Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 49: @Io - Да ја укинеме демократијата во следните 20 години и да избереме диктатор)

Да ја укинеме демократијата во следните 20 години и да избереме диктатор

  • Вкупно гласачи
    44
Контроверзно? Можеби на редит или форум фемина, сигурно не тука. Тука да пишам дека сите Евреи треба да се истребат големо мнозинство би било за.

Онтопик, бидејќи се зборува генерално за фемнизмот како движење, моја претпоставка е дека се вклучуваат и феминистичките движења од првиот бран (19ти век и почеток на 20ти век) кои се едни од најголемите културолошки и општествени достигнувања на модерното време, заедно со работничките движења во истиот период (каде има и пресек помеѓу овие две). Едно дебело НЕ од мене.
 
Историски гледано не, a модерните струи, да, забегуваат. Може легитимно да се критикуваат одредени идеи и правци кои се наметнуваат бидејќи одат во крајност што нема врска со реалноста. Правото на образование и почит, заштита од насилство, признавање на трудот, правото на абортус, еднакви можности, се работи кои ги оправдувам.

Критикувам радикализам кој го искривува денешниот феминизам. Не го прифаќам нападот врз традиционалното семејство, негирањето на природните родови улоги и вештачките конфликти кои се создаваат меѓу мажот и жената. Легитимно е да се критикува она што го урива моралното ткиво на општеството.
 
Делумно се согласувам - затоа што има одредени вредности од историскиот феминизам што се цивилизациски придобивки и мора да се задржат.

Денешниот "феминизам" е тероризам и треба да се третира како таков.
 
Треба подетално да се дефинира оти сите имаме други предпоставки што е феминизам. Денес се форсира како идеологија во екстремности што е за одфрлање. Од друга страна еднакви права меѓу маж и жена не ги оспорувам. Пред сто години жените не им беше дозволено да гласаат, да одат на универзитет и ред други работи кои од денешен аспект се класична дискриминација. Исто така не го гледам феминизмот како главна причина за слабиот наталитет. И во држави каде правата на жените се загрозени, паѓа наталитетот.

Една од грешките во феминистичката идеологија е што тврди, дека маж и жена се исто. Не се, барем биолошки. Жената раѓа, мажот не. На пример. Исто така мажите телесоно се поспремни, тоа се гледа убаво на спорт.

Уште еден проблем се квоти за жени. Пожелно е и жени да бидат на функции ама секогаш квалитет треба да е пред пол ако треба да се пополни некоја позиција. Дали на работа или во политика.
 
Конкретно зборуваме за феминизмот што потекнува од САД, од првиот бран па се до денешниот.
 
Делумно се согласувам - затоа што има одредени вредности од историскиот феминизам што се цивилизациски придобивки и мора да се задржат.

Денешниот "феминизам" е тероризам и треба да се третира како таков.
Кои се тие цивилизациски придобивки?
 
Конкретно зборуваме за феминизмот што потекнува од САД, од првиот бран па се до денешниот.

Мислам дека почетоците на феминизмот и денешниот се две различни работи. Највероватно твое мислење е за сегашниот феминизам.
 
Или никого не го тангира феминизмот, или мислењето имаше несреќа да се поклопи со војната на блискиот исток.
 
Или никого не го тангира феминизмот, или мислењето имаше несреќа да се поклопи со војната на блискиот исток.
Цел форум се сложува, не е контраверзно. :D
 
Слабо контроверзно а и Македонија како земја не бележи некој вистински феминзам како на Запад иако има елементи.
 
Јас би го третирал како терористички акт секој шо го користи феминизмот за радикализација на жените и нивно трансформирање во ливадарки.

Тоа е проблемот уствари, искривување на неговата дефиниција а не самиот феминизам. Гласам воздржано.

Тука да пишам дека сите Евреи треба да се истребат големо мнозинство би било за.

Ова е демократска тема и секој има право на мислење брату Такере, нема да те осудиме.:)
 
Мислам дека почетоците на феминизмот и денешниот се две различни работи. Највероватно твое мислење е за сегашниот феминизам.
Не е. Јасно нагласив дека ова се однесува и на првиот бран, и токму затоа темата е контроверзна.

Ситуацијава со Иран го одвлече вниманието од темава. За следна тема @Vartolu .
 
Поради работни обврски не сум во можност да скоцкам скокотлива тема па затоа му препуштам на братот @Ska Maniac да одбери тема па после него (ако ме тагни:) ) ќе одберам јас.
 
Back
На врв Bottom