Dali pametite pred 1 nedela kako na americki nosac im protekuvase kanalizacijata i nurkaa u gimna? Ispadna deka vojnicite sami se sabotirale za da ne odat na megdan protiv Iran...
„Морнарите не сакаат да умрат за Израел“ – дали екипажот на американски воен брод намерно ги затнувал одводите ?
Во момент кога САД го засилуваат военото присуство на Блискиот Исток, водечкиот американски носач на авиони се соочува со проблем кој е далеку од симболиката на силата што треба да ја претставува. Според пишувањето на „Вол стрит џурнал“, носачот на авиони „Џералд Р. Форд“ за време на распоредувањето во Медитеранот имал сериозни дефекти на канализацискиот систем, што довело до излевање отпадни води и сериозни нарушувања во секојдневното функционирање на бродот.
Како што наведува весникот, вакуумскиот систем што опслужува околу 650 тоалети на бродот бележел во просек по еден повик за интервенција дневно. Во одделни случаи дошло до излевање канализација во санитарните простории, што, според извештаите, ги принудувало членовите на екипажот да чекаат и повеќе од 45 минути за користење тоалет.
Претставници на американската морнарица тврдат дека проблемите „не влијаеле на способноста на бродот да ја изврши мисијата“ и дека состојбата постепено се стабилизира.
Сепак, фактот дека системот не може целосно да се санира на отворено море услови упатување на бродот во базата во заливот Суда на Крит, каде што е планиран привремен ремонт.
Во исто време, на социјалните мрежи кружеа снимки што прикажуваат излевање отпадни води, што дополнително ги поттикна шпекулациите за состојбата на бродот.
Покрај техничките објаснувања, поединечни конзервативни коментатори во САД изнесоа тврдења дека дефектите би можеле да бидат последица на намерни постапки на дел од екипажот, незадоволен од продолжениот, осуммесечен престој на море без излегување на копно и од можноста за вклучување во операција против Иран.
Наводи за намерно затнување на одводите се појавија во повеќе објави на социјалната мрежа X, додека самиот ВСЈ во еден случај забележал дека до дефект дошло откако морнар фрлил кеса со ѓубре во тоалет.
Иако за тврдењата за организирана саботажа нема официјална потврда, тие укажуваат на поширокиот контекст – продолжени распоредувања, зголемени тензии во регионот и неизвесност во однос на можен воен ангажман.
Распоредувањето на носачот на авиони „Џералд Р. Форд“ следуваше во период на засилено американско воено присуство во близина на Иран. Според претходни наводи на „Њујорк Тајмс“ оваа ударна група требало да ги засили силите веќе присутни во регионот, вклучувајќи го носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, додека „ УСС Џорџ Х. Буш“ добил наредба да се подготви за распоредување.
Меѓутоа, Financial Times на 24 февруари објави дека израелски проценки укажуваат оти САД во моментов располагаат со муниција доволна за само четири до пет дена интензивни удари врз Иран, односно околу една недела операции со помал обем. Според тие наводи, дури ни пристигнувањето на дополнителна ударна група не би го изменило суштински односот на силите во случај на поширок конфликт.
Во исто време, американски претставници предупредуваат дека евентуален напад врз Иран би предизвикал одмазда насочена кон американските бази во регионот, како и кон сојузничката инфраструктура. Се потсетува дека Техеран за време на претходни ескалации веќе гаѓал американски цели во Катар и Ирак.
Телевизијата „ЦБС Њуз“ објави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е незадоволен од проценките дека САД немаат капацитет за долготрајна кампања против Иран. Според тие наводи, воените планери укажале дека не постои можност за „молскавична операција“ што би довела до брз колапс на иранското раководство без ризик од поширока регионална ескалација.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут Сошиал“ ги демантираше медиумските тврдења за наводно противење на врвот на војската на евентуална интервенција, истакнувајќи дека американската страна, доколку дојде до одлука за напад, очекува „лесна победа“. Истовремено повтори предупредување дека, доколку Техеран не ги прифати американските услови, „тоа ќе биде многу лош ден“ за Иран.
Случајот со носачот „Џералд Р. Форд“ така станува повеќе од технички инцидент. Во момент кога Вашингтон демонстрира сила и настојува да испрати порака на одвраќање, дефектите на клучното пловило и извештаите за ограничени ресурси отвораат прашање за реалните можности за долготраен воен ангажман. Меѓу политичката реторика и оперативната реалност, јазот делува поголем отколку што може да се заклучи од официјалните соопштенија.