Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.229
- Поени од реакции
- 13.503
Не се согласувам.
Откако стапив во брак, увидов дека е навистина само парче хартија. Ништо посебно не се промени во односот со сегашниот сопруг, а тогашен дечко откако стапивме во брак. Доколку на некој му треба да е во брак за да стапи моментот на сериозност, пошо некако така се сфаќа бракот, како следен и посериозен чекор од врска, супер. Дека е така, не се согласувам.
Еве тука во Шведска многу е нормално чинот на брак да настапи после имањето деца. Не гледам дека децата кои растат во таква средина се понесреќни или дека им фали нешто. Односот меѓу двајца партнери е само нивен и е дистинктивен од родителскиот однос, за мене брачен партнер/партнер и родител се две неповрзани инстанци.
Од друга страна па, што е родител? Која е мајка на посвоените деца, таа што ги родила или таа што цел живот бдеела над нив како сопствени?
Кој одлучува чиво родителство ќе служи како постулат за останатите? Има ли идеален родител? Кои се бенефитите доколку детето е израснато во средина со двајца хетеросексуални родители во споредба со хомосексуалните, или па од самохрана мајка? Бидејќи за едно дете да израсне во здрава индивидуа, според мене најбитно е родителот да е активно вклучен, не само во воспитувањето туку и во секојдневниот живот. Да има време и да има трпение после работен ден да седне и да поигра со детето, да одговори на сите негови прашања, да прочита приказна, да позборува со него за денот.
Доколку оваа средина може да биде искреирана од две жени, или од самохрана мајка, немам ништо против. Се додека детето има внимание и љубов. Има многу деца израснати во семејство со мајка и татко, кои никогаш не осетиле прегратка или љубов или било каква форма на афекција од таткото. Општо мислам дека генерациите татковци од 70ти и назад се грото сите емоционално незрели. А нема полошо од таков родител и таква траума за дете. Тоа се носи цел живот, афектира формирање врски, пријателства, ставови кон животот и испливува на површина кога самото дете станува родител. А нема потешко од бидување родител и лечење на внатрешното дете истовремено.
Има еден интересен термин, married single mum. Се однесува на жените кои се во брак/врска со маж, но сепак најголем дел од одгледувањето и грижата за децата им припаѓа нив. Ова е генерално точно за првите години од животот на децата, можеби до кај 3-4 години. Но, има и случаи ( и лично познавам многу ) каде ова станува норма и после таа возраст. Невидливиот товар на грижата за деца кој можеби е биолошки, кој вклучува, на пример, колку и што и дали детето јаде, кога е време за следна вакцина, која е таа вакцина, дали треба да се прими сега или да се почека некое време, дали патиките што ги носи му се мали и е време за нови, менување на цела гардероба бидејќи ја надраснуваат со брзина на светлината, дали овој осип беше тука вчера или е нов, кога е време да закажам прва посета на стоматолог, дали излезе тројка или само така е црвен во образите или е нешто друго итн. Мозокот на мајката размислува вака, 24/7. Проблемот е што вака не размислуваат мажите, па самите жени ( и ова сум го дискутирала со многу пријателки со деца ) се чувствуваат како да одгледуваат две деца. И е навистина многу голем ментален товар, покрај сите потешкотии што ги носи родителството. И доколку овај товар не се сподели меѓу двајцата родители, тогаш имаме семејство со мајка и татко, ама мајката е и мајка и татко, само таткото уште не е свесен за тоа. И вакви семејства авторот на прашањево ќе ги дава како пример за функционални семејства со двајца хетеросексуални партнери кои според него произведуваат посупериорни деца од останатите.
За мене, среќно дете е најбитно на крај на денот. Таа среќа може да биде производ на било која комбинација на партнери, мажи, жени, самохрани мајки. Посвоени деца, инвитро, по природен пат, финансирано од државни пари или приватно, ништо не е битно колку насмевката на едно дете.