Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Што мислеше дека ќе се случи? Либералниве жени треба убаво реалноста да ги тресне од земја одвреме-навреме.


Кајгана не може да ги прикаже видеата така да еве линкови.

Пошто трајбализмот е на макс левел пуштен и таму, вреди ова да се земе во предвид:
Minneapolis is a heavily Democratic (blue) city. It reliably votes for Democratic candidates in local, state, and national elections and is part of Hennepin County, which leans strongly Democratic.

Така да зависи каков судија ќе се падне, ама извесно може и проблеми да има џандарот.
И не мислам дека нешто ќе научат другите, одамна чавки им го испиле мозокот таму.

 
Пошто трајбализмот е на макс левел пуштен и таму, вреди ова да се земе во предвид:


Така да зависи каков судија ќе се падне, ама извесно може и проблеми да има џандарот.
И не мислам дека нешто ќе научат другите, одамна чавки им го испиле мозокот таму.


Дури и да завршат ваквите див запад пресметки на суд, на крајот трампавиот дибек има право да ги амнестира извршителите на ваквите дела.
 
Види ги бе... :facepalm:

IMG_7546-scaled.jpg


Автоматски споено мислење:

Дури и да завршат ваквите див запад пресметки на суд, на крајот трампавиот дибек има право да ги амнестира извршителите на ваквите дела.
Премногу екстремзирани им се срањава, и политизирани до бескрај.
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

Испукани се во главите таму
 

Испукани се во главите таму

Проба да ги прегази у видеото и ја испукаа.
 
Проба да ги прегази у видеото и ја испукаа.
Не изгледа како да проба да ги прегази туку да замине, види погоре видеото од Ванлок, тркалата се свртени на десно, за да го избегне тој што ја пукаше. А тој, скоро и да не се помести
 
Не изгледа како да проба да ги прегази туку да замине, види погоре видеото од Ванлок, тркалата се свртени на десно, за да го избегне тој што ја пукаше. А тој, скоро и да не се помести

Штом и ја запреле колата на сред улица со блокада очигледно дека случкава има позадина која не е прикажана во видеото. Овие се федерални агенти, многу погоре над обични полицајци. И не смееш да им тераш инает. Дури и обичните полицајци таму пукаат.
 
Од мали нозе имаат емисии по тв како да се понашаш со полиција. Ова беше класично водење инает. Кога ќе ти каже полиција get the fuck out of the car, едноставно треба да послушаш освен ако не си некој мартир и спремен да ја платиш најскапата цена за политичка пропаганда.
 
Проба да ги прегази у видеото и ја испукаа.
Прво не е така. И да е така.
Не може за сѐ нешто да се пукаме.
Знаеш дека може у возење да имаш мозочен удар, срцев удар, погрешка да го направиш тоа, и замисли кај умираш, уште да те упука некој? И тоа шо можеле да те спасат, ќе отиде за секунда. Американциве претеруваат со оружјето.
 
Последно уредено:
Не изгледа како да проба да ги прегази туку да замине, види погоре видеото од Ванлок, тркалата се свртени на десно, за да го избегне тој што ја пукаше. А тој, скоро и да не се помести
Напротив, се помести за да не го удри. Погледај добро. Целиот став на џандарот му беше како да биде препрека за бегање а во исто време да може и да избега да не го згазат. Лудачава можеби немаше директна намера да го згази, но апсолутно можеше така да заврши работата. Или да згази некој друг 50 метри подолу.

Школски случај на обид на убиство на полицаец, со возило. Ова според нивните закони.
Тоа кажано, можеше и да ја остави да избега. Одбра, во рамки неговата ингеренција да одлучува, да ја спречи да избега. Подолу може има дури кои може да се загрозени од лудача во ауто од 2 тона.

Законски покриен е. Никогаш нема да најдат порота која едногласно ќе го осуди. Но судијата ако е левичар, може да му го загорчи животот. И лудаците од другата страна... Јас на негово место веројатно ќе ја оставев да отиде.
Автоматски споено мислење:

Прво не е така. И да е така.
Не може за сѐ нешто да се пукаме.
Знаеш дека може у возење да имаш мозочен удар, срцев удар, погрешка да го направиш тоа, и замисли кај умираш, уште да те упука некој? И тоа шо можеле да те спасат, ќе отиде за секунда. Американцивд претеруваат со оружјето.
Забегани се, но овде лудачата сама си направи FAFO.
Еј на сила со ауто ќе спречуваш полиција да си ја работи работата... Што очекуваше? Разврска како од холивудски филм? Епа реалноста е многу поинаква.
 
Штом и ја запреле колата на сред улица со блокада очигледно дека случкава има позадина која не е прикажана во видеото. Овие се федерални агенти, многу погоре над обични полицајци. И не смееш да им тераш инает. Дури и обичните полицајци таму пукаат.

Тоа не го мењава фактот дека не проба да го удри, првен враќа риквец за да избегне удар на колата пред неа после оди во десно

Бонус не дозволуваат да и се даде прва помош, оставаат да умре

 
Забегани се, но овде лудачата сама си направи FAFO.
Еј на сила со ауто ќе спречуваш полиција да си ја работи работата... Што очекуваше? Разврска како од холивудски филм? Епа реалноста е многу поинаква.

Не разбирам само од каде ова излезе, дека она демонстрирала и ги поречувала со работа. Зошто од видеото јас што го гледав, две коли пробуваат да се приклучат на лентата, едата кола поминува доаѓаат овие од ICE она се гледа од колата со рака како им покажува да поминат. Овие излагаат и почнуваат да викаат, она почнува да се враќа во рикверц, и потоа врти нагло на десно и дава гас и овој пука одма во шофершајбна и уште два пати од страна.

Ова со тоа како одеднаш она е лезбејка, либерал, антифа итн ... некако многу ми личи како некој да си смислува оправдувања зошто да застрелаш вдовица со мало дете за реално минорен проблем е политички отров и сега одма се гледа како да се уништи репутацијата на жртвата за одеднаш да стане "прифатливо" нејзиното убивање.

Американците во секој случај се комплетно пореметени како народ, и ова не го кажувам од аспект на носење на оружје и такви работи ( зошто мојот став е и за Македонија дека треба после служење војска секој да смее да си го земе оружјето со себе дома). Го зборам од психички аспект. Не сум видел толку многу исплашени луѓе. Они вечно се плашат и се припремаат за нешто на секоја инстанца. Живеат уџум и возат по еден сааат до работа секој ден, дека се плашат од црнците во градовите, возат камиони и огромни џипови дека се плашат што ако има судар и јас сум во малата кола. Џандарите активно ги тренираат да бидат исплашени од се и да реагираат на се максимално агресивно. Видете ги само во последново видео на што личат.

И секој пат кога ќе има некоја ваква трагедија посебно каде што ете некој ќе покаже авторитет и колку му е голем курот, буквално ги гледаш како мислам за првпат се чувствуваат живи. Го чекаат само моментот кога некој од позиција на сила ќе згази некој мал, и они ќе се почуствуваат живи во тој момент. Они не се ниту против војна или против убивање. Они се против војна само зошто ете "не им даваат" доволно да убијат, апсолутни психопати како и Израелците.

Нас како народ ни е проблемот дека сме апатични и индиферентни за скоро се, они ги гледаш во вакви моменти дека се активно злобни. Во Македонија да се случеше ова, ќе имаше милион реакции, ама макар каква и да била, кај сите првото мислење ( освен кај комплетните дијаболи како Рон) ќе беше "Не мораше да ја убие за ова". Ама рон и таквите пациенти се како % статистичка грешка. Во Америка % на луѓе кои пишуваат "Lock and load" e огромен дел од популацијата.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom