Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Како не биле блиску до голот, кога имаа 5 корнери во низа меѓу 50та и 55та минута? Па измените дојдоа после тоа.

Еве јас нека сум криво дрво, кажи ти што требаше да направи Аморим и како требаше да се движи текот на мечот? Да те потсетам дека Вила ни даде 2 гола од 2 шута, Борнмут ни плесна 4 гола на ОТ пред тоа. Очигледно поучен од искуството од претходните утакмици, каде бевме подобар тим, а освоиме 1 поен место 6, Аморим реши, кога веќе има водство тука, да "ризикува" и да фрли се на дефанзива, со цел да освоиме 3 поени. Седни изгледај го второто полувреме уште еднаш, ќе водиш дека ситуацијата на терен беше иста и пред измените и дека едноставно бевме послабиот тим.

Ама (индиректно) кажав и некни пред мечот со Вила - во фан клубов само плачковци во последно време. Ако тепаме, играта не ја бивало, кога играме и губиме играта не е битна. Буквално во се се гледа само негативното и сами си правиме таква умрена атмосвера околу клубот.

Дај бидете малку позитивни и почнете реално да ги гледате работите. Лани завршиме 16ти, сега сме во игра за ЛШ.. што треба повеќе не ми е јасно, шампиони ли мислевте дека ќе бидеме?
Се нервирам коа треба да се објаснувам, ама "криво дрво" илустративно го кажав и повеќе мислев на Данте, ирелевантно мој впечаток е дека мења мислења.
Имам многу прашања ама да почнам од некаде,Прво полувреме игравме четворка назад и изгледаа стабилно, второ иако ја имаа топката беа на безбедна дистанца и кружеа само на 30 метри, е сега кога Аморим реши да смени позади и тоа гледај меѓу другото Шо го вади кој што два месеци игра по 90 минути, тие не само што почнаа да креираат туку на неколку пати и многу јаки шанси направија и пак ќе кажам да беше друг тим да не речам Борнмут ќе не заколеа. Очигледно и играчите сакаат четворка назад, плус дали ти виде од70 минута натака со сите напикани у 16 како се гушеа, тие незнаат да играат одбрана и ќе видите само недај боже пак вака да се коцка Аморим, тоа ќе биде шоу, па ако сака сите младинци да бидат, ако некој сака да биде позитивен тоа сум јас ама за жал мислам дека ќе се залажувам само по онаква игра ко вчера.
 
Сеуште стојам на подршка на менаџерот пред играчите, но незначи дека не треба да се критикува. Прифаќам критики како Видук и МанУтдЧемпионс со специфично посочување на проблемот со факти и статистика, али пљукањето менаџерот заради формацијата е глупост. У 90 минути 3 формации мењаме у игра, не е оваа фифа и фудбал менаџер па што ставиш формација фиксно ти стојат така, побитен е системот.
 
Никој од повредените не се враќа, Маунт е наизвесен.

Коби ќе почне со тренинзи неделава, а можно е и Бруно да се врати порано од предвиденото.

Единствено за Де Лигт е загрижувачки. Прво кажаа еден меч, па еве цел месец ќе излезе. А таман фати убава форма сезонава..
 
Прејако искуство и атмосфера, посебно после голот. Кој не бил препорачувам барем еднаш на ОТ да појди.

За играта кажано е погоре нема што да се коментира, би додал само дека Шешко ми изгледа како воопшто да не сака да е тука и можно е уште на лето да си замини, буквално се влечеше по терен освен тој еден пат кога проба да ја земи од голманот.

Немав многу среќа што голем дел од првотимците не играа заради повреди или афкон, ама здравје следен пат, сепак атмосферата и пред наторевар и за време на натпреварот беше на врвно ниво.

Прегледај го приврзокот 464910
Кажи малку детали, на пример колку летот, каде се смести, како обезбеди карта итн...
 
Кажи малку детали, на пример колку летот, каде се смести, како обезбеди карта итн...
Пиши ми и мене ПП, ако сакаш ќе ти објаснам подетално. Бев на Олд Трафорд против Евертон
 
Пиши ми и мене ПП, ако сакаш ќе ти објаснам подетално. Бев на Олд Трафорд против Евертон
слободно пиши ми каде најде карти за на утакмицата. Не ми треба инфо за авион или сместување, не летам од Скопје имам голем избор на летови.
 
Кажи малку детали, на пример колку летот, каде се смести, како обезбеди карта итн...

Виза
Предуслов за влез во Англија е да имаш виза, се добива со пополнување на форма кон агенција во Скопје и ти го земаат пасошот на 2-3 недели и ти го враќаат со виза. Ова не кошташе од прилика 250 евра по човек.

Пат до Манчестер и назад
Летови до Манчестер директни нема, јас гледањето фудбал го искомбинирав со трип до Лондон. Летав од Тирана до Лондон, па после неколку дена со автобус до Манчестер. За враќање исто со автобус од Манчестер до Лондон Лутон Аирпорт, па назад до Тирана. Има и летови од Скопје до Лондон ама термините се полоши, на пример леташ за Лондон вечерта и денот ти е изгубен (барем јас така гледам :)). Летовите се доста евтини, околу 1500, 2000 денари во правец, ама со 20кг багаж вкупно ме фати 15000 денари за во двата правци.
За од Лондон до Манчестер можно е подобра опција да е воз, не разгледав многу, ама пошто јас патував на Boxing Day возови скоро и да немаше или беа со некое прекачување што е на некоја трета локација, а автобусите беа директни. Автобусот ме фати околу 50 фунти по човек во правец, знаци вкупно 100 фунти за тоа. Бидеќи утакмицата со Newcastle беше првично закажана за во сабота а после ја преместија за петок, изгубив околу 30тина бидејќи првично букираниот автобус не одговараше на новиот термин и морав да рефундирам колку што можев, така што добро е да имаш и малку флексибилност кога букираш.
Во Манчестер лесно е за стигнување до ОТ, има трам линии што на Google maps ќе ги најдеш или било кој да прашаш ќе ти каже со кој.

Карти за натпреварот
Искрено не знаев каде да барам карти, после кратко истражување мислам дека на официјалната се најевтини ама брзо се продаваат, и голем дел од тие се купуваат со цел да се препродатат. Јас ги купив на livefootballtickets по 250 евра карта, со тоа што барав седиштата да се од страните а не зад гол, да не бидат во ќошовите, да не бидат најдолу или најгоре, и бидејќи бевме двајца барав и seated together. Ако си побрз и ако имаш помалку услови од мене можеш да поминеш доста поевтино, можеби по 100 евра по тикет. Бев во секција N3406 што е ко што гледаш горе на сликата ама следен пат би одбрал еден или два блока подолу.

Смештај
Booking, јас избегнувам Airbnb или изнајмување куќи / станови од станари, како и делење соби, така што секогаш земам хотел или мотел. Бев во Motel One во Манчестер, за 2 вечери околу 100 евра по лице.
Booking confirmation бараат и во апликација за виза, така што посигурно е да букираш нешто со free cancellation.

Груба пресметка би дошло кај мене околу 1000 евра потрошени за таа намена, ама кога би одел посебно само за Манчестер да гледам има неколку места каде што би можел да скратам трошоци, пример нема да ми треба толку багаж, ќе одберам однапред кој натпревар сакам да го гледам и ќе купам карти доста порано, и ваљда зависи од барањана на секој лично за смештај, позиција на седиште на натпреварот...

Ова е вака од прва што ми текна како информации што јас ги истражував, ако било кој го интересира нешто пишете ми и директно слободно.
Автоматски споено мислење:

слободно пиши ми каде најде карти за на утакмицата. Не ми треба инфо за авион или сместување, не летам од Скопје имам голем избор на летови.

Имаше и луѓе пред стадион што продаваа карти :D

Инаку прво на официјалната, па после на страни како seatpick или livefootballtickets. Не знам дали има и други алтернативи...
 
Се враќа некој од повредените, Маунт, Бруно, Мејно? Ми мириса на истиот состав од некни, Флечер место Маунт ма да ја би Зиркзе, овие се утепани акни им 2 шпица и онака ќе играме со 2 дм.
 
Се враќа некој од повредените, Маунт, Бруно, Мејно? Ми мириса на истиот состав од некни, Флечер место Маунт ма да ја би Зиркзе, овие се утепани акни им 2 шпица и онака ќе играме со 2 дм.
Мејно е спремен изгледа Бруно на крајот од месецот Маунт изгледа не е спремен. Зиркзе е со главата у Рим, уште претходниот се гледа дека не му се замара нека служи само за ротација.
 
Добро, од што се повреди овој Маунт сега? Каква смешка од играч
 
Добро, од што се повреди овој Маунт сега? Каква смешка од играч
Зашто вакво прашање колку натпревари има изиграни. :D
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:
Нашиве си мислиш играт со Реал па неможат два паса да додадат меѓу себе . Ептен сме утепани , и не не ми играјте на картата иммаме повредени .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom