На Бугарија не и требаат Македонците со бугарски пасоши за да ни прават проблеми во ЕУ. И да нема Македонци со бугарски пасоши ќе викаат дека ние сме бугари ама власта не ни дозволува да се декларираме како такви. Играта со пасошите е само една од многуте што можат да ги играат.
Секој што се чувствува како Македонец е Македонец. Ако стварно има 200к бугарски пасоши во МК, тоа е повеќе од 10% од Македонското население. Стварно ли сакаме да ги отуѓиме тие луѓе? Нели уствари треба да направиме нешто за да ги вратиме назад?
Можеме да се чукаме во гради со милион патриотски постови на темава, ама ништо од тоа нема да ни ги реши проблемите. Луѓето ќе продолжат да вадат бугарски пасоши ако тоа им го олеснува личниот пат до успехот. Тоа е човечка психологија што тешко се менува. Особено во општество со пореметени вредности како нашето.
Искрено, кога некој се отселил од државава и решил да создава семејство во некое друго општество, не е битно дали се пишал како бугар или не. Тој не допринесува за оваа држава и тоа е тоа.
Тоа за кое што ние треба да разговараме е како да го спречиме иселувањето на младите од оваа држава. А тоа може да се направи само со подобрување на условите за живот. За како тоа да го решиме имам едно контроверзно мислење ама да не бидам офтопик