Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа реков последната жена во некоја форма, бидејќи со месеци е сама во празен град, дека нејзиниот pov го следиме и како таа се носи со инвазијата. И не мислам дека Епл се бог и батина, туку дека извадија доста сајфаи кои изгледаат добро и не ефтино до степен да само изгледот е доволен за имерзија, а не дека се серии за памтење и ако го направат ова за основата која ја постави Pluribus може да излезе нешто доста добро. Еве исти пример, паралелно ја гледам Stranger Things и да не изгледаше како што изгледа најверојатно немаше да ја гледам. Доволно ми е имерзивна поради продукцијата. Severance сум на првата сезона инаку, ме мава голема депресија од флуросцентните сијалици и ми ја убива последната трошка сила да се разбудам за на работа следниот ден.
Сеедно, ја и ти никогаш не сме се нашле ни на пола пат за ниеден друг забавен медиум :coffee:
 
Не верувам дека ќе отиде во таква насока, мислам дека ќе продолжи исто како првава сезона. Нема да ме изненади цела втора сезона да е
како Керол и Манусос експериментираат со различни работи за да најдат решение и буквално последната сцена од сезоната да е како успеваат првиот човек да го одделат од другиве.

Мене ми беше одлична првава сезона. Брзо се знаеше дека нема да е некоја серија во која дејството ќе се движи брзо и цело време ќе се случуваат јаки пресврти, па уживав во спорото градење на карактери, феноменални кадри, епизоди без многу дијалог. Задоволен ќе бидам со повеќе од истото во втората сезона.
Апсолутно, нема шанса тоа да се случи во следната сезона, најмногу што би добиле за финале е некој скок до Кеплер или до некоја планета кои ние ќе ја инфицираме со нашата нова голема антена, како тизер, и тоа би било тоа, ако и воопшто. Зборам од аспект на целата замисла од некои 5-6 сезони. Тоа би сакал јас да видам до крај. Нешто што очекував од 3 Body, на пример. Но таму очекувањата ми беа други поради што го имав читано изворниот материјал.

Сеедно, ја и ти никогаш не сме се нашле ни на пола пат за ниеден друг забавен медиум :coffee:
Хаха, точно, poles apart секогаш. :love:
 


Бидејќи не најдов тема за оваа серија, видеото ќе го постирам тука. Malcolm in the Middle прават reunion после 19 години. Освен ликот на Дуи, за кој е најден заменски актер, сите други се од оригиналиот каст. Интересно ќе биде да се види колку остареле и дали Рис е истиот идиот или малку се сменил. :D
 
Во Вестворлд, не ми е јасно како функционира паркот. Некоја виртуелна реалност е, или физички постои и е населен со тие аи дроиди роботи или што и да се.
 
Во Вестворлд, не ми е јасно како функционира паркот. Некоја виртуелна реалност е, или физички постои и е населен со тие дроидите?
Паркот е вистински и дроидите се вистински, дроидите имаат своја приказна напишана во програмата, а откако гостите ќе ги убијат, ги рестартираат и ги враќаат пак назад.
 
Паркот е вистински и дроидите се вистински, дроидите имаат своја приказна напишана во програмата, а откако гостите ќе ги убијат, ги рестартираат и ги враќаат пак назад.

Не сакав да гуглам да не налетам на некој спојлер, затоа прашав.

Не сум фан на жанрот драма и ми пречат некои долги монолози, али тематиката е интересна, глумците извонредни.

До 4 епизода сум сега за сега супер.
 
Не сакав да гуглам да не налетам на некој спојлер, затоа прашав.

Не сум фан на жанрот драма и ми пречат некои долги монолози, али тематиката е интересна, глумците извонредни.

До 4 епизода сум сега за сега супер.
Според мене добра серија од почеток до крај. Јас па не сум фан на вестерн жанрот, а сепак многу ми се допаѓаше иако подоцна многумина од тука ја отпишаа.
 
Не сакав да гуглам да не налетам на некој спојлер, затоа прашав.

Не сум фан на жанрот драма и ми пречат некои долги монолози, али тематиката е интересна, глумците извонредни.

До 4 епизода сум сега за сега супер.
Прва сезона се споредува со првата сезона на True Detective по квалитет тука.
Нажалост, како што кажа Злате, ја следеше истата судбина со следните сезони.
И мене лично ми се допадна до крај.
 
Објавен првиот тизер за единствената турска серија што не само што ќе ја гледам, туку едвај ја чекам!


Адаптација на „Музеј на невиноста“ на Орхан Памук, во продукција на Нетфликс. Романот заради кој првиот пат појдов во Истанбул, зашто морав да ја дораскажам приказната за љубовта на Кемал и Фусун. Ping @џимеј
 
Ја почнав Cunk On Earth, овие што одговараат на прашањата се вистински експерти?
 
Стриктно бинџање ова, ќе чекам цела сезона.
Ве прочитав тука и моментално ја бинџам прва сезона... за луѓе кои не и дале шанса нека пробаат со The Pitt , лани завршив на итна служба и флешбек ми направи една сцена колку беше слично ..
 
Глобуси 2025, добитници на наградите во телевизиските категории:

1768239916192.png
1768239953395.png
1768239983843.png

Серии со повеќе номинации:

1768240030776.png

Серии со повеќе награди:

1768240061547.png
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom