Не ми се верува дека и ова ќе го одговарам. Како и се друго што не е егзактна наука не секогаш работите се црно и бело ама тоа не значи дека нема и црно и бело. Имаш повеќе индикатори и мерила како слобода на говор, независност на законодавна, извршна и судска власт, слобода на печатот, фер спореведување на избори, политички прогонства итн... Држави како Туркменистан, Северна Кореа, Иран, Сирија, се водени од доживотни владетели, со политички затвореници и нула слобода на изразување. Земјите од арапскиот полусотров пак се водени од наследни монархии со одлучувачка политичка моќ за разлика на пример од европските монархии каде што исто се наследни но се повеќе проформа и се далеку полимитирани во политичка моќ. Да секако, ако сакаме да мудруваме како да сме паднати од Марс може да се релативизира до бескрај, ама и на дете од 3 години му е јасно што е разлика меѓу избори и владеење во Холандија и избори и владеење во Северна Кореа.