Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 45: @Menethil - Еколошките мерки треба да се финансирани/покриени исклучиво од луѓе со натпросечни примања.)

Еколошките мерки треба да се финансирани/покриени исклучиво од луѓе со натпросечни примања.

  • Вкупно гласачи
    24
Не вреди да уништуваш улици за 10 точаци. Пример уништени улици за овие особи се лондонска и московска према Сити Мол. Се паркиравме ко цареви додека не им дозволија на овие да праат некакви патеки. Сега морам да плаќам паркинг ради нив во Сити Мол. И како да ги сакаш?
 
Секако дека се согласувам, само најголемиот проблем е во тоа што значителен дел од велосипедистите не ги знаат сообраќајните правила и прописи односно немаат сообраќајна култура.

Знаат дека, ако нема велосипедска патека, имаат право да користат 1 метар од коловозот, но возат во спротивна насока, плус не даваат знаци со раката кога менуваат правец. Тоа е сигнализација за моторните возила, да ја знаат нивната насока на движење.

Прашањето кое виси е и дали тие коловози се практични за возење велосипед. Сите се лошо проектирани, онаму каде што треба да се движат велосипедистите се собира водата. Дури и при поволни временски услови, одреден и улици одамна не се преасфалтирани, имаат кратери, што ги прават неповолни, па дури и опасни за велосипедистите.

Друг проблем е сообраќајната некултура на граѓаните кои управуваат со автомобил. Ми се допаѓа проектот "Безбеден град", може да стави ред во хаосот преку системот на казни, така и многу велосипедисти завршуваат со полесни или потешки телесни повреди, па дури и фатално.

Дел возат по тротоар, а истиот е предвиден за пешаци, не за нив.

Проблем се и бездомните кучиња, каде на одредени локации велосипедистите се во континуиран напад.

Последните неколку години започна со епсканзија со градење на велосипедски патеки, ама тие се стационирани, пред се, во урбаните општини. А треба да се потенцира и кејот на Вардар има одлична патека, со која се заобиколува целокупниот сообраќаен метеж.

Не возам велосипед, преферирам да пешачам. Демотивираноста да возам велосипед се темели на две нешта. Првата, навистина ми е предалеку работното место, предолго ќе ми треба да пристигнам со велосипед. Предолго. И, втората, живеам со средина каде нема рамни улици, не можам да се борам со угорници при евентуалното рекреативно возење велосипед.

Треба да се инвестира, може ќе има и дополнителна мотивација кај граѓаните да ги остават автомобилите, па еве, ако не со велосипед, со електричен тротинет да се движат низ главниот град, со оглед на тоа дека патеките се идентични. Но паралелно треба да се решаваат и горенаведените проблеми, ако сакаме да ги мотивираме активно да користат велосипед во секојдневниот живот.
 
Знаат дека, ако нема велосипедска патека, имаат право да користат 1 метар од коловозот, но возат во спротивна насока, плус не даваат знаци со раката кога менуваат правец. Тоа е сигнализација за моторните возила, да ја знаат нивната насока на движење.
Ма какви знаци, тие ти викам по тротоар и коловоз возат дури и кога има велосипедска патека, а не знаци да давале. Не е убаво да се генерализира, ама за некои групи луѓе во глобала важат генерализации: пр. за Циганите. И во случајов - за велосипедистиве - поголемиот дел се тешки коњи!
 
Јасно, не носат ни заштитна кацига, ни навечер флуоресцентно елече. Тоа е што е.
 
Не вреди да уништуваш улици за 10 точаци. Пример уништени улици за овие особи се лондонска и московска према Сити Мол. Се паркиравме ко цареви додека не им дозволија на овие да праат некакви патеки. Сега морам да плаќам паркинг ради нив во Сити Мол. И како да ги сакаш?
Ти си само за во Делчево, да ти е празен цел град и да паркираш каде сакаш. Да идеш со кола до продавница која ти е на 100метри и да купиш леб, во недела
 
Категорично не, ми ја зема темата што јас обратно ќе ја поставев да имавме вистинско контроверзно мислење.
 
Ти си само за во Делчево, да ти е празен цел град и да паркираш каде сакаш. Да идеш со кола до продавница која ти е на 100метри и да купиш леб, во недела

Вие на две тркала сте ми го уништиле буџетот за илјадници денари што мора за паркинг да давам. Нема љубов меѓу нас :kafence:
 
Точокчарите се дијагноза низ цел свет, не само кај нас. Како прво не им се дефинирани правилата дали се учесници во сообраќајот или не. Возам по пат и го минувам од левата страна, и точно доаѓаме паралелно пред самиот пешачки. Почна да јаде гомна оти не сум го пропуштил на пешачки. Секта.
 
Плус, мене ко што ме учеле, уште во основно, на пешачки треба да се симне од точакот и да го турка, а не да се мушка со него околу пешаците па уште и да им ѕвони на ѕвончето. Исто е и кај автобуските постојки: таму велосипетската патека прекинува. На некои места е пренасочена позади постојката, на други сосема прекината линијата што ја означува. Таму коњот треба или да заврти зад постојката, или да се симне од точакот и да го бутка, а не да ѕвони на тие кои чекаат автобус, ко ретартиран. За ова веќе не ни важи правилото од погоре во кое ги сместив пола од велосипедистите. Тука 99% се исти - коњи!
 
Колку само точочкари имаат згазено човек (одземен живот), возат пијани, нон стоп има сообраќајки помеѓу нив...тешки копита се точочкарите.
 
Автомобилската индустрија го прати модерниот развој на човештвото, речиси од сам почеток на индустријализацијата. Таа е со нас многу подолго од електронската индустрија, или од некои други индустрии.
Возењето автомобил придонесува за развој на економијата: за развој на автомобилската индустрија (преку нови возила и делови), за развој на разни други индустриски гранки кои учествуваат во призводството на автомобили (на пример електронската индустрија), за развој на енергетската индустрија...
Возењето автомобил е далеку покомфорно од речиси било кој друг начин на урбан превоз (точак, автобус, пешки...), побрзо и најбитно - побезбедно. Башка ви овозможува извесна приватност, да не се плеткате со секакви, наоколу.
Но, факт е дека автомобилизмот како урбан начин на превоз си има и свои проблеми.
Нема да се задржувам на сите, туку ќе спомнам само еден, во контекст на темава.

Точаците.
Точаците се еден од најголемите проблеми со кои се среќава урбаниот автомобилист.
Непланското градење во големите градови прави системска штета на инфранструктурата. Заради тоа, градската инфраструктура (улици, одводи, доводи, електрична мрежа...) е се повеќе и повеќе инхибирана. Сообраќајната инфраструктура највеќе страда. Уличките се пренатрпуваат и се повеќе се намалуваат, а движењето на автомобилите е се потешко и потешко. Плеткањето на разни точаци, тротинети и трицикли уопште не ја подобрува ситуацијата. Напротив. Се повеќе се создаваат опасни ситуации каде што возењето е отежнато и опасно, токму заради некоја си жичана направа што бесмислено се плетка наоколу, како беспотребен додаток на целиот тој затнат простор за возење. Парче железо кое никако не придонесува за развој на економијата (освен на точкарските бизниси), прави дополнителни безбедносни проблеми онаму каде и така ги има многу.

Од општ (не само сообраќаен) безбедносен аспект возењето автомобил е далеку пооптимално за државата да ја одржува безбедноста. Сега со Сејф Сит полесно се врши надзор над возилата и возачите. Додека било кој од ИСИС може маска да стаи и да иде кај сака низ градов со точак, без проблем.

Све ова лесно се решава со тоа што улиците ќе се прошират за оној простор од страните кој сега е украден од страна на велосипедистите и преграден со некакви си огради.
Намалувањето на условите за возење точаци би ги натерало луѓето повеќе да возат коли и со тоа транспортниот процес во градот да има поголем општ економски придонес, а осетно ќе се намалат несреќите со точаци у кои многу возачи имаат страдано, правно, но и здравствено понекад, на пример, кочиш да не го згазиш моронот што ти се плетка и удираш у волан.
Додатно, може да се донесат разни даноци на велосипеди, давачки и регистрирање на истите.

Доколку се има политичка воља, може и додатно да се подобри сотојбата со тоа што улиците додатно би се прошириле и за оној простор плус, кој треба да е за пешаци наводно, но во огромен број на случаи е узрупиран од кафичи и слично. Еве не мора толку улицата да биде широка, тој простор би се користел за паркирање.

Има многу простор тука за маневар, само треба воља.
 
Последно уредено:
Плус, мене ко што ме учеле, уште во основно, на пешачки треба да се симне од точакот и да го турка, а не да се мушка со него околу пешаците па уште и да им ѕвони на ѕвончето. Исто е и кај автобуските постојки: таму велосипетската патека прекинува. На некои места е пренасочена позади постојката, на други сосема прекината линијата што ја означува. Таму коњот треба или да заврти зад постојката, или да се симне од точакот и да го бутка, а не да ѕвони на тие кои чекаат автобус, ко ретартиран. За ова веќе не ни важи правилото од погоре во кое ги сместив пола од велосипедистите. Тука 99% се исти - коњи!
Па да ама ако си пешак, не значи дека треба пикник да правиш на тротоар, да го заземете целиот простор и човек да не може никако ни да ве заобиколи ни размине. Не велам дека нема будали што возат велосипед, ама дека како пешаци, многу од нив си дозволуваат премногу, тоа си стои и не е во ред. На кеј, трчаат на велосипедска, на тротоар каде што има велосипедска, одат, стојат, чекаат автобус, такси... Не се вртат да погледнат дали некому сметаат, осет за околината нула.
Автоматски споено мислење:

Автомобилската индустрија го прати модерниот развој на човештвото, речиси од сам почеток на индустријализацијата. Таа е со нас многу подолго од електронската индустрија, или од некои други индустрии.
Возењето автомобил придонесува за развој на економијата: за развој на автомобилската индустрија (преку нови возила и делови), за развој на разни други индустриски гранки кои учествуваат во призводството на автомобили (на пример електронската индустрија), за развој на енергетската индустрија...
Возењето автомобил е далеку покомфорно од речиси било кој друг начин на урбан превоз (точак, автобус, пешки...), побрзо и најбитно - побезбедно. Башка ви овозможува извесна приватност, да не се плеткате со секакви, наоколу.
Но, факт е дека автомобилизмот како урбан начин на превоз си има и свои проблеми.
Нема да се задржувам на сите, туку ќе спомнам само еден, во контекст на темава.

Точаците.
Точаците се еден од најголемите проблеми со кои се среќава урбаниот автомобилист.
Непланското градење во големите градови прави системска штета на инфранструктурата. Заради тоа, градската инфраструктура (улици, одводи, доводи, електрична мрежа...) е се повеќе и повеќе инхибирана. Сообраќајната инфраструктура највеќе страда. Уличките се пренатрпуваат и се повеќе се намалуваат, а движењето на автомобилите е се потешко и потешко. Плеткањето на разни точаци, тротинети и трицикли уопште не ја подобрува ситуацијата. Напротив. Се повеќе се создаваат опасни ситуации каде што возењето е отежнато и опасно, токму заради некоја си жичана направа што бесмислено се плетка наоколу, како беспотребен додаток на целиот тој затнат простор за возење. Парче железо кое никако не придонесува за развој на економијата (освен на точкарските бизниси), прави дополнителни безбедносни проблеми онаму каде и така ги има многу.

Од општ (не само сообраќаен) безбедносен аспект возењето автомобил е далеку пооптимално за државата да ја одржува безбедноста. Сега со Сејф Сит полесно се врши надзор над возилата и возачите. Додека било кој од ИСИС може маска да стаи и да иде кај сака низ градов со точак, без проблем.

Све ова лесно се решава со тоа што улиците ќе се прошират за оној простор од страните кој сега е украден од страна на велосипедистите и преграден со некакви си огради.
Намалувањето на условите за возење точаци би ги натерало луѓето повеќе да возат коли и со тоа транспортниот процес во градот да има поголем општ економски придонес, а осетно ќе се намалат несреќите со точаци у кои многу возачи имаат страдано, правно, но и здравствено понекад, на пример, кочиш да не го згазиш моронот што ти се плетка и удираш у волан.
Додатно, може да се донесат разни даноци на велосипеди, давачки и регистрирање на истите.

Доколку се има политичка воља, може и додатно да се подобри сотојбата со тоа што улиците додатно би се прошириле и за оној простор плус, кој треба да е за пешаци наводно, но во огромен број на случаи е узрупиран од кафичи и слично. Еве не мора толку улицата да биде широка, тој простор би се користел за паркирање.

Има многу простор тука за маневар, само треба воља.
Да се надоврзам на мислењево, јас би направил автомобили со едносед, нема потреба да се гужва четиричлено семејство во еден автомобил, би стимулирал купување на автомобил за секој член, без разлика дали е возрасен или дете, па ако одат четворицата низ град, првиот ќе ги влече останатите три. Исто така би забранил и автобуси, зошто да се заштеди простор во сообраќај, кога може секој патник да оди со свој автомобил, а со тоа да се развие автомобилската индустрија, која е во стрмен пад поради појавата на велосипедите. Исто така би забранил и било какво пешачење, би ги скратил сите тротоари, пешачки/шетачки зони, би срамнил све со земја и би направил една писта без ленти, линии, знаци, секој да вози кој како сака.
 
Во велосипизедизам да, во тротинетизам не...
Немај гајле, повеќето големи градови почнаа да забрануваат тротинети, питање на време е кога и Скопје ќе го направи.
Автоматски споено мислење:

Не вреди да уништуваш улици за 10 точаци. Пример уништени улици за овие особи се лондонска и московска према Сити Мол. Се паркиравме ко цареви додека не им дозволија на овие да праат некакви патеки. Сега морам да плаќам паркинг ради нив во Сити Мол. И како да ги сакаш?
Се надевам дека ова е зезанција мислење, малку да стаиме иронија во игра, иначе не знам што да кажам...
 
Кога нема велосипедска патека, според закон беше да мораат да се движат по десна страна од коловоз, дали на 50 цм растојание, веќе имам заборавено. Ама тие возат на тротоар. Посигурно е за нив да, ама не и за пешаците.
 
Back
На врв Bottom