- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 4.729
- Поени од реакции
- 14.564
Тоа што ти го опишуваш е криминал, а не нешто што е реулирано со закон, правни договори и етички комисии. По твојата логика секоја медицинска интервенција може да биде црн пазар на органи ако ја гледаш низ призмата на подземјето. Мислам тоа е улогата на медицината и правото тука, да ти покажат што е различно меѓу хуман чин и криминал.Фино ако на фамилија, роднина, другар сакаш да донираш..
За другар малце потешко ради генетска разлика.. ама ај еве набројувам!
Плус донирањето на орган, што ти како докторка треба да го знаеш најдобро, е последна шанса да се спаси живот.
Ништо од ова не е ни приближно заедничко со сурогатството!
Не се спасуваат животи, тоа бар сигурно.. а и шансата да погоре набројаните ти родат е 0.00 нешто децимала!
Убаво што сакаш да ја извртиш тезата со неповрзано нешто..
па ќе морам и ја малку цинизам да употребам. Уствари ова не е цинизам!
Ова е реалноста!
пр. Слушај акесо. Ти бараш сурогат за тебе. Ја знам една, ама како посредник ќе ти земам 20000€! Може?!
Нејќеш, нема проблем. Ти не ја дознаваш нејзе.
Сакаш. Супер, она нема проблем со мојата провизија оти 50 000 и е цената!
Се додека плаќаш сите страни задоволни.
Убаво ти звучи?
Епа ова се 99% од случаите!
Буквално изнајмување на матка за пари!
Ништо поразлично од трговија со бело робје или деца!
Ок, физички не се спасува живот, ама психолошки се спасуваат многу семејства од психолошка болка и неисполнетост. На некој тоа му е единствената смисла на животот. Да биде родител.
Не сакам да ја извртам тезата, само си пишувам тоа што ми е логично врз основа на тоа што го читам. Мислам дека не е понижување ако една жена свесно и сама одлучила дека тоа треба да го направи. Наместо да ја третираш како жртва, пробај да ја гледаш како субјект кој има способност сам за себе да си донесе одлука.

