Фала на предлогот
@џимеј
Датум ако не се лажам, отвори тема дека иселениците треба да плаќаат при влез во Македонија. Иако се сложувам и би потпишал со две раце, сакам да ја спомнам другата страна.
Проблемот кај нас не е само кој си заминал, туку кој останал и што направил.
Македонците генерално повеќе сакаат да се жалат отколку да сменат нешто, а промени сакаме само ако не нè засегаат лично.
Што правиме со луѓето што 30 години по ред гласаат за истите партии, па после секој изборен циклус се чудат како ништо не се сменило?
Што правиме со оние што на 30+ години сметаат дека е сосема океј да се живее со мама и тато, без да преземат никаква лична одговорност, ни професионална, ни општествена, ни граѓанска?
Зошто тие уживаат исти права како некој што вложува време, енергија и се бори за подобра иднина?
Имаме милион твитерџии и фејсбук „интелектуалци“ што секој ден се спремни да критикуваат – со хехенце теми, цинични статуси и морални лекции.
Ама затоа што ги знам дел од ликовите зад тие профили, и знам дека во реалниот живот не направиле ништо, си го поставувам прашањето, што правиме со тие што се уште помалку видливи, а уште погласни во кукањето?
Кукаме секојдневно. Критикуваме систем, држава, власт, народ. И тука доаѓам до суштинското, дека ние не мразиме неправда, мразиме кога не допира лично. Ако не, кој го ебе комшијата.
Иселениците, по мое мислење, платиле многу поголем „данок“ од било која такса за влез во државата.
Платиле со тоа што: е помириле дека тука нема иднина за нив, го напуштиле домот каде што пораснале, живеат илјадници километри од фамилијата и друштвото и ги гледаат родителите како стареат преку видео повици. Тоа не е бегство. Тоа е пораз што си бил приморан да го прифатиш.
Да не должам многу, моето контроверзно мислење е дека, т
ие што останале, а со прст не мрднале за подобра иднина, треба да се избришат од список за гласање, евентуално би ги исклучил и целосно од пензиски и здравствен систем - повели на приватно затоа што повеќе и не заслужуваш.