- Член од
- 17 јануари 2025
- Мислења
- 2
- Поени од реакции
- 11
Здраво на сите,
сакам да ја отворам оваа дискусија можеби насловот не е совршен, ама темата мислам дека е интересна.
Според мене, првиот и најголем глобален проблем беше огромниот hype за време на короната. Нереални проекти, нереално пумпање со пари и пазар што изгуби допир со реалноста. Во тој период буквално секој што изгледал YouTube курс можеше да се вработи за солидна плата. Да не зборуваме дека имаше луѓе што работеа, а мислеа дека VS Code е програмски јазик.
Вториот проблем, директно поврзан со првиот, е корпорациската токсична култура. „Сите сме фамилија“, „пица и пинг-понг“, лажен позитивизам и глумење култура, додека во позадина владее притисок, хаос и немање реална визија.
Во нашата реалност, во Македонија, државата целосно утна. Не само што не го препозна моментот, туку ни приближно не се обиде да инвестира во ИТ како што тоа го направи Естонија. Една мала Естонија успеа да создаде продукт како Skype и да изгради екосистем уште пред 20+ години, а денес важи за европска „Силиконска долина“. Што сме ние полоши од нив?
Кај нас, за жал, 99% од фирмите се аутсорсинг и зависиме од странски газди и странски пазари. Имаме квалитетен кадар што може да изгради домашен продукт, но тоа ретко се случува најчесто поради недостаток на финансии и поддршка.
Следен огромен проблем е HR. Луѓе што немаат поим што бараат, штампање огласи со нереални барања, вработувања преку врски (или „networking“, по модерно), и процеси што траат со месеци. На сето тоа се надоврзува лош менаџмент и газди со mindset „искуцај, само нека работи“.
Образованието е посебна приказна. Колку студенти се запишуваат на ФИНКИ, а колку реално завршуваат? Што е со академиите што создаваат лажна слика за професијата и често учат погрешни практики? Реално, дел од нив продаваат магла и ветуваат нешто што пазарот не може да го исполни.
Потоа имаме и проблем со самите програмери. „Code monkey“ култура читај тикет, следи чекори, не мисли. Ретко се гледаат вистински инженери со желба за учење и напредок. Голем дел од луѓето вработени по 2019 година влегоа во ИТ исклучиво поради платата, не затоа што ја сакаат професијата.
И конечно AI и новиот балон околу него. Да се разбереме, AI е моќна алатка ако се користи правилно. Ама моментално гледаме „vibe coding“, AI агенти што решаваат таскови и директно се пуштаат во продукција без разбирање што точно е направено. Се поставуваат сериозни прашања за безбедност, квалитет и чувствителни податоци, а одговорите ретко ги има.
Според мене, клучните проблеми се:
токсичната корпорациска култура
некомпетентен HR
„vibe“ кодери наместо инженери
нереални барања и очекувања
лажниот hype дека ИТ е лесен пат до пари
Би сакал да отвориме дискусија:
каде згрешивме колективно и зошто овој сектор толку брзо почна да пропаѓа?