Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 51: Законски да се ограничи голотијата во земјава, онлајн и офлајн.)

Ме нервира кога одам по намирници, ништо не работи у недела и празници, па мора да се туркаш. На продавачите ништо не им менува дали недела или среда ќе бидат дома. Ова Зоки заев го измисли и у екстаза беа, се враќа времето комунистичко кога недела не се работело.
Ke si kupis den pred toa. I tie se ljuge i sakaat da si bidat so familijata, da prosetaat ili so i da pravat koga site drugi se slobodni.
 
Гласав НЕ.
Не е проблем бројот на државни празници. Не знам колку ми е точно инфово, ама навистина имаме поголем број неработни празнични денови од повеќето држави од Европа, но (според тоа што знам од колеги од западниве европски држави) имаме многу помалку денови одмор од нив. Ни се смееја на состаноци како секој месец имаме некој празник и не работиме, а на крај испадна дека по 30 и кусур слободни денови имаат во годината за разлика од моите 24 на пример :D

Не можам да ги поврзам бројот на празници и продуктивноста на работата. Особено кај тие што работат во приватни фирми.
Проблем е државната администрација што спојува неработни денови цело време. Или во петок што си одат на џума уште од 11 саатот и не се враќаат. Или па воопшто што не одат на работа, а зсмаат плата. Знаеме кој работи во државни фирми и колку работат. Со исклучок на поединци (воглавно луѓе во поодминати години) врз кој паѓа цел товар на работата, остатокот ОДИ НА РАБОТА ЗА ДА ОДМОРИ.
Со оглед на тоа што нивната продуктивност нема да се зголеми ако се намалат бројот на празниците, гласам за да не се укинат истите, затоа што ќе го јадеме ние работниците :D
 
A kolku se takvi. Veligden, bozik, bajram i uste koj ?
Raka na srce sekularna sme republika, tie praznici i ne ni treba da se slavat, neka si zemat od odmorot ako im e tolku bitno.
No da mesa nekoj produktivnost so tamu edna raka nerabotni denovi e nadvor od umot.
Ajde togas i ovie 24 dena godisno za odmor so sledvat da gi ukinime radi produktivnosta.
Еве за 2026. Државни празници, за сите се:

01 јануари (четврток), Нова година
07 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
13 април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар
01 Мај (петок), Ден на трудот
24 Мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, неработен ден е 25 мај (понеделник)
02 Август (недела), Ден на Републиката, односно неработен ден е 3 август (понеделник)
8 Септември (вторник), Ден на независноста
11 Октомври (недела), Ден на народното востание, односно неработен ден е 12 октомври (понеделник)
23 Октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба
8 Декември (вторник), „Св. Климент Охридски”

И 8 Септември го заборавив, ете и тој нека биде за сите, останатите да се укинат и да се направат вакви, како верските и празниците на националности:

За граѓаните од православна вероисповед:

06 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ
19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици)
10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед:

6 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
01 ноември (недела), Празникот на сите светци
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ:

22 ноември (недела), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ:

27 јануари (вторник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ:

08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ:

23 мај (сабота), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ:

21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ:

28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:

21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик
 
Инаку и јас сум на ставот дека во секуларна држава не треба да има државни верски празници. Нека бидат празници т.е. неработни денови, но само за граѓаните од таа конкретна вероисповест.

Ако се држиме до начелото на еднаквост и рамноправност, и до оваа логика на државни празници која е имплементирана, и католиците и протестантите треба да уживаат право на најмалку еден државен празник, независно што се малцинство или промил.

Еден период имаше повеќе празници, се укина втори мај, а се укина и денот на дрвото, кое беше мислам два пати годишно (пролет и есен). Денот на дрвото не беше класичен празник-празник, беше работен ден, но теренски работен ден.
 
Не знам кај изброја ако си православен 9.

Како прво има 11 државни празници неработни за сите до еден.

На тоа додади за православните (верувам за едно 80% од народот) Бадник, Водици Црн петок, Духовден и Богородица, па доаѓаш до 16.
Тука додади меѓу 20 и 26 денови годишен одмор... и додади 104 денови за викенд.

Така цела државна администрација 2026 година нема да работи точно 145 денови или 40% од цела година.

Не знам како ова е нормално... ова важи и за дел од приватните фирми, сепак за доста мал дел.

Јас сум за квалитетен годишен одмор, за одмор кога вистински некому му треба и за голема регулација на одморот кај приватниот сектор. Задолжително минимум 21 работен ден, со забрани за комуникации за време на одморот, со регулативи на исплаќање 10 плати за нарушување на одморот и со еден тон други работи. Исто сум за почитување на викендот, онаму каде што не мора, не смее сабота и недела, онаму каде што мора или дејноста е од таа природа ×2 и ×3 за тие денови... нешто што и делумно сега се прави.

Но во истовреме сум за укинување на некои работи кои е очигледно дека се тешка глупост... тргнувам од Рамазан бајрам или како и да се вика празникот, обично во март/април се паѓа. Не знам од каде тоа за сите граѓани, јас секогаш самоиницијативно си го работам, предност е и мирот пред компјутер во ден кога не ѕрнкаат телефоните.

Овде ги ставам и сите дополнителни верски за православните, нека си бидат празници, ама не неработни денови.
Истото важи и Кирил и Методиј и Св. Климент... од кај ги измислија тие 24 мај и 8 декември, страшна работа.

Нога Година, еден ден Божик и Велигден, први мај, Илинден и независноста... тоа се 6 денови, каде што никој и ништо не смее да работи. Се друго е ветер и магла.
Во право си, не сум ги избориле верските државни, 16 се. Машала, немав поима дека се толку многу, зошто реално јас две третини од празниците ги работам.
 
Еден период имаше повеќе празници, се укина втори мај, а се укина и денот на дрвото, кое беше мислам два пати годишно (пролет и есен). Денот на дрвото не беше класичен празник-празник, беше работен ден, но теренски работен ден.
Немало повеќе празници од сега.
На страна денот на дрвото, нешто што траеше неколку години само, во моментот кога ДПМНЕ ги укина како неработни денови 2 јануари и 2 мај, ги воведе како неработни 23 октомври, 8 декември и Духовден во јуни, па бројот на неработни празнични денови се зголеми за 1.
 
има но стар леб носат, не носат тазе во недела. И што ќе барам тогаш стар леб да купувам? Сакам тазе испечено, свежо. Мене ова ми е комунизам, сакам да се врати времето пред овие глупи закони.
Лелеее немало тазе леб во недела. Колку појче го читам овај прогален вмроски газ толку повеќе го доживувам ко снегулка од воук движењата.
 
Еве за 2026. Државни празници, за сите се:

01 јануари (четврток), Нова година
07 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
13 април (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар
01 Мај (петок), Ден на трудот
24 Мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, неработен ден е 25 мај (понеделник)
02 Август (недела), Ден на Републиката, односно неработен ден е 3 август (понеделник)
8 Септември (вторник), Ден на независноста
11 Октомври (недела), Ден на народното востание, односно неработен ден е 12 октомври (понеделник)
23 Октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба
8 Декември (вторник), „Св. Климент Охридски”

И 8 Септември го заборавив, ете и тој нека биде за сите, останатите да се укинат и да се направат вакви, како верските и празниците на националности:

За граѓаните од православна вероисповед:

06 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божиќ
19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици)
10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед:

6 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
01 ноември (недела), Празникот на сите светци
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ:

22 ноември (недела), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ:

27 јануари (вторник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ:

08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ:

23 мај (сабота), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ:

21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ:

28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:

21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик
Не сфаќам зошто за муслиманите Божиќ е неработен ден, или за нас Бајрам. Нема логика искрено цел систем да запира за празник кој голем дел од населението не го чувствува за свој.
 
Не сфаќам зошто за муслиманите Божиќ е неработен ден, или за нас Бајрам. Нема логика искрено цел систем да запира за празник кој голем дел од населението не го чувствува за свој.
ironicno e sto ja kako nekoj izrasnat vo albansko dominantna sredina sum primetil deka nasite rabotaat za nasi verski praznici, dodeka albancite ne.
 
ironicno e sto ja kako nekoj izrasnat vo albansko dominantna sredina sum primetil deka nasite rabotaat za nasi verski praznici, dodeka albancite ne.
Па и тоа покажува дека нема логика да се слават заеднички неработни денови (верските празници). Државата не тера на соживот, додека едните се жртвуваат за работата, а другите се принудени да одмараат за туѓ празник.
 
ja se slozuvam, i toa kako vernik, deka distinkcija pomegju drzaven i verski praznik mora da ima.
 
едноставно, ем се премногу на број за ваква умрена економија како нашава, со таква мала продуктивност, ем ефектот нивен е никаков.
Каква е таа мала продуктивност ако може да образложиш, и зошто од гʼз го извади тој факт!
Од искуство ќе ти кажам дека нормите и тактот на линиите по фабриките е бар 50% поголем од иста таква фабрика во ЕУ!
Личен пример, во дрекслер ни го спуштија до 180сек на времето, луѓе се онесвестуваа на лентите!
Ист производ иста фабрика, 300сек у Романија!
Кога ќе дојдеа некој високи глави од странство у обиколка, ни го креваа на 400сек, се идеално како у германија!

Па да им работеа германците на таква норма и на такви плати, немаше кај нас да ги селат фабриките!
И ова е малтене секоја приватна фирма, не само странските фабрики!

Плус многу често, скоро редовно добар дел од тие празници се работни за приватните и фабриките!
Плаќаат 50% празнично, и ич не им чуе дали ти се работи или не!

Е сега ако дискутираш за партиската превработена администрација што од досада не знае денот како да го помине... бујрум нагласи!
Тие се тие Тиго, па утре кафе у Солун!
Црн бумбар од мене!
 
Дефинитивно сум за кратење на бројот на празници, а за сметка на тоа нека се зголеми бројот на денови за платен одмор. Така ако на некого вистински му значат тие празници, ќе си земе ден, а системот и бизнисот ќе продолжи да функционира. Слобода на избор, дај ми законски ден наместо некој рандом државен/верско празник, па јас ќе си одлучам кога ќе го искористам.

За тие што работиме со странски клиенти празниците знаат да бидат сериозен проблем. Особено католички/православен Божиќ периодот. Моиве клиенти се сите на одмор таму од 22/3 декември, па до 4 јануари, а само што ќе се вратат, ние имаме 2 дена пауза, па после на 19ти уште еден. После истиот момент се дешава и со Велигден и бајрам. Не викам дека треба цела култура да си ја смениме ради западен пазар, но ете за муслиманите тие денови се неважни, не гледам причина зошто не би работеле, како и ние што можеме да работиме за бајрам, а тие ,,слободни,, денови да си ги користиме кога самите би сакале.
 
Back
На врв Bottom