ИТ секторот и неговите проблеми, каде најмногу згрешивме и зошто работите тргнаа надолу?

  • Креатор на темата Креатор на темата ni40z
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јануари 2025
Мислења
2
Поени од реакции
11
Здраво на сите,
сакам да ја отворам оваа дискусија можеби насловот не е совршен, ама темата мислам дека е интересна.

Според мене, првиот и најголем глобален проблем беше огромниот hype за време на короната. Нереални проекти, нереално пумпање со пари и пазар што изгуби допир со реалноста. Во тој период буквално секој што изгледал YouTube курс можеше да се вработи за солидна плата. Да не зборуваме дека имаше луѓе што работеа, а мислеа дека VS Code е програмски јазик.
Вториот проблем, директно поврзан со првиот, е корпорациската токсична култура. „Сите сме фамилија“, „пица и пинг-понг“, лажен позитивизам и глумење култура, додека во позадина владее притисок, хаос и немање реална визија.
Во нашата реалност, во Македонија, државата целосно утна. Не само што не го препозна моментот, туку ни приближно не се обиде да инвестира во ИТ како што тоа го направи Естонија. Една мала Естонија успеа да создаде продукт како Skype и да изгради екосистем уште пред 20+ години, а денес важи за европска „Силиконска долина“. Што сме ние полоши од нив?
Кај нас, за жал, 99% од фирмите се аутсорсинг и зависиме од странски газди и странски пазари. Имаме квалитетен кадар што може да изгради домашен продукт, но тоа ретко се случува најчесто поради недостаток на финансии и поддршка.
Следен огромен проблем е HR. Луѓе што немаат поим што бараат, штампање огласи со нереални барања, вработувања преку врски (или „networking“, по модерно), и процеси што траат со месеци. На сето тоа се надоврзува лош менаџмент и газди со mindset „искуцај, само нека работи“.
Образованието е посебна приказна. Колку студенти се запишуваат на ФИНКИ, а колку реално завршуваат? Што е со академиите што создаваат лажна слика за професијата и често учат погрешни практики? Реално, дел од нив продаваат магла и ветуваат нешто што пазарот не може да го исполни.
Потоа имаме и проблем со самите програмери. „Code monkey“ култура читај тикет, следи чекори, не мисли. Ретко се гледаат вистински инженери со желба за учење и напредок. Голем дел од луѓето вработени по 2019 година влегоа во ИТ исклучиво поради платата, не затоа што ја сакаат професијата.
И конечно AI и новиот балон околу него. Да се разбереме, AI е моќна алатка ако се користи правилно. Ама моментално гледаме „vibe coding“, AI агенти што решаваат таскови и директно се пуштаат во продукција без разбирање што точно е направено. Се поставуваат сериозни прашања за безбедност, квалитет и чувствителни податоци, а одговорите ретко ги има.
Според мене, клучните проблеми се:
токсичната корпорациска култура
некомпетентен HR
„vibe“ кодери наместо инженери
нереални барања и очекувања
лажниот hype дека ИТ е лесен пат до пари
Би сакал да отвориме дискусија:
каде згрешивме колективно и зошто овој сектор толку брзо почна да пропаѓа?
 
HR се сегде крш, не ги мисли, ама и не треба да се вау.
Ете ти го кажа каде згрешивме: Имаме квалитетен кадар што може да изгради домашен продукт, но тоа ретко се случува најчесто поради недостаток на финансии и поддршка.
У кратко, каков и да е мањакот, би ко опишал ко немање капацитет, дали се финансии, поддршка, визија, јебеш ти кадар кога нема некој мудоња со визија да ризикува и да има поддршка. Оркестарот мора да има диригент, а нас ни фалат диригенти.
 
Немаме култура на инвестирање т.е нема кој да инвестира. Тие малку стартапи што имаат свој продукт, се финансирани од страна и за странски пазар. Ако немаш никој надвор тешко е и да бидеш виден.
 
Мислам дека проблемот во таа гранка настана поради тоа класичното earn or learn. За нашата земја, работење за странство и ауторсинг фирми значеше високи плати и одличен додаток за сивито, па ако се научи нешто тука таму ненамерно океј и не остави тоа простор некој да размислува многу на стартапи, да развива своја идеја после факс, да некој ризикува неколку години да работи за ич или малку пари. Привлекување секакви поради пари звучи лошо, но многу млади само со такви работи можеа да си купат станови, да бидат самостални. Пред некоја година конечно мислам дека имавме зрел и квалитетен кадар за нешто домашно, но целиот шифт што се случи во светот ова го направи уште потешко. И не знам зошто е проблем да постојат code monkeys, нели имаме општи лекари што само спроведуваат исти 4-5 тикети и само следат чекори од документација, не може сите да се не знам Жан Митрев визионери, да сакат и користат најнови технологии. Заборавате дека работата некогаш е само работа и не сите сонуваат да се инжинери. Поради тој грајнд мајндсет пати ИТ, се јаде од внатре. Имаме неколку игри создадени од наши, ги имате купено, поддржано? Не бе, ќе си купите Witcher 3 на уште една платформа од веќе седум за тие пари, оти знаат како во Полска...
 
Шо сте грешеле, сте грешеле. Глејте сеа да прекинете да грешите, така што ќе прекинете да им зборите на децата дека треба да бидат компјутерџии, дека таму имало пари.
Наместо тоа - се знае кај има пари, терајте ги занати да учат.
 
Мал си ти. Кога се затворија фабриките у време на бранко, ретко кој бараше мајстор или занаетчија, сите хаус-мајстори си станаа оти имаа слободно време, а немаа пари.

Мајстор се викаше ептен ако е неопходно нешто да закрпи.

Гледам цело време плочкари, молери, водоводџии, електричари се спомнуваат колку многу пари зимале.

Зимаа (и сеуште зимаат) добри дневници оти има работа.

Самото население, учено од постарите осеќа дека се ќе оти у курац, па го прави она што нивните родители финансиски не можеле да го направат(60+ години стари електрични инсталации, водоводни цефки, одводни цефки, тоалети, кујни, фасади, кровови итн), а нивните дедовци го изградиле.

На оваа инфлација и плати, не верувам дека ќе има работа ниту за занаетчиите во блиска иднина.
 
Мал си ти. Кога се затворија фабриките у време на бранко, ретко кој бараше мајстор или занаетчија, сите хаус-мајстори си станаа оти имаа слободно време, а немаа пари.
Можеби не сум бил тогаш роден, ама ги знам тие тешки времиња. Не беше све како што е денес: стиснеш дугме - џак на леѓа. Се мучевме и тргавме и збор не кажуевме. Секој ден до школо и назад, по виулици, снегови и калови, по десетици километри у еден правец, по планина и со ветер, со волци и ежови, фазани и клукајдрвци. Еднаш кога преминувавме река со другарчињата падна едното у вирот, не беше длабоко, али имаше сеуште алигатори тогаш. Среќа го извадивме на време.

Денес, стануе, иде на компјутер и стиска по цел ден седечки на тоа копчињата, ко да нема утре. Епа, нема донедоглед некоја будала да му плаќа за тоа, коа може секој таа работа да ја врши, со малку среќа, ако ги погаѓа цело време копчињата што треба да се стиснат у право време.
 
@Joey-Jojo Jr. Shabadoo не си во ИТ така? Не си ни имал допир со ИТ?
Многу коперациски муабет истера.
шо кур ви е тоа IT?

оноа од Стивен Кинг кловнон?

ја мислев зборите за работа на компјутери
 
@Joey-Jojo Jr. Shabadoo не си во ИТ така? Не си ни имал допир со ИТ?
Многу коперациски муабет истера.
Јас мислам дека е некој занаетчија што најчесто работи/работел кај некои што штракаат на тастатура :D
 
Извади го лажичето од заби и прашај пак, не те разбрав.
ok
еве без лажица у уста:

шо кур ви е тоа IT?

оноа од Стивен Кинг кловнон?

ја мислев зборите за работа на компјутери
......................................................................
Дечки се шегував, продолжете си на раат со дискусија.

Инаку, и ја сум IT - ШРО октомвриска класа 99-та.
 
Еве и јас да се пошегувам на темава :)

Штракачи на тастатура, учете занает. Фино, ама јас и ова би го земал со резерва.
Помалку луѓе во ИТ, помалку клиенти за занаетчиите. Од друга страна, па може и стварно ќе преминат во плочкари и ќе се зголеми конкуренцијата на мајстори. Така да имаме помалку клиенти, повеќе мајстори = пад на работната рака.

Главно штракачите на тастатура (како што не викаат тие надвор од ИТ) се главно интелигентни луѓе, што лесно би можеле да променат професија и да бидат доволно ефикасни на новата работна позиција.

Да, ако ИТ тргне надолу, тоа ќе го осетат сите.

Ај малку посериозно на темава.
АИ ќе не замени. За мене АИ е се уште алатка, а не ресурс.
Импресивни се резултатите да, уште поимпресивни ако немаш врска од темата за која го користиш. Но, ако малку повеќе разбираш од тоа што сакаш да го развиеш, сфаќаш дека АИ се уште има голем степен на грешка.
Може да се примети на било која тема, не само за генерирање код. Мемињата со дебелото црево, со отровната печурка? Е па исто е и со програмски код. Добриот девелопер ќе рече застани, грешиш, не си во право. Лошиот ќе направи само copy-paste.
Тракторот не ги замени земјоделците, само ги направи поефикасни тие што знаат да ракуваат со него во споредба со тие што копаат на рака. Во моментов на ова ниво сме.

Генерално се согласувам со работите пишани погоре.
Би додал само што покрај тоа што немаме доволно домашни фирми, стартапи, наши продукти, наш софтвер, туку последниве години дури стагнираме и во привлекување на странски компании.
Да, пазарот не е идеален, преминуваат на АИ, го селат девелопмент тимот на истокот. Но, не е до толку црно да нема некој интерес и тука да формира тим. Иста временска зона со Европскиот пазар, релативно квалитетни програмери/инженери, пониска плата од европскиот просек, може да е се уште привлечно за некого.
 
Немаме менталитет за водење на бизнис. Исто не знаеме и да цениме добар бизнис. Секој од нас повеќе би работел во outsource фирма кај што ќе не плаќаат 200 евра повеќе него ли во некоја наша фирма што работи на наш продукт.
Ако ја отвориш темата со највеќе мислења за ИТ на форумот, ќе видиш дека луѓето највеќе ги интересираат работи како:
  1. Кај има највисока плата
  2. Кај се работи најмалце
  3. Како да се влезе во ИТ светот (со цел да имаме добра плата)
  4. Рекла казала муабети и драми за фирмите во МК (кој CEO бил наркоман, кој бил ненормален, каде имало највише отпуштања, кој ги цедел највише вработените....).
Многу помалце ќе видиш дискусии за тоа како да се стане добар програмер, како да направиш добар продукт а со тоа и како да почнеш свој бизнис. Сите сакаме лесни пари, да сме слободни после 5 саатот и да можеме секој викенд да шетнеме некаде. Е јебига, така не се праи бизнис.
 
Не знам за вас, ама јас секогаш би одбрал да работам на продукт отколку аутсорс компанија, со исклучок на компании што имаат код искуцан во 92 и нема никаков напредок да се работи за истите.

А темата овде малку не е репер за целокупната ИТ заедница. Овде на форумот наводно се најдобрите програмери, а сите други особено тие со помало искуство за кур не ги бива и заслужуваат да бидат плочкари. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom