може до утре сабајле. Со Ване барем тој проблем го немам.
Stvarno posle drzaven udar ispoapsil eden kup pucisti. Tragedija u picku mater.
I kako be cim ne vi e po kef izborot odma izborite se sumlivi.
Ne ti relativiziram nisto tuku interesno mi e ti kako si relativiziras ;)
 
Dali pametite pred 1 nedela kako na americki nosac im protekuvase kanalizacijata i nurkaa u gimna? Ispadna deka vojnicite sami se sabotirale za da ne odat na megdan protiv Iran...

„Морнарите не сакаат да умрат за Израел“ – дали екипажот на американски воен брод намерно ги затнувал одводите ?

Во момент кога САД го засилуваат военото присуство на Блискиот Исток, водечкиот американски носач на авиони се соочува со проблем кој е далеку од симболиката на силата што треба да ја претставува. Според пишувањето на „Вол стрит џурнал“, носачот на авиони „Џералд Р. Форд“ за време на распоредувањето во Медитеранот имал сериозни дефекти на канализацискиот систем, што довело до излевање отпадни води и сериозни нарушувања во секојдневното функционирање на бродот.

Како што наведува весникот, вакуумскиот систем што опслужува околу 650 тоалети на бродот бележел во просек по еден повик за интервенција дневно. Во одделни случаи дошло до излевање канализација во санитарните простории, што, според извештаите, ги принудувало членовите на екипажот да чекаат и повеќе од 45 минути за користење тоалет.

Претставници на американската морнарица тврдат дека проблемите „не влијаеле на способноста на бродот да ја изврши мисијата“ и дека состојбата постепено се стабилизира.

Сепак, фактот дека системот не може целосно да се санира на отворено море услови упатување на бродот во базата во заливот Суда на Крит, каде што е планиран привремен ремонт.

Во исто време, на социјалните мрежи кружеа снимки што прикажуваат излевање отпадни води, што дополнително ги поттикна шпекулациите за состојбата на бродот.

Покрај техничките објаснувања, поединечни конзервативни коментатори во САД изнесоа тврдења дека дефектите би можеле да бидат последица на намерни постапки на дел од екипажот, незадоволен од продолжениот, осуммесечен престој на море без излегување на копно и од можноста за вклучување во операција против Иран.

Наводи за намерно затнување на одводите се појавија во повеќе објави на социјалната мрежа X, додека самиот ВСЈ во еден случај забележал дека до дефект дошло откако морнар фрлил кеса со ѓубре во тоалет.

Иако за тврдењата за организирана саботажа нема официјална потврда, тие укажуваат на поширокиот контекст – продолжени распоредувања, зголемени тензии во регионот и неизвесност во однос на можен воен ангажман.

Распоредувањето на носачот на авиони „Џералд Р. Форд“ следуваше во период на засилено американско воено присуство во близина на Иран. Според претходни наводи на „Њујорк Тајмс“ оваа ударна група требало да ги засили силите веќе присутни во регионот, вклучувајќи го носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, додека „ УСС Џорџ Х. Буш“ добил наредба да се подготви за распоредување.

Меѓутоа, Financial Times на 24 февруари објави дека израелски проценки укажуваат оти САД во моментов располагаат со муниција доволна за само четири до пет дена интензивни удари врз Иран, односно околу една недела операции со помал обем. Според тие наводи, дури ни пристигнувањето на дополнителна ударна група не би го изменило суштински односот на силите во случај на поширок конфликт.

Во исто време, американски претставници предупредуваат дека евентуален напад врз Иран би предизвикал одмазда насочена кон американските бази во регионот, како и кон сојузничката инфраструктура. Се потсетува дека Техеран за време на претходни ескалации веќе гаѓал американски цели во Катар и Ирак.

Телевизијата „ЦБС Њуз“ објави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е незадоволен од проценките дека САД немаат капацитет за долготрајна кампања против Иран. Според тие наводи, воените планери укажале дека не постои можност за „молскавична операција“ што би довела до брз колапс на иранското раководство без ризик од поширока регионална ескалација.

Трамп на својата социјална мрежа „Трут Сошиал“ ги демантираше медиумските тврдења за наводно противење на врвот на војската на евентуална интервенција, истакнувајќи дека американската страна, доколку дојде до одлука за напад, очекува „лесна победа“. Истовремено повтори предупредување дека, доколку Техеран не ги прифати американските услови, „тоа ќе биде многу лош ден“ за Иран.

Случајот со носачот „Џералд Р. Форд“ така станува повеќе од технички инцидент. Во момент кога Вашингтон демонстрира сила и настојува да испрати порака на одвраќање, дефектите на клучното пловило и извештаите за ограничени ресурси отвораат прашање за реалните можности за долготраен воен ангажман. Меѓу политичката реторика и оперативната реалност, јазот делува поголем отколку што може да се заклучи од официјалните соопштенија.
 
Тоа лесно можат да го докажат:

Ако примат наредби за полетување и за да бомбардираат цели во Иран, имаат право да одбијат да ги следат и исполнат таквите наредби.

Секако дека ќе бидат заменети со други кои ќе ги прифатат и ќе ги исполнат таквите наредби, а овие кои одбиле најверојатно ќе завршат на воен суд, но сепак ќе постават пример за морал и етика по кои САД не се ниту малку познати, барем не на воено ниво.
 
Stvarno posle drzaven udar ispoapsil eden kup pucisti. Tragedija u picku mater.
I kako be cim ne vi e po kef izborot odma izborite se sumlivi.
Ne ti relativiziram nisto tuku interesno mi e ti kako si relativiziras ;)

Да, види колку пучисти сакале да го соборат.

The next morning Erdogan called the coup attempt "a gift from God" and started his mass arrests and purges, with at least 40,000 detained in the first days, including at least 10,000 soldiers and 2,745 judges (who were arrested the next morning on 16 July), for being affiliated with the coup attempt. 15,000 education staff were also suspended and the licenses of 21,000 teachers working at private institutions were revoked after the government stated they were loyal to Gülen. More than 77,000 people were arrested and over 160,000 fired from their jobs, on reports of connections to Gülen. Since the 2016 coup attempt, approximately 3 million citizens have been tried and 527,000 detained on terrorism-related charges in Turkey. 15 universities and 35 hospitals, 1226 charities, more than 1000 schools were shut down due to alleged links to the movement on 23 July 2016.

И замисли колку лојални овој до последен момент не знаеше што му се спрема. 40000 луѓе ни еден да не зуцне ништо.
 
Тоа е друга тема на муабет. Точно, само затоа што е диктатура не значи дека на одредена тема владетелот нема да направи некој паметен потег, додека на истата таа тема демократски избраниот нема да се изглупира до даска. Ама како што кажав и на таа контроверзната тема, демократијата онаму каде што ја има не била дадена на послужавник и не треба да се сфати здраво за готово. И како што не била дадена на послжуавник, и не треба да се сфати здраво за готово, така и за Холанѓаните, кои еднаш си го изеле премиерот.
ОК, фер... Но ајде сепак да провериме во ретроспектива: Како иде работата во последнива деценија со иднината на ЕУ, мислам со целата таа „демократија“ која се прелева преку ивиците?
Како иде:
- економијата, отвараат ли фабрики, постојните работат како што треба или ги затвараат
- демографијата која демек се решава со имиграција, како е има ли перспктива, идат вредни млади луѓе или смрдежи паразити за цицање социјална помош
- социјалата како, животот се подобрува, пензискиот стаж се намалува или се зголемува (Геманија на пример, 75 години прагот за мажи)
- итн, итн.

Значи не споредуваме, чисто гледаме како иде работата во најразвиените „демократски“ држави.
Автоматски споено мислење:

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Прегледај го приврзокот 471106

Готово ова ме релаксира, направи да не се грижам за иднината, идам сега одма да си легнам.
 
Види Владе, еве и со Ванлок како што гледаш не се согласувам за многу работи, ама не пробува со овие финти да ми изрелативизирува некои работи како на пример да ме праша -е добро ај што е за тебе демократија. И тоа е основата на здрава дискусија дури и кога не се согласуваш со соговорникот. Затоа и сакам да разговарам со него повеќе отколку со тебе, а не дека се согласуваме.

Ок дали во САД имаш повеќепартиски систем? Дали можеш да основаш партија? Дали имаш слобода на глас? Дали може да се критикува моменталната власт? Дали претседателите се доживотни? Од збирот на овие одговори може да заклучиш дека не е режим. Од друга страна Ердоган испоуапси десетици илјади неистомисленици, професори, испозатвори скоро се од медимуми што се против него, не можеш да збориш против него, нема слобода на печат, има апла наместени политички процеси и судења (ајде сега како првооделенче прашај ме-Од кај знаеш, да не беше таму?) итн, итн... Не е Турција на ниво на Северна Кореа, ама далеку е од демократска. Тоа е исто како да ме прашаш е добро тој со 2 дедовци и една баба црнци а другата баба белкиња, црнец ли е или белец? И ако ти кажам црнец, ама неее едната баба му е бела. Ти кажав, ако сакаш да релативизираме на ниво на паднати од Марс може до утре сабајле. Со Ване барем тој проблем го немам.
Се тоа што го наведе за САД е театар или глумиме демократија пред светот, а уствари едни исти елити владеат цело време. САД е држава која формално е водена од агенции пред се. Замисли истите тие агенции имаат толкава моќ да имаат и црни буџети за намени кои не мора да ги објаснуваат или пари кои не мораат да ги правдаат. Обичниот гласач не одлучува ама баш за ништо, ниту има некоја драстична разлика во политиките и на едните и на другите.
 
Не стварно, не постои поглуп народ од американците.

Коментираат по видеа и прашуваат како Иран лансирал ракети кога претседателот им бил мртов. :pos: :pos:

Ваков дебилизам ретко се гледа. Ова е долги години социјален инжинеринг и плус некои додатоци во исхраната.:pos:
 
ОК, фер... Но ајде сепак да провериме во ретроспектива: Како иде работата во последнива деценија со иднината на ЕУ, мислам со целата таа „демократија“ која се прелева преку ивиците?
Како иде:
- економијата, отвараат ли фабрики, постојните работат како што треба или ги затвараат
- демографијата која демек се решава со имиграција, како е има ли перспктива, идат вредни млади луѓе или смрдежи паразити за цицање социјална помош
- социјалата како, животот се подобрува, пензискиот стаж се намалува или се зголемува (Геманија на пример, 75 години прагот за мажи)
- итн, итн.

Значи не споредуваме, чисто гледаме како иде работата во најразвиените „демократски“ држави.
Автоматски споено мислење:

Готово ова ме релаксира, направи да не се грижам за иднината, идам сега одма да си легнам.

Катастрофа иде, како иде. Види не сум строго контра режим. На пример кај арапштааната тоа е единствен начин да не се работите тотален хаос. Не викам дека со режим цутаат, ама без режим ќе биде башибозук од средновековието. И многу ми е смешно кога некој европски лидер ќе каже дека Тунгузија треба да биде демократска земја. Исто како директор на детска градинка да му каже на директор на максимум секјурити затвор дека употребува премногу сила, дека треба да учи од неговата установа како треба и дека сите треба да се почитуваме и сакаме без разлика на нашите различности.
Лошото кај демократијата знае да биде тоа што е НЗС од граѓаните со право на глас. Па така ако имаш 17 гомна и едно чоколадо џабе е. Ама па истото тоа ја прави и најфер во смисла народот го добива тоа што го заслужува, за добро или за лошо.
Од друга страна режимот како што знаеме од скоро 100% историски примери завршува со преголема акумулација на моќ, лично и фамилијарно богатење и зависење на се од волјата на владетелот. Здраво ли е акумулација на толкави ресурси и моќ во еден човек кога знаеме како човекот реагира од позиција на имање апсолутна слобода и волја да прави што сака со граѓаните? Кога се во прашања арапите да, пошто се стока и нема друг начин, ние тука на Балкан сме некоја преодна фаза, додека до неодамна, западниот свет ја заслужуваше таа демократија. Е сега пост втора светска војна многу се олабавија земајќи ја здраво за готово и дојде ред таа заслуга да биде ставена на тест, па или ќе останат демократии или ќе си добијат шеријат.
 
За последните 24 часа Иран ги нападна воените инсталации на 15 држави.
– Израел
– САД
– ОАЕ
– СА
– Катар
– Кувајт
– Јордан
– Ирак
– Бахреин
– Оман
– Сирија
– Кипар
– Франција
– Италија
– Британија

Дилема е дали некој ги помага.
 
Се тоа што го наведе за САД е театар или глумиме демократија пред светот, а уствари едни исти елити владеат цело време. САД е држава која формално е водена од агенции пред се. Замисли истите тие агенции имаат толкава моќ да имаат и црни буџети за намени кои не мора да ги објаснуваат или пари кои не мораат да ги правдаат. Обичниот гласач не одлучува ама баш за ништо, ниту има некоја драстична разлика во политиките и на едните и на другите.

Како на пример еден Џеф Безос, никој и ништо од најрастурена фамилија татко пијаница, мајка го родила тинејџерка на 17 години, од самото дно без никакви конекции да стане (еден период) најбогатиот човек на светот со огромна моќ?
САД го има оној степен на демократија колку што е НЗСто на граѓаните. Не е најврвното. Ама и театри и елити и се, пак не е Туркменистан. И цела Африка. И цела некосоока Азија. И можда и цела Јужна Америка. Неспорно е дека има влакна (множина) во јајцето, ама па споредено со повеќето други каде има цел фризерски салон.... Затоа реков, може да релативизираме до утре сабајле и да вадиме примери.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom