Кое е твоето контроверзно мислење? (ТЕМА 8 - @Darling : Порнографијата треба да се забрани)

Дали порнографијата треба да се забрани?


  • Вкупно гласачи
    59
  • Гласањето ќе се затвори: .
Не поединечно, колективно да не снема од планетава.
Што убаво би било :D .
Бујна вегетација насекаде, чисти води, птици, копнени, водни животни си живеат во хармонија со природата. Бесценето.
да напишам нешто :D
 
Знаев дека ќе има плодна дискусија.

Темава е пред се преиспитувачка. Јасно е дека човекот на оваа планета пречесто се однесува како инвазивен вид. Насилството постојано се повторува, а војната и денес е реалност на многу луѓе. Многу човечки откритија и идеи, како што се технологијата, парите, религијата и политиката, со тек на време станале алатки за доминација и контрола.

On the other hand, не смееме да го игнорираме фактот дека човекот е единственото суштество кое има морална свест и способност да се самокритикува. Покрај сета штета, постојат и бројни примери на солидарност, пожртвуваност и хуманост, кои не би смеело да се игнорираат зошто ни го прават секојдневието поубаво и се наша главна водилка во животот.

Затоа сметам дека проблемот не е самото постоење на човештвото, туку начинот на кој човекот избира да живее и да ги користи своите можности.
 
О не. Не слажем се. Ми се живее.
Абе на секого му се живее, замисли дека сме пред некој суд на галактичката федерација и треба да се одбраниме....кои аргументи ги имаме како човештво.
 
Види го @Dumbledore, се засекирал за крокодилите на Флорида :pos:

*Ио полека влегува во rage-mode.

Значи 100% disagree по многу основи и едно контра-контроверзно мислење: онаму каде што настапила човечка цивилизација значително е намален степенот на убивање/смртност на сите видови живот. Погледни ја мајка природа, горе-долу знаеме од гласот на Sir David Attenborough, што се случува секаде онаму каде што нема луѓе. Тоа е буквално темната страна, она олошот животните се јадат меѓусебно секој божји ден, и не ме интересира дали било од инстинкт или преживување, значи смртта царува секаде каде што не нема, и така било милиони години, така би било и со нас да не сме научиле како да се заштитиме, би биле доручек за ѕверовите. Ене го мачорот мој дома, ќе види гуштер на тераса, ќе го убие, ќе го донесе во дневна и игра фудбал со него. Не го јаде, само го убива, од ќејф. После сладок бил, срце бил, јас сум лош што му купувам храна а тоа кутрото саде добрини според жена ми, која не разбира дека чуваме психопат дома.

Да се вратам на темата, значи природен процес на планетава е живите организми да се јадат едни со други, ние не сме ништо полоши. Имаме краток фитил, знаеме да убиеме по неколку милиони и после 50-60 години да просераваме на форумов дека не се десило, знаеме да нанесеме зло, да уништиме тревна површина и шуми, да загадиме океани со пластика, да се труеме самите себе со загаден воздух и така натаму. Но исто така, знаеме за добрина, за помагање, за емпатија, за љубов, за хумор... ние сме сепак начин универзумот да се спознае себе си, замисли каква трагедија еден вака голем универзум, а празен, само животни кои не можат да му се восхитуваат и кои се сведени на прехрана и репродукција. Диносаурусите постоеле милиони и милиони години, и ништо не можеле да процесираат, ние сме уникатна, или ретка врста, мајмуни кои научиле да летаат и да прават фантастички алатки како овие на кои што пишуваме сега.

За земјата не се секирај многу, еден ден секако ќе не нема, земјата ќе се опорави, па сонцето ќе ја спржи и нема да остане камен на камен.

Во меѓувреме, да уживаме во тоа што ни е дадено, ова искуство што го викаме живот, оваа свест кој сме ја развиле... ние сме го заслужиле ова место, па и да валкаме и да кршиме малку по дома, сепак ние сме тие кои сме се искачиле на врвот на пирамидата и наше е да правиме што ќе правиме.

Без нас, кучињата немаше да постојат, кравите и кокошките одамна ќе беа изедени, многу предатори ќе изумреа од глад, но оние што ќе останеа пак ќе се јадеа меѓусебе. Да, ќе беше позелено и поубаво, но немаше да има кој да го цени тоа.

(сори мора да сум бич)
Ајде бе, доста се фолираш, те проваливме веќе.
 
Се слагам.
Memento mori. Никој не знае како ќе му тече животот, ама на сите ни е пишано еден ден да нѐ снема.
И што треба да правиме, да чекаме да дојде судниот ден?

Пишано ни е да, ама нема ли да ни биде досадно да чекаме само да дојде судниот ден?

Memento mori, треба да ни биде потстник да живееме посовесно, а не само да чекаме да дојде крајот.
 
И што треба да правиме, да чекаме да дојде судниот ден?

Пишано ни е да, ама нема ли да ни биде досадно да чекаме само да дојде судниот ден?

Memento mori, треба да ни биде потстник да живееме посовесно, а не само да чекаме да дојде крајот.
Ја не сум морнинг човек.
Уште сум на прво кафе затоа ви сецкам реченици.
Извинете.

Ај поцелосно.
не се слагам дека треба да нѐ снема, не знам како ќе опстојува планетава, и на што ќе личи. Ќе се вратат болештии. Не дека сме ние цвеќиња. Ама од нив и од животните сме далеку попаметни.
До моментот на смрт треба да се живее.
Ја до факс имав една друга премиса, живеј го секој ден како да е последен. Ама мене ќе ме кошташе јетра и бели дробови за малце тоа темпо. Треба да со усул живеење, пошто пак ќе кажам, пишано ни е на сите. А баш не се знае кога и кај. Затоа сум велела секој ден живеј го како да ти е последен.
Може после ќе ме здрви кола, ова ќе ми е последно мислење, а да не знаеме.
Живејте.
Утре со усул.
 
Ние сме у магичен круг, на некого сме миленици...тоа ствара психолошка траума и кај нас па ние зимаме да чуваме миленици по дома и така. Имаше неколку случаи на alien abductions...не ги спомнувам у смисла дали е стварно или е лага. Ќе го спомнам ова чисто како тема на размислување, без разлика дали е или не е стварно, наводно аргументот од страна на тие кои вршеле експерименти на луѓето бил дека јадеме месо, не сме хумани и вршиме експерименти на животни....заслужуваме и на нас исто да ни се прави.
@Dumbledore што правиме со целиот процес на одгледување на животни у услови какви што се за да задоволиме допамински потреби на мозокот...дали убивање на животни у таа насока не е исто причина да не снема?
 
Последно уредено:
Се слагам.
Memento mori. Никој не знае како ќе му тече животот, ама на сите ни е пишано еден ден да нѐ снема.
Не еден ден. Денес, наеднаш, сите да умреме.
Автоматски споено мислење:

Ене го мачорот мој дома, ќе види гуштер на тераса, ќе го убие, ќе го донесе во дневна и игра фудбал со него. Не го јаде, само го убива, од ќејф. После сладок бил, срце бил, јас сум лош што му купувам храна а тоа кутрото саде добрини според жена ми, која не разбира дека чуваме психопат дома.
:pos:
 
@Dumbledore што правиме со целиот процес на одгледување на животни у слови какви што се за да задоволиме допамински потреби на мозокот...дали убивање на животни у таа насока не е исто причина да не снема?
Апсолутно!
 
Кое човештво?

(да не ми доеш пак со кафето, тоа е одговорот на прашањето во однос на дадената тема)
Ok Dambi aj pak... se sho napisha ima nekakva prakticna vrednost samo ako se cepne sushtinata nakaj kade treba da tera coveshtvoto, vo kakva nova forma? Dali imash kol tu ekshn vaka kako novopecen dushebriznik za planetata, dali kje stanuvash vegan od eticki pricini ako vekje ne si?
 
Абе на секого му се живее, замисли дека сме пред некој суд на галактичката федерација и треба да се одбраниме....кои аргументи ги имаме како човештво.
Интелигентни сме, креативни, иновативни, солидарни, пожртвувани, хумани, имаме потенцијал да учиме од грешките. Не сме сите лоши. Слатки сме.
 
Интелигентни сме, креативни, иновативни, солидарни, пожртвувани, хумани, имаме потенцијал да учиме од грешките. Не сме сите лоши. Слатки сме.
Слатки сме, ама исто и прасињата ни се слатки кога ги гледаме пред колење. Прашање е дали сите убави работи кај нас не се под сенка на лицемерноста?
 
Слатки сме
Јас никако не можам да ги разберам луѓето што имаат аквариум дома. ?
Затворени рибчиња да ми прават задоволство ?
Или папагал во кафез.
Никогаш не можам да си објаснам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom